Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

DSC_0052

Жена добила закани од поранешниот сопруг преку телефонот на синот, а скопјанка пак пријавила вознемирување од синот кој и барал пари

Во СВР Скопје се пријавени два одделни случаи на закани и психичко вознемирување во семејството.На 6 март 2026 година, 51-годишна жена пријавила дека од јануари годинава нејзиниот поранешен сопруг Ѓ.Р. (46) ѝ упатувал закани преку мобилниот телефон на нивниот малолетен син.Истата вечер, во 22:30 часот, 79-годишна жена пријавила дека подолг период била психички вознемирувана од нејзиниот син Г.В. (44), кој ѝ барал пари и ѝ упатувал закани.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Уапсен скопјанец кој следел и вознемирувал жена

На 7 март 2026 година во 06:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д. (57) од Скопје.Тој бил приведен по пријава од 51-годишна жена дека од јануари годинава се однесувал агресивно кон неа, ја следел, фотографирал и телефонски ја вознемирувал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Двајца повредени откако возач под дејство на алкохол управувал автомобил

На 7 март 2026 година во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на селото Велмевци, демирхисарско, патничко возило „мини купер“ со битолски регистарски ознаки излетало од патот.Возилото го управувал М.Д. (25) од Битола, а сопатник бил Х.Н. (21), исто така од Битола. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Битола.При увидот било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Возач прегази жена-пешак во Струмица и избега

На 6 март 2026 година околу 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улицата „Младинска“ мотоцикл удрил во 76-годишната А.Н. од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот.Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.За настанот е известен јавен обвинител, извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp67don7k9fiq3DT4srA

(Видео) Полицаец заврши во болница откако влегол во запалена куќа на Водно да провери дали има некој внатре

На 6 март 2026 година во 08:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа на улицата „Партениј Зоографски“. Објектот бил сопственост на правно лице и во него никој не живеел.Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Еден полициски службеник кој бил ангажиран како обезбедување при интервенцијата влегол во објектот по гаснењето на пожарот за да провери дали има повредени лица, при што вдишал чад.Нему му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на местото бил извршен увид.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Австриски државјанин уапсен на Табановце

На 6 март 2026 година околу 16:45 часот на граничниот премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.М. (63) од Австрија.При пасошка контрола и преглед на возило „форд“ со австриски регистарски ознаки, во близина на совозачкото седиште и во багажникот биле пронајдени две пакувања со марихуана.Лицето е задржано во Полициската станица Куманово и по документирање на сл

Македонија | пред 1 седмица

zaev-filipce

Политиките на Заев и Филипче ја приближиле државата кон недемократски режими, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека за време на нивното владеење ја оддалечиле државата од демократските стандарди и ја приближиле кон, како што велат, недемократските модели на владеење.Според партијата, политиките на СДСМ, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да ја приближат државата кон демократскиот свет, ја насочиле кон, како што наведуваат, модел сличен на владеењето во Русија и Белорусија.„За нив политиката и водењето на државата не подразбираше владеење и спроведување мерки за општото добро, туку механизмот на власта го користеа за лично богатење“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за време на владеењето на СДСМ биле отворени вратите за лица поврзани со, како што велат, структури блиски до руската политика, посочувајќи ги имињата на Олександр Онишченко и Борче Марковски.Според партијата, едниот бил осуден во Украина на 15 години затвор за криминал и перење пари, додека другиот се соочува со постапка пред македонските правосудни органи.„Во времето на власта на СДСМ само вакви криминални ликови успеваа, благодарение на политики кои не беа во интерес на Македонија и кои ѝ нанесоа сериозен удар и на национално и на меѓународно ниво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека со заминувањето на Заев и Филипче во опозиција завршила, како што велат, политиката на СДСМ за остварување на лукративни цели.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нивната политика е насочена кон соработка со демократските партнери како Европската Унија, САД и Обединетото Кралство, со цел, како што наведуваат, зачувување на интегритетот на државата и националното достоинство.

Македонија | пред 1 седмица

policija-2457

Кривична пријава за татко кој ѝ се заканувал на 16-годишната ќерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднела кривична пријава против Д.З. (48) од селото Јанковец, ресенско, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според информациите, на 16 февруари 2026 година во семејниот дом тој упатувал закани кон неговата 16-годишна ќерка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

(Видео) Лефков: Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентна на следните избори

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека поранешниот вицепремиер и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, признал дека партијата нема да биде конкурентна на следните избори.„Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори“, рече Лефков, додавајќи дека Битиќи отворено посочил оти СДСМ нема шанси за добар изборен резултат, без разлика кога ќе се одржат изборите.Лефков истакна дека во партијата постојат различни ставови околу можноста за предвремени избори, наведувајќи дека додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бара нивно одржување, дел од раководството, меѓу кои и Битиќи, се против таа идеја.„Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување“, изјави Лефков.Според него, ваквите изјави се потврда за, како што рече, политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за недовербата на граѓаните кон СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Иран е жестоко нападнат, од „насилник“ стана губитник во регионот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран е жестоко погоден од американските и израелските напади, оценувајќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот од воените операции.Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп напиша дека Иран им се извинил на соседните држави на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа.„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп.Тој тврди дека Иран претходно се обидувал да ја преземе контролата врз регионот, но дека сега, како што наведува, за првпат во својата историја е поразен од соседните држави.Во својата објава Трамп користеше остра реторика, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој, според него, сега станал „губитник во регионот“.Американскиот претседател истовремено најави и можност за нови напади, наведувајќи дека се разгледува таргетирање на дополнителни цели кои досега не биле на списокот за напади.Изјавата доаѓа откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно соопшти дека привременото иранско раководство одлучило да ги прекине нападите врз соседните држави, освен ако нападите врз Иран не потекнуваат од нивна територија.Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда предупреди дека американските и израелските воени бази и интереси во регионот ќе бидат сметани за главни цели доколку нападите врз Иран продолжат.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Масовен напад врз ОАЕ: Воздушната одбрана пресретна десетици ракети и дронови

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана денес пресретнала 15 балистички ракети и 119 беспилотни летала, односно дронови.Според соопштението на Министерството за одбрана на ОАЕ, системите за воздушна одбрана регистрирале вкупно 16 балистички ракети, од кои 15 биле пресретнати, додека една паднала во морето.Истовремено биле детектирани 121 беспилотно летало, од кои 119 биле пресретнати, додека две паднале на територијата на Обединетите Арапски Емирати.Балистичките ракети се далекуметни оружја придвижувани со ракетен погон и нивното производство може да чини милиони долари. Од друга страна, беспилотните летала се побавни летала со пропелерски мотор кои летаат на пониска височина и можат да се произведуваат по значително пониска цена.Властите во ОАЕ соопштија дека во текот на неделата, од почетокот на конфликтот, во нападите со дронови загинале три лица, додека 112 лица се здобиле со полесни повреди.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Ивана била седум години малтретирана и тепана од Стојанче, дента кога скокнала со Катја во раце добивала закани дека ќе биде убиена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја.Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.„Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, велат од Обвинителството.Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Ивана Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот. Таа ја земала во раце својата шестгодишна ќерка и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.„На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото. Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како причини се наведуваат опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и ризик од повторување на кривично дело.Од обвинителството посочуваат дека продолжуваат со прибирање докази за овој, како што го оценија, комплексен случај.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryprtcje5canrleJj6NVf

Украинската ПВО пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона во ноќен напад

Украинската војска соопшти дека во текот на претходната ноќ нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона од различни типови.Според соопштението, девет ракети и 26 јуришни дрона биле погодени на 22 локации, додека остатоци од беспилотни летала биле пронајдени на уште пет места. Како главни цели на нападот се наведуваат Киев, Харков, Житомирската област, Хмељницката област и Чернивецката област.Од другата страна, руското Министерство за одбрана објави дека „пресретнало и уништило“ украински беспилотни летала над неколку региони. Според нивното соопштение, најголем дел од дроновите — 29 — биле соборени над Брјанската област, 15 над Орловската област и 11 над Белгородската област.Руското министерство, како што е наведено, не пријавило евентуална штета предизвикана од тие напади.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран денес ќе биде „силно погоден“, се разгледуваат нови цели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови силни напади врз Иран и можност за проширување на воените цели, објавувајќи порака на својата платформа „Трут соушл“.Трамп, очигледно осврнувајќи се на изјавите на иранскиот претседател, напиша дека Иран „се извинил и се предал на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да пука кон нив“.Според него, таквото ветување било дадено „само поради немилосрдните напади на САД и Израел“.Во исто време, според извештаите, нападите во регионот не се целосно запрени. Претходно беше објавено дека дрон експлодирал во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, додека Катар соопшти дека пресретнал ракета.Во продолжение на објавата, Трамп порача дека Иран „денес ќе биде погоден многу силно“.Тој додаде дека американската војска разгледува и нови цели кои досега не биле дел од плановите за напади, предупредувајќи дека одредени области и групи на луѓе се „под сериозно разгледување за целосно уништување“.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysglnvqmhqpe25uoj0cx

(Видео) Снимка покажува можен удар на дрон кај аеродромот во Дубаи

Снимка споделена на социјалните мрежи утрово прикажува можен удар на дрон во периметарот на Меѓународниот аеродром во Дубаи, пишува „BBC“Видеото е снимено од индустриска зона јужно од аеродромот и прикажува експлозија во близина на една од терминалните згради. На снимката се слуша лице кое вели „уште еден дрон“, а пред ударот се слуша и звук налик на зуење, карактеристичен за моторите на беспилотни летала.Кратко пред експлозијата може да се забележи објект кој нагло се спушта кон земјата, но од снимката не може со сигурност да се утврди што точно е тој објект.Според визуелните ориентири, ударот се случил северно од железничка линија и во близина на објект на компанијата „Херц“, што укажува дека експлозијата се случила во близина на Конкурс А на аеродромот. На снимката се забележуваат и најмалку четири авиони паркирани на пистата покрај зградата.Засега не е јасно дали станува збор за пресретнат дрон или за директен напад.Претходно утрово авиокомпанијата „Емиратс“ објави дека привремено ги суспендира летовите до и од Дубаи, но подоцна ја избриша таа објава и соопшти дека воздушниот сообраќај е повторно воспоставен.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt1kceh2v3mk01vHTPvd

Почна уредувањето на улиците во населбата Бараки во Охрид

Во охридската населба Бараки започнаа активности за целосно уредување на улиците, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Според најавата, станува збор за инфраструктурен проект со кој ќе се подобрат условите за сообраќај и безбедноста за жителите на оваа населба.„Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани“, соопшти Пецаков.Тој додаде дека општината ќе продолжи со исто темпо и во наредниот период, со цел унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот во градот.

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е потпишан договор за закуп со што започнува реализацијата на проектот за изградба на две катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Ѓорѓиевски соопшти дека договорот го потпишал заедно со министерот за здравство Азир Алиу, а проектот има за цел да го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.Според најавите, двете катни гаражи ќе имаат капацитет од околу 500 паркинг места, а инвестицијата е проценета на околу три милиони евра.„Со изградбата на две нови катни гаражи конечно ќе ставиме крај на долгогодишната голгота со која секојдневно се соочуваат пациентите, нивните семејства, но и здравствените работници“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека проектот ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот во Клиничкиот центар, непречен пристап за возилата на итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот нагласи дека Град Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со катните гаражи, со што, како што рече, ќе се избегне зголемување на цените на паркингот доколку управувањето би било препуштено на приватни компании.Во рамки на проектот, најавено е и воведување на дигитално зонско паркирање во градот, со мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат во реално време да проверуваат каде има слободни паркинг места.Ѓорѓиевски најави дека по ребалансот на градскиот буџет, кој се очекува следната недела, ќе биде распишана тендерската постапка, по што ќе започнат и градежните активности.Проектот, како што посочи, се реализира во координација со Владата и со поддршка од премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Трамп ја понижуваше Европа со месеци – сега од неа бара логистика и бази за војната со Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изминатата година често ги оттурнуваше европските партнери како политички неважни, но сега, додека САД и Израел водат воена операција со цел промена на режимот во Иран, од Европа се очекува поддршка. Европските лидери, кои во првите часови по нападот се дистанцираа од американската акција, постепено ја засилуваат својата реакција на кризата што се шири низ Блискиот Исток.Франција, Италија и други европски држави испраќаат дополнителни воени сили за заштита на сопствените бази и партнери во регионот, додека Велика Британија им дозволи на американските сили да ги користат британските бази за спречување на евентуален ирански одговор. Сепак, овие чекори се далеку од безрезервната поддршка што ја бара Вашингтон за нападот кој, според дел од аналитичарите, драматично ја менува безбедносната рамнотежа во регионот.Белата куќа, според дипломатски извори, не се обидела да создаде класична меѓународна коалиција. Вашингтон не се консултирал со европските сојузници пред нападот врз Техеран, ниту пак од нив барал директно да учествуваат во бомбардирањето. Она што американската администрација го очекува е пристап до европски воени бази и логистички центри кои би ги олесниле воздушните операции.Во исто време, Трамп ги критикува земјите што не нудат силна поддршка, како Велика Британија, но и оние кои отворено се спротивставуваат на војната, како шпанскиот премиер Педро Санчез. „Ни требаа три или четири дена да откриеме каде можеме да слетаме... затоа сме многу изненадени“, изјавил американскиот претседател.Европските лидери се наоѓаат во деликатна позиција. Од една страна не сакаат директно да го критикуваат Вашингтон, а од друга се свесни дека нов конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни последици за континентот – од раст на цените на енергенсите до можен нов бегалски бран.Поделбите во Европа се очигледни. Германија дава поддршка на американската политика, додека Шпанија зазема поостар критички став. Според аналитичарката Натали Точи, европските лидери во моментов се „половина внатре, половина надвор“ од кризата, обидувајќи се да ја задржат неутралноста, но истовремено да не се конфронтираат со САД.Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека војната започнала „без знаење на светот“ и дека одлуката за нападот не била координирана со сојузниците. „Тоа е далеку надвор од рамките на меѓународното право“, изјавил тој пред италијанските пратеници.И покрај политичките резерви, европските држави преземаат конкретни безбедносни мерки. Францускиот претседател Емануел Макрон испрати дополнителна противвоздушна одбрана и воени бродови на Блискиот Исток со цел заштита на Кипар и земјите од Персискиот Залив. Истовремено, Франција дозволи американските сили да користат база на нејзина територија, но под услов таа да не се користи директно за нападите врз Иран.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во изјави за американските медиуми оцени дека сојузниците во голема мера ја поддржуваат американската операција, иако ваквата оценка веднаш беше оспорена од шпанската влада.Најголемата загриженост за Европа е можниот ефект од конфликтот. Некои членки на Европската Унија, како Кипар, се наоѓаат во дострел на ирански ракети, додека и Турција, членка на НАТО, е во непосредна близина на зоната на конфликт. Дополнително, европските лидери се свесни дека приклучувањето кон нова војна на Блискиот Исток би било крајно непопуларно кај јавноста, по искуствата од интервенциите во Ирак и Авганистан.Шпанскиот премиер Санчез предупреди дека Европа мора да ги има предвид последиците од претходните западни интервенции. „Не можете на една незаконитост да одговорите со друга, затоа што така започнуваат големите катастрофи на човештвото“, порача тој.

Свет | пред 1 седмица

policija-policaec-35-450x270-1

Малолетник без возачка тргнал да вози од Тетово до Гостивар: го запреа и му го одзедоа возилото

На 6 март 2026 година во 22:20 часот на патот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17-годишен малолетник од селото Горно Седларце, тетовско.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки кое го управувал малолетникот, при што било утврдено дека управува без положен возачки испит.По наредба на јавен обвинител лицето било лишено од слобода, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9bn8e5675st74xxHRP0

Сопружници со сила влегле во градинка во Тетово и нападнале вработена

На 6 март 2026 година во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.З. (38) од Тетово.Според пријавеното, тој заедно со неговата сопруга со употреба на сила влегле во канцеларијата на З.Н. (45) од селото Фалише, тетовско, вработена во детската градинка „Младост“, по што физички ја нападнал.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Нападнал 67-годишник и му го оштетил автомобилот: полицијата приведе 29-годишник

На 6 март 2026 година во 11:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.Б. (29) од селото Порој, тетовско.Според информациите, претходно поради меѓусебно недоразбирање тој физички и со тврд предмет го нападнал М.В. (67), а потоа му го оштетил и возилото.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

bugarija

Бугарија бара податоци за засолништата: проверка на бункерите и подготвеноста по зголемени регионални тензии

Бугарските власти започнаа со прибирање информации за бројот и состојбата на засолништата од бомби, поради растечки безбедносни тензии во регионот, пишува српски „Телеграф“. Во таа насока, регионалниот управител на Варна побарал преглед на капацитетите и техничката исправност на засолништата на територијата на регионот, со цел да се добие појасна слика за нивната употребливост во евентуална вонредна состојба.Според наводите во текстот, низ државата постојат повеќе објекти што историски биле наменети за заштита на населението, но клучното прашање е во каква состојба се денес. Како пример се посочува подземен бункер во софискиот округ Лозенец, за кој се наведува дека последен пат бил користен за време на Втората светска војна, а со години е запуштен.Во описот на објектот се споменуваат коридори со ознаки кон различни простории, како и остатоци од канализациски и вентилациски системи. Се наведува дека просторот е обемен, со два влеза и повеќе простории што личат на менза, санитарии и работни простории, додека доминантни се долгите ходници.Градоначалникот на округот, Константин Павлов, ја нагласува неизвесноста околу реалната функционалност на ваквите објекти, иако оценува дека би можеле да примат неколку стотини луѓе – но дека прашањата за вентилација и осветлување би морале да се решат пред евентуална употреба. Во истиот контекст се споменува и идеја бункерот во иднина да се пренамени во културен простор.Како најголемо засолниште од ваков тип во земјата, стручњаци го посочуваат метрото во Софија, со над 50 километри тунели. Според изјавата на директорот на Метрополитен, во случај на вонредна состојба би се користеле не само пероните, туку и тунелите, при што капацитетот би зависел и од конкретните потреби на луѓето што би се згрижувале.Се наведува и пример од Благоевград, каде еден од бункерите се наоѓа под станбена зграда и е изграден во 1960-тите. Новинар кој живее над објектот тврди дека со години никој не влегол во него и дека останал заклучен, иако во минатото бил предмет на одредени адаптации и опремување.Според податоци што се цитираат во текстот, во Бугарија има 247 засолништа во состојба што овозможува употреба. Од нив, 18 се оценети како технички добри и подготвени за итна употреба, додека 229 се во задоволителна состојба и би можеле да се доведат во подготвеност во рок од една недела.Во истиот контекст се споменуваат и потези поврзани со противвоздушна и противракетна заштита во регионот, при што се наведува дека грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас соопштил за преместување на една батерија „Патриот“ на северот на Грција, со цел да се зајакне одбраната што покрива и дел од бугарската територија. Дополнително, се споменува и распоредување на два авиона Ф-16 на северен грчки аеродром и испраќање високи офицери во оперативниот центар на бугарските вооружени сили во Софија, како мерки што, според изјавите, се преземаат по барање на бугарската страна.

Свет | пред 1 седмица

media-library6ck8967kbffs3ThJe8F

(Видео) Иран: Нема да напаѓаме соседни држави освен ако нападите доаѓаат од нивна територија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека соседните држави повеќе нема да бидат цел на ирански напади, освен во случај ако од нивна територија биде извршен напад врз Иран.Како што пренесуваат иранските медиуми, ваквата одлука ја одобрил привремениот совет за раководење на државата.Пезешкијан во своите изјави се извинил и до соседните земји за нападите што се случија во изминатите денови, нагласувајќи дека Техеран не сака дополнителна ескалација во регионот.Според него, Иран ќе реагира само доколку од некоја соседна држава биде започната воена акција против иранска територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Белата куќа со куп различни верзии за ударот врз Иран: Трамп и врвот на администрацијата не се усогласени за причините

Една недела по почетокот на американската воена операција „Епски бес“ против Иран, во Вашингтон сè појасно се гледа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не успева да понуди единствено и доследно образложение за тоа зошто конфликтот е започнат и кои се неговите конечни цели.Според наративот што Трамп го претставил при објавата на војната на 28 февруари, операцијата истовремено била претставена како одбранбен одговор на „децении иранска агресија“, како удар за уништување на ракетните капацитети, но и како чекор што треба да го отвори патот Иранците да ја „вратат својата земја“. Во истото обраќање, Трамп ја опишал кампањата и како напор за отстранување на „непосредна нуклеарна закана“.Неколку часа подоцна, реториката дополнително се проширила. Во разговор за медиуми, Трамп навестил два крајно различни сценарија – од долгорочно водење на војната со можност за поширок исход, до брзо завршување со ограничени удари од „два-три дена“, оставајќи отворено дека судирот може да биде и кратка казнена операција.Потоа следувале нови несогласувања. На 1 март, наводно на брифинг за персонал на Конгресот, претставници на Пентагон признале дека Иран не планирал да нападне американски сили или бази, освен ако прво не биде нападнат од Израел – изјава што ја поткопува тезата за „непосредна“ закана што ја повторувале претставници на Белата куќа.На првата прес-конференција во Пентагон по почетокот на ударите, министерот за одбрана Пит Хегсет ја претставил мисијата како прецизно дефинирана: уништување на иранските офанзивни ракети, нивното производство, морнарицата и делови од безбедносната инфраструктура, со цел Иран никогаш да не дојде до нуклеарно оружје. Истовремено, тој инсистирал дека ова не е војна за промена на режимот, но со изјави за „променет режим“ и повици Иранците да ја искористат „можноста“ оставил впечаток на спротивна порака.Само неколку часа по тој настап, државниот секретар Марко Рубио изнел поинакво објаснување: дека Вашингтон знаел оти Израел планира едностран напад врз Иран и дека Техеран однапред дал овластувања за автоматски одговор врз американските сили – па САД, според таа логика, дејствувале „превентивно“ за да спречат поголеми загуби.Веќе следниот ден, Трамп јавно го отфрлил тој пристап, тврдејќи дека одлуката била исклучиво негова и дека мотивот бил убедувањето дека Иран ќе нападнел прв. Со тоа, во јавноста паралелно циркулирале најмалку три меѓусебно исклучиви објаснувања: дека постои непосредна нуклеарна опасност, дека Иран ќе удри поради израелска акција, или дека Иран сам се подготвувал за напад.Во вториот брифинг во Пентагон, во услови кога пристигнале вести за загинување на шест американски војници, Хегсет настапил со уште поостра формулација за исходот, тврдејќи дека иранскиот режим е „готов“ и најавувајќи систематско уништување на капацитетите. Дополнително, вовел и ново оправдување: тврдење дека Иран се обидел да го убие Трамп, како и дека е убиен командант на единица на Револуционерната гарда која наводно стоела зад план за атентат.Кулминацијата на конфузните пораки дошла во петокот, кога Трамп објавил максималистичко барање – „безусловна предавање“ на Иран – и говорел за иднина во која по „избор на голем и прифатлив лидер“ Иран би бил „вратен од работ на уништувањето“. Потоа, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит се обидела да го стесни значењето на пораката, тврдејќи дека „безусловната предавање“ во суштина значи Иран да престане да претставува закана за САД и дека целта на операцијата е „целосно остварена“.Низ сите овие пораки, од Пентагон до Белата куќа, останува впечатокот дека во врвот на американската власт се води паралелна борба за тоа која верзија ќе стане официјална: ограничена воена операција со конкретни цели, долгорочно стратешко разорување на иранските капацитети или политички проект што директно ја допира иднината на иранската власт.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvfhsg2usard6eoN7OU

(Фото) На скопскиот аеродром запленети 150.000 фунти кај патник кој патувал за Лондон

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле 150.000 британски фунти кај странски патник кој патувал за Лондон, а кои не биле пријавени согласно законските обврски.Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информира дека парите биле откриени при контрола на патникот на аеродромот.Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во вредност до 10.000 евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани.Против патникот е поднесена прекршочна пријава.Од Царинската управа посочуваат дека институцијата континуирано работи на спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина и на борба против финансискиот криминал.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања