Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кристијан Ландов

vanja-ubijci-osomniceni

(Видео) Палчо е петтиот обвинет за убиството на Вања и Жежовски: тој пукал во нив и го координирал процесот

Љупчо Палевски-Палчо е петтиот обвинет во случајот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а истражната постапка против него е завршена, дознава „Скопје1“ од извори во Обвинителството. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска ги собрала сите докази со кои тврди дека Палевски ги извршил директно двете убиства со пиштол, пукајќи во пределот на главата на Ѓорчевска, но и Жежовски. Обвинението ќе биде предадено во судот, каде по оценката на судиите, треба да прејде во фаза на судење.Според информации на „Скопје1“, овој предмет ќе се спои со претходно одобреното обвинение каде за грабнување и убиство се гонат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а таткото Александар Ѓорчевски за давање информации за движењето на Вања, односно помагање при грабнување.Обвинителката Крстевска-Јосифовска останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка.Жежовски пак, пет дена претходно бил грабнат и убиен. Обвинителката ќе докажува дека тоа го сториле истите обвинети – Палевски, Кешишов, Манев и Видевски. Целта според неа била да се земе возилото со кое подоцна се грабнува Вања. Жежовски бил изнесен од неговиот дом со „цитроенот“ и однесен во околината на Велес. Заедничко е што и тој, како и Вања е убиен со куршум со иста големина. Претходно, при спровод во суд, Палевски негираше вмешаност во убиствата и тврдеше дека не ги сторил. Тој дури се насмеа додека ги слушаше прашањата. Посочи и дека има докази за неговите тврдења. Инаку, по неговата екстрадиција од Турција, каде беше во бегство, беше спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 1 година

bogoev-stolici

Сполај му на сертификатот: Пет фирми отфрлени од тендер, само чаирската за 10 милиони е компетентна да носи мебел во Царина

Царина отфрлила пет понуди, пред да ја прифати понудата од 10 милиони денари за набавка на мебел, потврдуваат и оттаму. Четири од овие фирми, понудиле и пониски цени, но ниту една го немала клучниот сертификат за да ги инкасира милионите во замена за столиците, бироата и кујната. Сертификатот, според Институтот за стандардизација е нов во правниот промет и во Македонија се имплементира од 30.12.2023 година, а не е познато кои сертификати се еквивалентни на овој.Царинската управа не се ни потрудила да ја измени техничката спецификација, со цел да ги постигне истите ефекти, а за да не се случи неоправдано да ја ограничува конкуренцијата меѓу економските оператори. Сертификатот ги парализираше останатите понудувачи, а само чаирската фирма „Макс флам“ го поседувала истиот.„Тендерот е спроведен согласно сите законски процедури. Ве известуваме дека од добиени 6 понуди, пет од нив се одбиени поради некомплетна документација, односно истите не ги доставиле бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост, а дел од нив не доставиле ниту валидна потврда за платени даноци кон државата што е услов за прифаќање на понудите“, велат од Царинска управа за „Скопје1“.Понудата на „Макс флам“ е втора по скапотија, ако се земат во предвид останатите понуди. „Скопје1“ праша и очекува одговор, која е фирмата која ја има поднесено највисоката понуда. Истовремено, Царина со помош на сертификатите кои ги поседува само една фирма, се правда за тоа зошто не е избрана најниската понуда.„За понудата од 3,8 милиони денари којашто е наведена во вашиот текст беа приложени неважечки сертификати и сертификати од лабораторија која не е акредитирана, за што имаме и официјален допис од Лабораторијата за тестирање мебел при Факултетот за дизајн и технологии на мебел до коишто официјално се обративме“, додаваат оттаму.Тие посочуваат дека ниту една од фирмите кои имале пониски цени не поднела жалба.„Фирмата која што е избрана за најповолен понудувач е единствениот понудувач кој ја има целокупната потребна документација за понудата да биде валидна и ги поседува бараните сертификати за квалитет, безбедност, цврстина и издржливост согласно тендерската документација, за што исто така е добиена потврда од Лабораторијата за тестирање мебел“, посочуваат од Царина.Побаравме одговор и зошто не е спроведена е-аукција со која цените на производите би можеле да бидат и пониски, на што добивме одговор: „Во однос на вашето прашање зошто набавката на канцелариски мебел е спроведена без е-аукција сакаме да ве известиме дека е постапено согласно укажувањето и препораката на Бирото за јавни набавки добиено во јануари 2023 година, договорните органи да го ограничат користењето на е-аукција“.Извесен Игор од Царинската управа, кој контактираше со редакцијата на „Скопје1“, а не сакаше да го каже ни презимето, посочува дека наодите кои ги објавивме во текстот „Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони“ има неточни наводи, а во реакцијата нема наведено кои се тие. Тој кажа дека нив им треба подолго време од 20 минути за да дадат одговори, но иако им дадовме час и половина, тие не дадоа одговори на новиот сет прашања, меѓу кои: дали неоправдано е ограничена конкуренцијата помеѓу економските оператори, зошто немало е-аукција со оглед дека истата не е забранета, зошто сертификатот кој не го поседуваат повеќето од фирмите не се замени со други сертификати или документи за гаранција, но и како очекуваат фирмите кои биле исфрлени да се жалат на одлуката за избор на најповолен понудувач, кога е јасно дека не го поседуваат сертификатот кој го има само чаирската фирма.Царинската управа ќе набавува столици поскапи и за 300% од вообичаената пазарна цена, преку договорот вреден над 10 милиони денари. Директорот во заминување, Стефан Богоев, успешно го заврши тендерот со кој набавува канцелариски мебел и кујна. Со него, Царина ќе добие нови канцелариски ротирачки столици на тркалца, конференциски столици, канцелариски бироа, конференциски маси, ормари и кујна.На тендерот имало шест понуди, најниската понуда била 3,8 милиони денари. Не се познати понудите на другите фирми, но и дали учествувале на тендерот или биле отфрлени. Среќлија била фирмата „Макс флам“ од Чаир, која ќе го набави мебелот за Царинската управа. „Скопје1“ направи споредба на цените по кои фирмата која го доби тендерот треба да ги наплати производите, со цените за исти или слични производи на пазарот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-00.16.49

