(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи, влегува во трката со Силјановска и Пендаровски
Бујар Османи собрал 10.000 потписи за претседателска кандидатура. Тој преку видео им се обрати на граѓаните и кажа дека поддршката ја добил во рекоредн период.
„Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и до моите најблиски“, кажа Османи.
Тој посочи дека ќе влезе со најголема сериозност во кандидатурата.
„Посакувам позитивна кампања и да се натпреваруваме со идеи и дела“, додаде тој.
Истовремено, до вчеравечер, според податоците од ДИК, Османи имаше близу 8.500 потписи. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.
За тоа колку потписи се собрани во текот на денешниот ден, ќе се знае утре изутрина.