Сите 11 пациенти од стара градска болница се во стабилна состојба, засега не се очекува влошување

Од
Објавено на

Директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов вели дека сите 11 пациенти кои се хоспитализирани по пожарот во дискотеката во Кочани се во стабилна состојба.
„Сите 11 пациенти се во стабилна состојба, во текот на ноќта немаше компликации. Се правеше план кај кого ќе се прават обработки на раните, нешто што е во тек. Не би очекувале влошување на дневно ниво“, рече Настов.
Истовремено, речиси 200 повредени се хоспитализирани и на лекување.
