Тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен Крст се ангажирани за безбедност на капачите и посетителите на сите охридски плажи кои Општина Охрид ги уреди за слободно за користење.
Почнувајќи од 13 јули тимовите на спасители секојдневно, во периодот од 11 до 19 часот вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на плажите во:
”Горица 3″,
”Свети Стефан”,
”Лагадин”,
”Елешец”, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Општина Охрид и Црвен Крст апелираат до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.
