Актуелно

Тешка е состојбата во Столац, дождот прави проблеми

Како последица на земјотресот што вечерва ја потресе Босна и Херцеговина, три лица се повредени во Столац, потврдија за „Аваз“ од Цивилната заштита.

„Овде имаме два здравствени домови. Од едниот е пренесено повредено лице во болницата „Јужен камп“, а од другиот здравствен дом се пренесени две повредени особи. Вкупно се регисрирани, засега, три повредени“, кажале од Цивина заштита на БиХ за порталот.

Од болницата „Д-р Сафет Мујиќ“ ни потврдија дека девојчето Е.С.(1994), кое во тешка состојба било донесено од Столац, за жал починало.

Несреќата наводно се случила кога карпа паднала врз семејната куќа.

Во Столац силен дожд во моментов уште повеќе ја отежнува ситуацијата. Во моментов на терен се екипи на комуналните служби, пожарникари и цивилна заштита. Подготвени се, велат, да им помогнат на сите што ќе се јават и да обезбедат сместување и засолниште во случај на потреба.

На почеток