Во центарот Охрид, на градскиот плоштад, чинарот, но и наоколу, се забележува глутница на кучиња скитници. Охриѓани велат дека во градот има повеќе кучиња отколку луѓе. За нив, ова е сериозен проблем за кој решение треба да најде локалната самоуправа.
„Можеби изгледаат безопасно, ама може да бидат сериозен проблем. Деца сами шетаат, им лаат. Ќе ги испокасаат. Никој не реагира, а тие само се множат“, вели еден од случајните минувачи.
Во Охрид, за жал, сеуште нема соодветен простор за згрижување на кучињата скитници.
