Царинската управа вчера отворила истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. По фотографиите кои се појавија во медиумите на кои се гледа дека Трајковски е со Груевски Цринската управа го испитува неговото отсуство од работа. Засега од Царинската управа само потврдија дека тој користи боледување од 5 декември.
„Од царинскиот службеник побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување“, се вели во дописот од Царинската управа
Истрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор.
За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, царинсата управа дополнително ќе информира.
Членот 81 гласи дека „Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, особено ако не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот или незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.
Вчера царинскиот службеник обвинет за случајот „Насилство во Општина Центар“ изјави дека заминал во Унгарија за да оди на клиника, поради проблеми со синусите и белите дробови, а не за да го посети бегалецот Груевски.