Македонија

(Во живо) 🔴 Конституирање на нов парламентарен состав и избор на собраниски претседател

поред Деловникот, кој беше изгласан при крај на претходниот состав, седницата ќе трае најдолго три дена, а со неа до изборот на нов спикер ќе претседава највозрасниот пратеник. Тоа е 66 Мерита Колчи Коџаџику од коалицијата Вреди.

Од оваа коалиција доаѓа и кандидатот кој ќе биде предложен за спикер, Африм Гаши, досегашниот лидер на Алтернатива.

Од 120 пратеници, на седницата ќе присуствуваат само 118 чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда уште течат жалбените постапки.

Најбројна е пратеничката група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, потоа коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ до 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ исто така има 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ 14, а Левица и ЗНАМ имаат по шест.

На почеток