Македонија

(Видео) Таткото на Теодора по двегодишната казна: Како човек сум згаден, плачев за правда, правда – нема!

Со шок и неверување, таткото на загинатата Теодора, Круме Ристовски, ја слушна пресудата со која на возачот Менсур Пајазити му беше изречена казна од две години затвор. Тој рече дека правда овде – нема.

„Згаден, како? Како човек сум згаден.. Што да очекувам од оваа држава, кажете ми? Плачев за правда, правда – нема! Нема никад да има правда во оваа држава. Оваа држава отиде! Постепено државата ни пропаѓа. Младите бегаат, ние постарите ќе бегаме. Оваа не е држава“, рече Круме Ристовски.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

На почеток