Магазин

(Видео) Ледената Македонка се подготвува за експидиција – вчера влезе под ледот во Ротинското Езеро

Себеси се нарекува „ледена Македонка“ или „ледена кралица“, а сите ја познаваат како Бетика која влегува и во ладни води чија температура оди до -34 степени. Вчера, Бетика имала нов предизвик, односно подготовка за нова експидиција. Откако со моторна пила, нејзиниот татко го извади ледот во Ротинското Езеро, во националниот парк „Пелистер“, таа влезе во ледената вода.

„Утрово се спремав за претпоследните тренинзи пред експедицијата,татко ми го пиеше утринското кафенце и ме праша:
а да дојдам и јас можит? Потскокнав од радост, секако реков спремај се. П.с. Тато мразит ладно,посебно на стапалата. Секој си го спреми ранчето и тргнавме. Па се погоди и денот,денеска беше еден прекрасен сончев ден пополека се приближувавме до Ротинско езерце,се сместивме. Јас почнав со припреми, почна аклиматизацијата, почнав со дишење, ги замижав очите и влегов во мојот свет. А тато во позадина го пратеше секој мој чекор. Бликав од радости. Го осеќав неговото присувство и едвај чекав да се искапам. За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина.
Бевме само јас и мојот здив. Кога завршив со дишењето пополека ги отворам очите што да видам!!! Чаленце по шорц и маичка и волнени чорапи 🥹Царот веќе си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали моторката… Не можев да им верувам на очиве. Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот!“, вели Бетика во дел од објавата.

На почеток