Свет

Хамас: САД ставија зелено светло за Израел да убие уште Палестинци

Се огласи Хамас: Нашата визија е јасна

Палестинската милитантна група Хамас денеска ја осуди одлуката на САД, кои ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека израелската окупација има за цел „да ги убие и расели“ Палестинците.

„Претседателот Џо Бајден и неговата администрација имаат директна одговорност за неусвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа. Американската позиција се смета за зелено светло за окупаторот да изврши повеќе злосторства и да го убие нашиот невин народ преку бомбардирање и гладување“, се вели во соопштението на Хамас, според Ал Џезира.

Соединетите Држави денеска повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, третпат откако избија борби околу палестинската енклава на 7 октомври.

Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за предложената резолуција поднесена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана.

На почеток