Собраниската комисија за прашања за изборите и именувањата ја тргна од дневен ред точката за именување на членови на Државната комисија за спречување на корупција. Иако оваа точка беше предвидена за прва на денешната расправа, пратениците на владејачкото мнозинство побараа точката да се тргне од дневен ред.
„Бараме оваа точка да се тргне од дневниот ред и по донесувањето на новиот закон да се изберат по нови критериуми“, рече Ивана Туфегџиќ, независен пратеник во коалиција со СДСМ.
На ваквиот предлог се спротивставија од ВМРО-ДПМНЕ, но точката беше тргната од дневниот ред.
„Не мислам дека ќе се создадат услови пред распишување на претседателските избори кои се очекува да се распишат во февруари месец да биде избрана антикорупциска комисија, па макар и по новиот закон“, реагираше Илија Димовски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.