Три лица се појавија пред домот на убиената Вања на протест – локацијата обезбедувана и од полицијата
Две повозрасни лица и една жена дошле пред домот на убиената Вања Ѓорчевска за да го изразат револтот од грозоморниот чин на киднапирање и убиство. Тие не знаеле дека протестот е откажан, па се појавиле утринава во скопско Дебар маало.
На местото имаше десетина полициски службеници кои го обезбедуваа просторот, по најавите за протест. Пред зградата, дојдоа и десетина новинарски екипи.
Протестот беше најавен на почетокот од неделава, преку групата „Правда за Вања“. По лавина негативни коментари дека е непотребен, но и зошто би се протестирало пред домот на девојчето – тој беше откажан.
За попладнево е најавен и протест за поддршка на Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за организација и реализација на грабнувањето и убиството на Вања.