Македонија

Таравари тврди дека е при крај: Официјалното собирање потписи го започнавме пред неколку часа и стигнавме до 8.000 потписи

Арбен Таравари кој со граѓански потписи се обидува да влезе во претседателска трка како претставник на албанската опозиција, посочува дека скоро ги собрал сите потребни потписи.

“Официјалното собирање потписи го започнавме пред неколку часа и стигнавме до 8.000 потписи+!

Тоа се потписи на слободата, без никакво наметнување, без никаквoналожување, туку се Вашата Чиста Волја! Собирањето потписи продолжува и утре. Ова е нов рекорд и показател дека со ВРЕДИ Промената Започнала! Ви благодарам од се срце!”, вели тој.

Претходно, Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура.

На почеток