Желба има, потписи слабо: Ниту еден претендент за на Водно не собра 10.000 за два дена
Бујар Османи собра најмногу потписи, а Томе Николоски не доби поддршка од никого. Ваква е состојбата два дена откако започна собирањето на потписи за кандидатурите за претседател. Османи има 5.405 потписи, а пак, втор налистата е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 3.613 потписи. Трета е Билјана Ванковска, кандидат на Левица. Стевчо Јакимовски има само 1974 потписи.
Според Државната изборна комисија, заклучно со вчерашниот ден, 14.360 граѓани биле да се потпишат за кандидатите. За кандидатура се потребни 10.000 потписи.
Тешко оди собирањетп потписи за Вело Марковски кој има само 249, Томе Николоски кој нема ниту еден, Господин Попоски кој има 10, Ѓорѓи Манасков кој има 59, Арбен Таравари кој има 246, Мерсиха Смаилковиќ која има 45, како и за Зорица Цветковска која има 1 потпис.
„Скопје1“ претходно пишуваше за тоа кои се кандидатите.