Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги наброја активностите на ЈП во изминатите 7 дена. Градоначалникот напиша:
Реализирани активности на Јавни претпријатија🔽
📌 ЈП „Водовод“
▶️Продолжување на тековни активности за поставување на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;
▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“ и во населбите „Рача“, „Чекоштина“ и „Исток“.
📌 ЈП „Охридски Комуналец“
▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, реализирани се активности за дезинфекција на:
▪️Улиците, јавните површини, урбаната опрема во централното градско подрачје, на градскиот кеј и чаршијата;
▪️Заедничките простории на станбени објекти на територијата на општината;
▪️Јавните површини во пригрaдските населби, туристичките локалитети и пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“;
▪️На јавните површини во туристичките населба „Свети Стефан“ и „Лагадин“ и во селата Пештани, Елшани, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Ливоишта, Сирула, Вапила, Подмоље, Орман и во делот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”;
▶️Во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад;
▶️ Тековни активнисти за уредување на јавното зеленило на повеќе локации на територија на општината.
📌ЈП „Нискоградба“
▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;
▶️Продолжување на тековни работни активности од поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;
▶️Завршна фаза од работните активности за поплочување на крак од улица „Петрино“;
▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крсте Петков Мисирков“, „АСНОМ“, „Сатеска“, „Андон Дуков“, „Стив Наумов“ и населба „Охридати“.
📌ЈП „Градски гробишта“
▶️ Продолжување на тековни работни активности за поставување на рабници и поплочување на тротоар на булевар „Туристичка“;
▶️Работни активности за изведба на пешачка патека.
📌ЈП „Билјанини Извори“
▶️Тековни активности од акцијата за расчистување и уредување на
просторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.
📌ЈП „Градски пазар“
▶️Санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до Градското пристаниште.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.616033639002243/616033395668934/?type=3&theater