Пратениците си останаа во Собрание и по полноќ: долги говори на опозицијата и противење за реорганизација на министерствата

Дебатата за реорганизација на министерствата и формирање на нови, во Собранието, трае и по полноќ. Опозициските пратеници се пријавени за збор, а на говорница излегуваат еден по еден. Во салата се присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Левица и СДСМ веќе најавија дека нема да го гласаат законот.Долг говор имаше Димитар Ковачевски, за првпат како пратеник. Тој упати низа критики и кажа дека реорганизацијата на министерствата не треба да биде ваква. Потоа, на говорница излегоа и пратениците на Левица – кои посочија дека се прават низа процедурални кршења поради тоа што седницата не е закажана на време.По него, излезе и Венко Филипче кој е пратеник. За него главно прашање е зошто предлог-законот се носи по скратена постапка, па критикуваше. По него, истото го направи и Фатмир Битиќи, па и други пратеници од СДСМ.Собранието вечерва ја продолжи втората седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка.Според Предлогот, на Министерството за економија ќе му биде додаден сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт. Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам. Меѓу останатото, ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

Македонија | пред 1 година

IMG_4338

Палчо за првпат однесен во Обвинителство: ја раскажува својата верзија за убиствата на Вања и Панче

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е спроведен во скопското Обвинителството на распит, дознава „Скопје1“. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство. Според информации на „Скопје1“ тој повеќе од час е во обвинителските простории.Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.Обвинение веќе има за Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, за две кривични дела убиства и грабнување. За помагање се гони и Александар Ѓорески, татко на убиената Вања.Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

IK

(Видео) Сведоштво за присила од Лидија Димова и детали за трошењето буџетски пари: Знаеше дека фалат од благајна!

Сведокот Александар Гочев, ангажиран во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од разрешената директорка Лидија Димова, во судница раскажа за што се потрошиле 15.000 евра од благајната, зошто не се вратени, но и како спроведувал насоки од директорката. Пред Димова да го земе во Агенцијата, тој бил со неа и во Собрание, па сведочи дека на новото работно место бил канал за комуникација меѓу Димова и вработените. Призна дека ги подигал парите од благајна, па кажа дека Димова со присилба го натерала да потпише изјава дека таа не знаела.Гочев тврди дека парите се потрошени за опремување на новиот простор за Националната агенција, гориво и организирање на три настани. Кажа дека не постоел план како да се вратат парите потрошени за гориво и опремување, а за средствата потрошени за настаните посочи дека требало да ги даде фирмата која отпосле добила тендер – што според законите е исто така злоупотреба.„Од аспект на буџетски средства имаше предвидено, меѓутоа во процесот на формирање на јавната набавка, дел од работите кои се изведуваа не беа предвидени. Дел од средствата од благајната што недостасуваа се употребени за реновирање на зградата“, рече Гочев.Објасни и како фалеле пари за гориво. Бидејќи во таа ставка од буџетот немале средства, се земале од ставката за патувања.„Во буџетот за 2018 година не предвидела дилема дека ќе има четири возила, и предвидела гориво за околу 100.000 денари. Со оглед дека износот обезбеден не беше доволен за сите четири возила, горива за тие возила се дополнуваше со средствата кои беа во благајна, за кои можам да кажам дека до последен ден имало уредно, фискални сметки, кога и колку е наточено. Во вкупен износ од околу 8.000 евра“, додаде тој и објасни како тоа може да се докаже најлесно: „Во моментот кога возилата од моја страна се предадени, километражата vs искниженото гориво - има енормна разлика од тоа колку е платено...и таа разлика е платена од овие средства...“.Гочев имал факсимил од Лидија Димова, за кој сведочеше дека таа му го давала уште откако е истиот изготвен. Го користеле и други вработени. Со него, биле подигнувани средствата.„Писмена одлука за факсимилот никогаш немало за негова употреба. Тој е изработен во почетокот на нашето работење, за што има документи во Агенцијата, има фактура како е платен, нарачан, изработен. Факсимилот во мое ракување се наоѓа сѐ до мај 2018 година, а од самата изработка. Оттогаш, сум го користел, но не сум го поседувал. Директорката знаеше како се употребува овој факсимил“, објасни сведокот.Објасни и како со тие 15.000 евра биле покривани трошоци за настаните.„Во износ од 4.000 евра беа покриени и три настани кои беа одржани во Скопје. Имаше материјали за настаните, како се одржани, но никаде немаше информација како се платени. Тие се платени во кеш од благајната. Сметките се во агенцијата. А не фигурира дека се платени од агенцијата. Со моето заминување оставив папка со фактури и сметки, заедно со лаптопот кој го вратив. Знам дека формално не се искнижени ниту горивото, ниту настаните, како трошок на агенцијата. Фирмата која ги покриваше настаните, требаше да ги покрие настаните кои беа пред фирмата да започне да работи. За ниту едно подигање немало документација. Веројатно требало да има документација“, додаде Гочев.Пред да замине од Агенцијата, а со цел вината да не се префрли на други лица, Гочев објасни дека сакал да подигне кредит и да ги врати средствата, но Лидија Димова одбила да му потпише барање за кредит.„Заради моја лична грешка, кога сум имал намера да ги вратам назад во агенцијата, тоа е десет дена пред да заминам, поднесов барање за кредит, но не ми беше потпишан од директорката. Ова е откако видов кај кого ќе падне вината, поднесов барање за одобрување на кредитот“, додаде тој.Лидија Димова цело време знаеше дека фалат пари од благајна, тврди Гочев, па беше прашан од обвинетата зошто пред да замине од Агенцијата потпишал изјава дека таа не знаела, на што даде одговор.„Под присила ваша и на адвокатот присутен во канцеларијата, Стевица, доставив писмо. Миа Ношпал не беше. Апсолутно и под присила тогаш ме теравте да кажам дека Ана Павлиду и Дарко Димитров знаеле за тоа“, објасни Гочев.Во ова сведочење, тој кажа и дека секогаш ја известувал директорката за парите од благајната и недостатокот, дека истата ги одобрувала.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.?t=1298

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-27-at-20.24.30

(Видео) Новинарите добија нов колега-министерот за здравство наместо одговори имаше прашања

Илир Демири, министерот за здравство, по една недела молк излезе на прес конференција за да каже зошто се затворени хируршките сали во Клинички центар.Не лоцирајќи конкретна одговорност, Демири ја откри професијата која најмногу му лежи.Наместо да одговара на новинарски прашања за колапсот и хаосот, тој се обиде да им го земе лебот на новинарите. И тој, иако е предложен од политичка партија за министер, не ја научил основната лекција дека треба да одговараат на прашања кои се од интерес за јавноста, а не да се расправа и да им поставува прашања на новинарите?Па, на секое нивно прашање имаше контра-прашање.Не му беше јасно и побара одговор зошто би ја сменил економската директорка, Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која протестираа лекарите од оваа Клиника.„Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработила тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени”, ги праша министерот новинарите.Од нив бараше одговори до каде е изградбата на Клинички центар, болницата Штип, модуларните болници.Ги подучи новинарите:„Драги мои новинари, бидете коректни, не се занимавајте со цевки во парното, занимавајте се со суштински работи. Не се занимавајте со луѓето кои се оставени без леб, туку кој ги остави без леб. Спротивно поставете ги прашањата”.Се налути и зошто податоците од ДСЗИ ги добиваат новинарите пред министерот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-23-at-12.26.57

(Видео) Врховниот судија Наке Георгиев ќе си остане во затворот во Шутка, познато каде е сместен

Кривичен совет ја одби жалбата на врховниот судија Наке Георгиев со која бараше да се брани од слобода односно да излезе од истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Судиите ја потврдиле одлуката на судијата на претходна постапка кој најде оправданост во одредување на ваква мерка поради опаност од бегство, влијание врз сведоци и поради опасност да го повтори делото.Георгиев е веќе два дена во притвор. Тој во затворот во Шутка е класифициран како лице со висок безбедносен ризик. Сместен е во притворското одделение. Директорот Филип Андов за подкастот „Претрес“ зборуваше за третманот, а ексклузивно снимивме и во каква ќелија е сега веќе сместен.?t=1359Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-22-at-16.08.20

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно со членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Георгиев беше затекнат со 10.000 евра во него и уапсен од полицијата. Според информации на „Скопје1“ ова е истиот ден кога Стојчев бил и правосилно осуден.Со спогодбата која ја направил со обвинителката, Стојчев признал дека продавал марихуана во повеќе наврати, на повеќе места. Со дрогата тргувал заедно со други лица кои се обвинети во предметот.Затворската казна за која се спогоди Стојчев е речиси и најниската која може да ја добие, согласно Кривичниот законик. Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години. Стојчев доби три месеци повеќе од најниската.Тој издржува притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Екипата на подкастот „Претрес“ влезе таму и вечерва во 21 часот ви носи најнови информации поврзани со неговиот престој, здравствената состојба и нечуени детали.

Македонија | пред 1 година

fgdgsdfg

И обвинител вплеткан во земањето 10.000 евра со судијата: синот на ексградоначалникот пријавил и второ лице

Обвинител, член на Советот на јавни обвинители е вториот пријавен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за земање на 10.000 евра со цел вршење на противзаконито влијание, дознава „Скопје1“. Пријавата за ова лице доаѓа од страна на синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пак, одлежува затворска казна за трговија со марихуана.Засега кај него немало претреси - обвинителот се обидува да дојде до докази.Станува збор за лице кое е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.Повеќе информации во текот на денот.Претходно: 

Македонија | пред 1 година

51345134

Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-20-at-18.33.08

Како врховниот судија се заплетка со 10.000 евра: пријавата е од роднина на ексградоначалник

Близок рoдонина на ексградоначалник кој одлежува затворска казна е лицето кое го пријавило врховниот судија, Наке Георгиев за примање награда за противзакотино влијание, дознава „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција, биле побарани 10.000 евра за да се влијае врз судска постапка однсоно за нејзино олесување во полза на ексградоначалникот.Пријавата за парите кои биле побарани стигнала полицијата, по што, во точно утврдено време и место, кога се случувало примо-предавањето, судијата бил затекнат. Во тој момент, по насоки од јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, била дадена насока на полицајците судијата да биде однесен во станица, а банкнотите да бидат одземени. Тие ќе бидат дадени на вештачење.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан. Тој ужива судиски имунитет, на кој може да се повика, а да му биде симнат само доколку така одлучи Судскиот совет. Засега во највисокото судско тело, нема закажано итна седница од страна на претседателката Весна Дамова.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат кратко од МВР.Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека акцијата е со нивна координација.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Палчо бара тројца адвокати за да го бранат, барањето е во рацете на Кривичен суд

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побарал од Кривичен суд да му се обезбедат тројца адвокати за да го застапуваат, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, двајца од нив, на кои Палевски сака да му се правен тим се Тони Менкиновски и Славко Секулов. Третото име засега е непознато.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов претходно кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-11.51.23

Ги исконтактиравме тројцата адвокати кои Палевски ги бара за бранители: ќе прифатат или не

„Скопје1“ ги исконтактира тројцата адвокати, за кои Љупчо Палевски-Палчо бара од судот да ги исконтактира за да му бидат бранители во постапката каде што е осомничен како планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Адвокатот Тони Менкиновски, за „Скопје1“ посочи дека не е заинтересиран за тој предмет.„Но, не е ништо стигнато“, рече Менкиновски во кратката изјава.Го исконтактиравме и адвокатот Славко Секулов, кој е вториот што Палчо го бара да го застапува. На телефонот од адвокатската канцеларија ни одговори службеник кој посочи дека бранителот не е таму и дека не може да даде негов телефонски број. И покрај нашето инсистирање да го искомуницираме, до моментот на објавување на овој текст – тоа не се случи.Јовица Страшевски е третиот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба. Исто како Менкиновски и тој досега нема добиено вакво барање.„Не сум добил барање, не сум размислувал“, рече Страшевски за „Скопје1“.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-12.21.58

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Укината и пресудата за пожарот во ковид-болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а потврдена за докторот Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда, во случајот за пожарот во тетовскиот Ковид центар во кој загинаа 14 луѓе. Одлуката ја донела гостиварска Апелација. Според истата, предметот ќе се суди одново. Судиите од Апелација-Гостивар велат дека првостепениот суд не постапил со должно внимание и додаваат: „за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти, со единствена цел да даде одговор на сите спорни прашања и да ги утврди сите решителни факти за постоење на кривичните дела и кривичната одговорност на страна на обвинетите Флирин Бесими, Артан Етеми“.„Судот ги разгледа жалбените наводи на ОЈО Т. за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, меѓутоа истите не ги прифати за основани со оглед да обжалената пресуда во делот под точка II не содржи такви недостатоци поради кои не би можела да се испита по однос на нејзината правилност и законитост. Изреката на пресудата е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за утврдените решителни факти и завземените правни ставови на судот. Советот на овој суд смета дека сите погоре наведени жалбенинаводи наведени во жалбата на Основното јавно обвинителство Т. се неосновани“, стои во образложението за ослободувањето на докторот Вучевски.Второстепените судии образложуваат и зошто ги ослободиле Етеми и Бесими кои беа осудени.Основани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, наведени вожалбите на обвинетите во делот на сегаобжалената пресуда пдо точка I од истата, кои се однесуваат на отсуство на образложени причини за решителните факти и наполна нејасност на дадените причини, што ја прави првостепената пресуда во делот под точка I нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе си, па како таква и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност и законитост. Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, стои во образложението за ослободувањето на директорите Етеми и Бесими.Минатата година кога се изрече првостепената пресуда, условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели. Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово ѝ е изречна парична казна од еден милион денари.

