fbpx
сре. Јул 29th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Охрид се „гланца“ во чест на празничниот викенд – Водици 2020

Екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, денес започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот Богојавление Водици во Охрид.

На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето.

Исто така во пресрет на празничниот викенд кога во Охрид се очекуваат голем број на гости, извршено е чистење и уредување на јавните површините на трите приоди кон градот.