Невремето Нелсон ја погоди Шпанија: Четири лица се удавија во морето, бранови високи 8 метри
Од
Објавено на
Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.
Две лица се удавија вчера во градот Тарагона на истокот на Шпанија и две во регионот Астурија на северот на земјата, објави Ел Паис.
Во Тарагона големи бранови предизвикани од силните ветрови зафатиле 32-годишен маж кој се обидел да спаси 16-годишник кој паднал во морето, а двајцата загинале.
Во регионот Астурија, британски турист и жена паднале во морето и се удавиле во бранови високи до осум метри.
Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час.