Група од млади малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите се спротиставиле и судриле со полицијата, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.
Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.
По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.
Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.