Вооружен маж уапсен во САД: „Сакаше да го убие Врховниот судски систем“
Вооружен маж од Калифорнија е уапсен недалеку од куќата на помошниот судија на Врховниот суд на САД, Брет Кавано.
Неименуван маж, кој има околу 20 години, рекол дека „сака да го убие врховното судство“. Во негова близина е пронајдено најмалку едно оружје, како и алат за кршење.
Полицијата добила пријава за сомнителен маж, но засега не се знае кој го пријавил случајот.
Напаѓачот наводно не успеал да упадне во куќата на судијата.
Извори од истрагата наведуваат дека првите докази укажуваат дека осомничениот бил лут затоа што протече предлог мислење на Врховниот суд што сигнализира дека судот се подготвува да ја поништи одлуката со која се гарантира уставното право на абортус.
Мажот бил вооружен и упатувал неколку закани кон судијата“, соопшти полицијата.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ги осуди постапките на човекот кој рече дека планира да го убие судијата на Врховниот суд Брет Кавано, соопшти денеска Белата куќа.
„Претседателот Бајден силно ги осудува постапките на оваа личност. Какви било закани за насилство или обиди за заплашување на луѓето од судството немаат место во нашето општество“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер, пренесува Ројтерс.