Свет

Реконструкција на масакрот во училиштето во Белград

Реконструкција на масакрот во училиштето во Белград


Се започнало утрово околу 8 часот и 30 минути кога Коста пристигнува во училиштето. Почнал да се расправа со чуварот, а потоа, кога тој се обидел да го смири, Коста почнал да го клоца, па извадил пиштол. Пукал во чуварот и продолжил да се движи, пишува „Пинк“.
Сретнал тројца другари во училишната сала. Ги убил и нив.
Потоа отишол во училницата каде имал историја. Пукал кон наставничката, ја ранил, а потоа учениците скокнале врз него во обид да го спречат неговото дивеење.
Таму убил уште петорица ученици. Но, не прекинал. Продолжил да пука, дури и кога паднал на подот.
На таванот останале три дупки од неговите куршуми испукани при падот.
Според последните официјални информации, во училиштето се убиени осум ученици, како и членот на обезбедувањето. Повредени се шест ученици, и една наставничка.

На почеток