Коментари

Смешно е Југ, Ченто и остантите да се во затвор, а Груевски, Мијалков, Јанкуловска на слобода, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски ја повика надлежните органи да ги ослободат од затвор Игор Југ, Јане Ченто и останатите кои се осудени за крвавите инциденти во Собранието на 27 април. Тој смета дека ако нема робија за Груевски, Мијалков, Камчев, Јанкуловска и останатите, смешно е другите да бидат зад решетки.

„Знаете што е фер? Да ги ослободите оние кои скапуваат во затвор како тој Југ, Јане Ченто и компанија. Оти ова е смешно вашево. Нема робија за Грујо, Сашо, Орце, Гоца Мвродпмне. Нема прогон за Протуѓер звани Ендек, за Илче Гебелс, за Ставревски. Нема затвор ни за судиите Сваровски. Нема затвор за ните еден функционер од ДУИ. Нема затвор за никој од нив, ама затоа нивните човечиња, пиончиња и војничиња ги пикнавте во прдекаана. Зборот СРАМОТА е премногу благ да го опише тоа ваше предавство на законот и правдата“, пишува Тасевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток