Актуелно

(ВИДЕО) Маричиќ: И натаму ќе можат да не блокираат при пристапувањето во ЕУ

Вицепремиерот Бојан Маричиќ смета дека во ЕУ, секоја земја членка може да не блокира, ако реши. Но според него, пишаните документи се гарнација дека Бугарија не може да стави ново вето, ако Македонија ги исполни своите обврски.

„Во оваа фаза ги разгледуваме документите во пакет. Откако ќе ги разгледаме и доколку се согласиме на пакетот, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури. Она што е важно е дека до првата меѓувладина конференција, во форма во која ние ќе одредиме, Владата да ја прифати преговарачката рамка и да почнат преговорите. Потоа ќе биде свикана првата меѓувладина конференција за преговарачката рамка. Во рамките на овој документ не е ставен протоколот, што значи е исполнето нашето барање да ги нема историските прашања“, кажа Маричиќ.

За евентуално блокирање и дали по ова може некој да нѐ блокира, Маричиќ додаде: „Во нашата рамка при првиот предлог во 2020 година кога не беше усвоен, беа договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле во нашето Собрание ќе го исполниме. Другите прашања ќе ги решаваме со Бугарија. А секако дека било која членка, доколку одлучи, може да блокира. Но ние имаме гаранција дека на хартија ги имаме сите наредни чекори. Тоа ни е гаранција дека Бугарија не може да повикува на вето, доколку си ги исполнуваме обврските. Се што е во преговарачката рамка е во најголем дел нешто што е вообичаено“.

На почеток