Свет

Јабланица: Спасувачките екипи трагаат по 10-15 лица и работат на отстранување на штетите

Шефот на секторот за односи со јавноста при Владата на ХНК, Дарко Јука, за „Фена“ потврди дека се уште се трага по 10-15 лица во Босна и Херцеговина односно Јабланица. Тој посочи дека е воспоставена патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.

– Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин – рече Јука, додавајќи дека заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, од кои повеќето се во Јабланица.

Апелираше и да не се оди самоиницијативно во погодените подрачја.

– Секој што сака да помогне на каков било начин, нека се обрати до Оперативните центри за цивилна заштита – додаде Јука.

Луѓето кои останаа без домови беа сместени во локалните хотели и во Домот за стари лица во Јабланица, додека мнозинството најде сместување кај пријатели и роднини во станови и семејни куќи во Јабланица и Коњица.

Според извештајот на Оперативниот центар за цивилна заштита (OCCZ) на Херцеговско-неретванската жупанија (HNŽ), спасувачките тимови во подрачјата погодени од поплавите трагаат по исчезнатите и работат на отстранување на штетите, додека стручни тимови ги санираат уништените транспортна, телекомуникациска и електроенергетска инфраструктура.

Најавено е и пристигнување на меѓународни спасувачки тимови. Цивилната заштита и волонтерите го обезбедуваат населението со основни потреби, а најголеми потреби се од вода за пиење, храна и лекови.

Луѓето кои останаа без домови се сместени во хотелите „Јабланица“ и „Максумиќ“ и во Домот за стари лица „Јабланица“. Останатите биле сместени кај роднини и пријатели во куќи и станови.

Патната комуникација Мостар – Јабланица е отворена за возила на Спасувачките служби и за вонредни ситуации. На терен има повеќе од 300 волонтери кои му помагаат на населението. ЦЗ Јабланица апелира сите кои нудат помош најпрво да се обратат до Оперативниот центар за цивилна заштита Јабланица за понатамошна координација.

Околу 20 домаќинства се целосно уништени во реонот на градот Коњиќ. Екипите се на терен и продолжуваат со потрагата по исчезнатите, а работат на отстранување на штетите. Воспоставена е комуникација (со една сообраќајна лента) кон Бутуровиќ Поље. Во реонот на Мостар воспоставена е патната врска Горња-Доња Дрежница, додека селата Перутац и Рогобрдо останаа отсечени. Според извештајот, ниту еден од локалните жители не е во опасност.

На почеток