Актуелно

„За СДС беше јасно, а опозицијата племе од Африка ли застапуваше во парламентот? Бојкот за мене значи дека се предаваш“, вели бизнисмен за Собранието

„За СДС беше јасно како ќе прават. Без памет и подводливи од меѓународната, која претходно е добро обработена од Бугарија. На протести одев самостојно (непартиски) и гледав да се дистанцирам од В/Д. Оваа партија не се огради и не се извини за дејанијата од нивното претходно раководство и тоа е погубно за партијата. Нивните шанси за власт во такви услови се речиси никакви. Освен Груевски, пак гледаме исти ликови од минатото. Па сите овие ликови заедно не можат да се мерат со знаењето, лидерството и енергијата на Груевски“, вели визнисменот Венко Глигоров.

Неговиот статус во целост:

„За друго сакам да пишам. Не можам да го сокријам разочарувањето од оваа партија во последните денови, а посебно на Седницата во Собранието. Имаа аргументи, народот беше во линија со нивните стравови и барања. И според мене, се посрамотија.

Наместо да ги остават пратениците од власта да влезат уште подлабоко во калта, да не кажам лајната, да ги остават да зборат, овие правеа галама, па вувузели, свирки и други инструменти. Доволно беше само да се галами на говорот на Премиерот. Па племе од Африка ли застапувате во парламентот бе? На улица ли сте? Несфатливо.
Пратениците од опозицијата имаа убави поенти во своите говори, убаво издвоени сомнежи и ризици, Дафина и Николовски беа одлични. И што се деси? Наместо да придобијат нови пратеници, тие го нападнаа Трајанов од владејачкото мнозинство. Со АА ја растурија коалицијата. И најважното: наместо да гласаат Против, тие излегоа од салата и не гласаа!!!??? Дупло несфатливо.

Да трубиш #НЕ секој ден и кога ќе треба да гласаш, да ‘избегаш’ – јас тоа не го поддржувам. Можеби имаат партиски пресметки што јас не ги знам, ама такво нешто не поддржувам и не мислам дека треба да биде одлика на модерна партија што се стреми кон европеизација. Бојкот за мене е кукавичлук. Бојкот за мене значи дека се предаваш. Ќе остане резултатот дека речиси максимален број на пратеници гласале потврдно, а другите ‘не стигнале да гласаат заради снегот’.

И сега, кој е планот? Не треба да имате нотарски изјави за пратениците, о вие челници на партијата. Со тоа не не’ правите да бидеме посмирени. Напротив. Треба да имате здрава мисла, храбро да се борите со глас во собранието и пишани зборови. Да лобирате кај вашите сестрински партии, а не да ќутите и да климате со глава. Постојано да барате поддршка поединечно кај другите пратеници од партиите. Да признаете јавно дека криминално сте ја воделе државата во претходниот мандат.

Мислев(ме) дека нотарски изјави и уцени беа дел од минатото на оваа партија. Ништо нема да одбраните со ваквите чекори, а и власт тешко да освоите така. Ако пратениците ви се поткупливи, ќе си гласаат За промени во Уставот и слободно ќе си излезат од Собранието (веројатно со многу други поголеми и поатрактивни бенефити).

Борбата продолжува. СДС не ја доби битката. Бугарија ја доби оваа битка. Не смееме да попуштиме. Ќе се бориме кој како знае и умее додека ја отстраниме опасноста за Македонија. Европеизација #ДА, бугаризација #НЕ“.

На почеток