Трибината во Охрид на СДСМ. На трибината се обратија претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателка на СДСМ и носителка на изборна единица 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, кандидат за пратеник.
„Едвај чекав да почне овој настан да го поздравам претседателот Зоран Заев. Најголемиот пријател на Охрид и охриѓани, човекот кој помогна да го извади Охрид од калта. Мицкоски после 40 години оваа влада ја зеде целата одговорност да се самираат најкритилчните точки за Охридксиот колектор“, истакна меѓу другото Танески.
Танески го потсети Мицкоски за сите инфраструктурни зафати кои ги направила општинската и централната Власт.
„Она што за вас беше провизија во претходниве години, за нас се реализација на проекти“, истакна Танески.
Танески му даде целосна поддршка на градоначалникот Константин Георгиески. како човек од бизнис секторот во изминативе години ги донесовме најгоелемите оператори. Ние имаме стратегија за Охрид како туристичка дестинација. Цели три години со сите препрепреки направивме многу ама сите заедно.
На трибината се обрати и стоматологот д-р Лина Стефаноска. Таа меѓу другото истакна:
-Пандемијата е нашиот најголем тест за здравствениот систем, но покажавме како треба да се спротиставиме на истата.Моите колеги и сите ние лавовски се бориме за сечиј живот. Но изборите не треба да се избегнуваат туку да се спроведат со почитување на препораките. Само со превенција може да го победиме невидливиот непријател“, истакна Стефаноска.
Носителката на ИЕ 5 носителката и министер Радмила Шекеринска, пред присутните меѓу другото истакна:
„„Нас ни се важни изборите, но поважни ни се граѓаните, токму поради тоа сите не следат на видео стриминг. Не случајно почнуваме во Охрид и голем дел од кампањата почнуваме тука. Во Охрид може да ги видите констрастите на дело. Она што ние работиме, и она што другите не работеа. За две и пол години покажавме дека можат да не критикуваат, плукаат, но неможат да не кажат дека сме партија од збор. Сработивме за две и пол години она што неможеа да завршат за 12 години. Минатата недела добивме најпосле нови униформи за секој припадник на нашата армија, обезбедивме за 2,5 години, заради силната поддршка предводена од Зоран Заев, комплетно нова реалност за нашата НАТО Армија, обезбедивме 50 до 60 проценти повисоки плати за секој, обезбедивме нова униформа, обезбедивме нови чизми и ова во ниту една демократска држава на која сакаме да личиме ова не би било вест, ова е нормално ама кај нас не беше нормално оти 11 години тоа не успеја да го направат, 11 години заборавија на армијата. Во моментот кога излеговме и кажавме еве и овој проблем го решивме, нови плати, поголеми плати, нови униформи, нови чизми рекоја ех се фалите со едни униформи. Па ако беа толку лесни да се решат како проблем имаа четири пати повеќе време тоа да го направат, рече Шекеринска.
Пред присутните се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Секогаш кога сум во Охрид, чудно треперам, или е до Охрид или до моето преголемо почитување на Охрид. Охрид е географија и историја. И архелогија и уметност… Охрид е убавина… Сите сме минливи, а само Охрид останува вечен. Тој започна со поклон кон градоначалникот и локалната самоуправа, за спроведување на критериумите на УНЕСКО. Верувам дека законот и овде ќе важи за сите“, истакна Заев.
Заев меѓу другото додаде дека како влада за кратко време отвориле перспектива за младите.
„Ние не сме Северна Тунгузија, ние сме Северна Македонија. Ние имаме наш признат јазик – македонски. Имаме држава признаена од целиот свет“, истакна Заев.
Осврнувајќи се на противникот, Заев додаде „Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Tие не можат никогаш да ги фрлат тие маски. Затоа почитувани Охриѓани секогаш ќе дојдам со полно со љубов срце кон Охрид затоа што направивме многу, направивме многу за нашата земја, направивме многу и за Охрид.“
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)