Актуелно

Жителите на Луганск повикани да се евакуираат: „Следната недела може да биде тешка, ова може е последна шанса да ве спасиме“

Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани веднаш да се евакуираат.

„Следната недела може да биде тешка. Ова може да биде последна шанса да ве спасиме“, рече шефот на регионалната управа на Луганск, Сергеј Гаидаи, цитиран од Би-Би-Си.

Во фокусот на руските сили е окупацијата на Луганск и Доњецк, кои се дел од регионот Донбас во источна Украина, област богата со јаглен во која се произведува и челик, се наведува во извештајот на украинската новинска агенција УНИАН.

Непосредно пред почетокот на војната во Украина, официјална Москва ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) во областа Домбас во источна Украина.

На почеток