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија. „И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.?t=7377

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-22.20.21

Уапсен бегалецот, кондовецот Агим Крсничи во Урошевац

Кондовецот Агим Крсничи, бегалец од штипскиот затвор, е уапсен во Урошевац, дознава „Скопје1“ од свои извори. Според информации на нашата редакција, тој бил уапсен откако учествувал во кривично-правен настан. Освен него, во рацете на тамошната полиција „паднале“ уште двајца бегалци од македонската права. Крсничи четири години е во бегство откако беше на слободен викенд, по кој, никогаш не се врати.Тој беше во затвор од 2008 година, каде отслужуваше 15 години затвор. Одлежа 12 години, а му остануваат уште 3 години. Осуден е за нерегуларности и предизвикување на неправилности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.Засега ништо не навестува за негова екстрадиција. Одреден му е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. За нивна екстрадиција е рано да се одлучува, бидејќи прво треба да одговараат за делата кои таму ги сториле.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-12.59.10

(Видео) Спасовски во „Претрес“: Не можам да се согласам дека Палчо избегал!

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за планирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не избегал.Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи: „Апсолутно не можам да се согласам со констатацијата дека тој избегал. Тој заминал пред утврдување односно обезбедување на докази. Во моментот кога се утврдиле доказите, кога се пристапи кон претреси, се утврдило дека не се наоѓа во државата и секако за многу кратко време се обезбеди каде се наоѓа“, вели Спасовски.На обвинувањата дека Палчо го враќаат од Турција токму пред парламентарните избори заради политички поени, Спасовски рече: „Кој очекува дека политички поени ќе добива на вакви настани, тој се лаже. Екстрадицијата е одобрена пред неколку дена, а тоа што вчера било објавено во јавноста е политика на министерството (за правда).Повеќе на оваа тема и други актуелности, Спасовски говореше во подкастот:?t=5947

Македонија | пред 1 година

sdfghjkjgrfd

(Видео) Сите 17 полицајци од „Идризово“ добија мерки: шест што чувале празен кревет одат во притвор, 11 добија забрани

Шест полицајци од затворот „Идризово“ добија притвори, а 11 други нивни колеги добија мерки на претпазливост, откако обвинителката Ивана Трајчева покрена предистрагата и истрага затоа што пуштиле затвореник да избега, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка смета дека се оправдани сомневањата дека шестте полицајци можат да избегаат се оправдани, а другите 11 не смеат да го извршуваат истото работно место за да не го повторат делото или да влијаат врз доказната постапка. Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

ivana-trajceva

(Видео) Снимки од болницата од каде бил пуштен осудениот за убиство, покажуваат која улога ја имале полицајците

Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Обвинителката кажа дека осуденикот е најден и однесен на издржување на затворската казна во еден од затворите во Македонија.

Македонија | пред 1 година

zfgnhsrht

„Скопје1“ дознава: Два тунели откриени во Идризово, машина за бетонирање влезе во затворот

Машина за бетонирање е влезена попладнево во затворот „Идризово“, по претресите кои ги извршија специјалците, дознава „Скопје1“. Според наши извори од затворот, ќе се затвораат два стари канализациски тунели, кои не се користат, а за кои постоеле информации дека постои можност да бидат користени за бегства.„Скопје1“ дознава дека групата која ги знаела тунелите кроела план за да ги искористи. Но, затворската управа, во координација со МВР, ги претркала во планот. Веќе попладнево, тие ќе бидат целосно затворени.Утрово, како што објавивме, биле претресувани само одредени делови од затворот, односно долните катови – како што се, затворениот и хашкиот дел. Веќе излегоа информации дека се пронајдени куп недозволени предмети кои биле внесувани.Тунелите во Идризово не се новина. Во март минатата година беше откриена ископана дупка, а во неа имаше и светло, а се укажувало да подготовка за бегство. Од неа беше извадена земја која во нормални услови би се транспортирала со над десет трактори. Неофицијално, го копале лица осудени за тешки дела и високи затворски казни. Одговорност – ни до овој момент немаше.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Големи претреси во затворот „Идризово“, стотина специјалци - познати детали

Стотина полицајци влегоа во Идризово утрово, каде во тек се големи претреси, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, се претресува полуотворениот дел на затворот, но и останатите крила, поради добиени информации дека може да ескалира состојбата помеѓу членови на две криминални банди, кои издржуваат казна во истата установа.Инспектори, специјалци со маскирни оделали кои се вооружани бараат недозволени предмети кои биле внесени во затворот. Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало проценки дека состојбата може да ескалира.Повеќе информации за подоцна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања