Апасиев гневен


Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица, реагира на денешната одлука на Уставниот суд.
„Уставните судии, кои сами илегално – со подзаконски акт – си воведоа додатоци на плата, денес одлучија дека исто такво непостоечко “право” имаат и пратениците, кои иако земаат пари за гориво и амортизација, вон законот си вовеле и парички за “патарина”. Ете, тоа е исходот од КАЦАРСКА-СУДСТВОТО на Заев и Таче“, пишува Димитар Апасиев.
На денешната седница на Уставен суд се најде и иницијативата поднесена од „Левица“, со која се оспорува една од привилегиите на пратениците, односно дека наводно незаконски земале пари за патарини, и тоа во период од 15 години.
