Свет

Израелската војска синоќа го нападна југот на Либан: Бомбардирана зградата која ја користел Хезболах

Израел прогласи четиричасовен прекин на огнот во централниот дел на Појасот Газа

Израелски воени авиони во текот на ноќта ги нападнаа позициите на Хезболах во јужен Либан, соопшти израелската војска.

Целите вклучувале зграда што ја користела терористичката група во Аитарун и инфраструктура во Блида, Јарун и Тир Харфа, се вели во соопштението на армијата, објави Тајмс оф Израел.

Израелската војска, исто така, со артилерија ги гранатирала областите во близина на Лабуне и Шихине за да ги „отстранат заканите“, се вели во соопштението.

На почеток