Магазин

Whats app тестира нова опција која ќе ја блокира можноста за снимање на екранот

Популарната апликација за пораки Whats app тестира нова опција која ќе ја блокира можноста за снимање на екранот.

Апликацијата доби интересна нова опција во својата најнова бета верзија, која барем засега работи само на iOS, пишува WaBetaInfo.

Откако ќе се обидат да го снима екранот со порака за која е вклучена опцијата “View Once” (се брише откако ќе се прочита), корисниците ќе добијат заматена слика што спречува содржината да се архивира, додавајќи дополнителен слој на заштита.

Доаѓањето на оваа опција, како и сето она што го гледаме во бета верзијата, не е загарантирано, иако има големи шанси всушност да ја видиме – особено откако Марк Цукерберг лично потврди дека Мета ќе работи на безбедносните опции во WhatsApp.

На почеток