Универзална е осигурана, жртви нема, рече министерката Костариновска-Стојчевска потенцирајќи дека е вознемирена


Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, кажа дека е вознемирена од пожарот во Универзална сала. Таа посочи дека пред 9 часот била информирана дека избил пожар, а бара институциите да имаат брза реакција и расчистување за причините за неговото избувнување.
„Најбрзо ќе се утврди колку чини штетата, пред да се продолжи со активности, ќе се утврди која е причината за штетата. Објектот е осигуран, што значи дека од осигурувањето ќе се санира штетата која е направена, па ќе се продолжи со градба“, рече министерката.
Додаде дека нема човечки жртви.
„Би сакала да заврши увидот и надзорот, за да се види вистинската причина за пожарот“, додаде таа.
Во однос на материјалите кои се користеле за градба, но и тврдењата дека истите биле лесно запаливи, рече дека не сака да коментира.
„Што имало, што изгоре, која е штетата, да кажат тие кои се стручни за тоа“, додаде Бисера Костадиновска Стојчевска
