Македонијо засрами се, Скопје засрами се бидејќи не е во ред да нема никој на протестов, порача присутен граѓанин.
Нермина Кочан е една од тројцата граѓани кои дојдоа пред домот на убиената Вања Ѓорчевска утрово. Таа посочи дека е срамота што нема масовност на протестот, кој беше закажан, па откажан по притисок на јавните коментари во кои се велеше дека е непотребно собирањето пред зградата на мајката на Вања.
„На протестов кој беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за изразување на почит кон семејството, да речам кон мајката на Вања – бидејќи немала семејство, имала само еден родител.. Моментално сме само тројца луѓе. Македонијо засрами се. Скопје засрами се. Бидејќи не е во ред, да нема никој, сега кога треба да се даде на некого поддршка.
Протестот беше најавен на почетокот од неделава, преку групата „Правда за Вања“. По лавина негативни коментари дека е непотребен, но и зошто би се протестирало пред домот на девојчето – тој беше откажан.
За попладнево е најавен и протест за поддршка на Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за организација и реализација на грабнувањето и убиството на Вања.