Актуелно

Боки 13: Јас го направив Богоев градоначалник, а пари од бизнисмен му се дадени нему!

Бојан Јовановски-Боки 13 на последното рочиште за „Меѓународен сојуз“ пред изрекување на пресуда, јавно кажа дека тој го направил Стефан Богоев градоначалник на Карпош. Потенцираше и дека пари од бизнисменот Ардијан Амзовски кадени во кеш завршиле кај него.

„Точно е дека Ардијан Амзовски дал 350.000 евра во готовина и дека имал потпишано договори. Под целосна одговорност тврдам дека Христина, мојот татко Миле, биле присутни, давале пари. Не знаела ни Јасна Ерцеговиќ за тие 350.000 денари, туку знаеле политичари. Парите се дадени на лидер на партија Зоран Заев, генерален секретар на партија Александар Кирацоски и градоначалник Стефан Богоев. Мене ме злоупотребил Зоран Заев, а не јас него“, кажа Јовановски.

Тој додаде дека Богоев бил еден од функционирате кој му помагал за да се обезбеди државно земјиште во Карпош за да се гради старечки дом.

„Обвинителството тврдеше дека јас сум знаел дека нема да има земјиште, па сум ги држел во заблуда бизнисмените. А Обвинителството изведе доказ, скриншот комуникација во кој се вели од моја страна: ‘итно ние мора да прецизираме дефинитивна локација или да се откажам од договорот и да пропадне сѐ’. Стефан Богоев бил информиран и знаел и повторно го поврзувам со 350.000 евра. Дека знаел зборува и фактот дека јас Ардијан Амзоски не го криев тајно, не му дадов забрана да комуницира со луѓе, па комуницирал и со Богоев, јас сум го испратил. Зарем на таа средба не можел Амзоски да го праша Богоев до каде е проектот? И го прашал“, додаде обвинетиот.

На почеток