Скопје

(Видео) Стар кабел е можната причина за пожарот во Универзална, вели изведувачот; Почнало со дим, пожарот одма се проширил

Стар кабел или инсталација е можната причина за пожарот во Универзална сала, вели Лазар Арсовски, претставник на фирмата „Универзал балкан“ која е изведувач на салата. Тој посочи дека почнал дим, мајсторите пробале со противпожарен апарат да го изгаснат, а со оглед дека се иверици кои се суви – брзо горат. Во моментот на пожарот, во салата, немало работници.

„Многу писма до инвеститорите, многу молби, како да знаевме дека ќе се случи ова. Салата е изградена во 1963 година, имала рок од 20 години, постоела не знам колку – имаме среќа што целата инфраструктура од столчиња, сценска технологија е извадена надвор. Сега гореше старата конструкција, иверици, плочки, ѕидови.. Во глобала, моите инженери, немавме никаква работа на објектот. Беше само еден инженер, вон салата и двајца чувари. Немаше никакви интервенции“, рече Лазар Арсовски.

Тој рече дека за половина час, сам се изгаснал пожарот, оти немало што да гори.

„Да се надеваме дека новата конструкција нема проблеми. Слух до инвеститорите, без разлика кои се – оваа сала да се направи што побрзо. Се измачивме да го изведеме ова се. Се молиме новата конструкција да не претрпи големи промени“, додаде тој.

На прашање, дали има сомнеж за човечки фактор дека го предизвикал пожарот, тој рече: „Не можам да кажам, инженерите не виделе ништо. Имало ситни проблеми во овие три години – искра итн. Не можам ни да претпоставам“.

На почеток