Македонија

Таткото на Вања ќе остане во затворот во Шутка – ниту Апелација нема намера да го ослободи

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања – ќе остане во притвор. Ова е ставот на Апелација по вчерашната јавна седница, каде што беше посочено дека се прави уште една голема трагедија. Апелација само кратко вели дека жалбата за притворот е неоснована.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, вели второстепениот суд.

Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост. Додека чекал да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ не добил навремено покана од Апелација каде се одржуваше седница за укинување на притворот на Александар Ѓорчевски, таткото кој е осомничен во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ за „Скопје1“ кажа дека ова што му се случува е голема грешка.

„Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава“, кажа Туфегџиќ.

На почеток