Свет

Русите тврдат: Украина испрати 10 беспилотни летала и 2 чамци без екипаж на наша територија, ги уништивме сите

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 10 украински беспилотни летала над териториите на неколку региони и два брода без екипаж, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во текот на ноќта руските противвоздушни системи спречиле обид на украинските сили да извршат напади со авиони од типот на беспилотни летала и чамци без екипаж над територијата на регионите Белгород, Брјанск и Москва, како и во правец на црноморското пристаниште Новоросијск, пренесува ТАСС.

Се прецизира дека се уништени пет беспилотни летала над територијата на Белгородската област, четири беспилотни летала се уништени над територијата на областа Брјанск, а едно беспилотно летало е уништено над територијата на Московската област, како и два поморски беспилотни летала кои се упатиле во правец на црноморското пристаниште Новоросијск.

На почеток