Матичното у Ѓорче, ѓоа штала, треба ли вработените да почнат да мукаат и млеко да даваат за зграда да им направит, вели Тасевски
Од
Објавено на
Матичното у Ѓорче, ѓоа штала, вели актерот Сашо Тасевски во својата објава на социјалните мрежи.
„Другар ми Децко од Ју Ес Еј, у шок паднал ко го пратиле овде да вади извод. И јас исто ко ми ја покажа сликава што он ја сликал.
За 30 години самостојност не успеавте едно зградиче да направите?
Џе су паре?
Срамота бе, Децко Американецот помислил таксистот згрешил и го донел пред сточара. После зошто не се враќаат назад тие шо ќе заминат. Зошто да се вратат? За да чекаат ред за факинг извод пред нешто што личи на штала?
Треба ли вработените во матичното да почнат да мукаат и млеко да даваат за зграда да им направите?“, се вели во објавата.