Голема акција на шпанската полиција: Запленети 24 украдени возила вредни 2 милиони долари


Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 24 луксузни автомобили, меѓу кои и разни видови „кадилак“ и „порше“, кои биле украдени во САД и најверојатно биле на пат кон Африка, објави веб-страницата „Локална Шпанија“.
Вредноста на запленетите автомобили е 2,1 милион долари, а се вратени во САД.
Шпанската полициска единица додаде дека минатата година ги истражувала наводите дека луксузни возила украдени од Америка се шверцувале во јужниот град Алгесирас.
Возилата, вклучително и џипови, биле пронајдени во контејнери кои пристигнале минатиот месец, изјави портпаролот на полицијата.
Се сомнева дека автомобилите запленети во акцијата „Американска стока“ биле наменети за продажба во африканските земји.
