Коментари

Наместо во Идризово, со измените на Кривичниот законик, многумина ќе станат министри, а Ковачевски премиер, коментира Хајредини

Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, ги коментираше составите на кандидатските листи за пратеници кои се очекуваат да бидат објавени наскоро. Според него, измените на Кривичниот законик со кој застарија дела за низа политички активисти и ексфункционери, ќе придонесат тие да се вратат или за првпат да се појават во политиката.

„Наместо поради долгогодишен криминал и корупција да се преместат во Идризово, со измените на Кривичниот Законик, ќе се наместат на кандидатските листи за пратеници и повторно ќе (о)станат министри, со Ковачевски премиер“, напиша Хајредини.

Во сите предмети ефектирани од измените се опфатени над 80 лица. Во најмалку 14 судски процеси познати во јавноста, каде што на обвинителна клупа седат поранешни функционери, ќе настапи или веќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата.

На почеток