Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Собранието не изгласа резолуцијата со која Израел треба да дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
gaza1

Мнозинството пратеници не дадоа поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа.

Поддршка дадоа само 16 пратеници, меѓу нив и 6 пратеници на Левица.

Со резолуцијата беше предвидено Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

— реклама —

Левица остро ја критикуваше одлуката на Законодавниот дом.

— реклама —

„Од народ кој во Втората светска војна извијува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад”, реагираше пратеничката на Левица Јована Мојсоска.

Со оваа резолуција се бараше од Израел да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош и тоа храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во појасот Газа, во согласност со меѓународното право, како и со одлуките на релевантните меѓународни тела и организации и се упатуваше повик кон Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите други меѓународни организации да засилат дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и за подобрување на условите за цивилите.

— реклама —

Резилуцијата беше предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2unn78lb4l3u2gq9Iyu

„Додека заменик директорот на „Македонски шуми“ слави роденден на ДПМНЕ, шумската мафија ја пустоши и Јабланица“, велат од Левица

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Шумската мафија го опустоши Лопушник“, велат од Левица

Македонија | пред 1 ден

media-librarygn5ti6uchk1u38lSVFZ

(Видео) Левица: Играчиштето „ПАТРИК“ оставено да пропадне

Настани | пред 4 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: „Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост - хирурзите излегоа на протест“

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања