Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-librarya7bnog9i4cce4gLRA7U

(Вознемирувачки фотографии!) Улично куче нападна 4-годишно девојче во Битола: искасано по лицето, со повреди и на телото

Четиригодишно девојче е тешко повредено откако било нападнато од куче скитник, кое ја искасало во пределот на лицето. Спроед објавата на Сафет Бајрамов, девојчето било нападнато во дворот.„Ве молам за помош ако некој знае некој број од шинтерска служба Битола-Комуналец, денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето 4 годишно, кој знае број уште е тука низ маалата, кој знае дека прати, чупето се наоѓа во болница“, стои во објавата, за потоа да објави „Кучето е фатено, а внуката заврши на операција“.Од фотографиите кои ги објави семејството Бајрамови, јавно, се гледаат повредите на девојчето кое ги има и по рацете и во пределот на градите.Случајот, како што наведуваат, е пријавен и во полиција.Инцидентот предизвика вознемиреност кај жителите од населбата, кои апелираат до надлежните институции да преземат поефикасни мерки за справување со проблемот со уличните кучиња, со цел да се спречат слични случаи во иднина.

Македонија | пред 1 седмица

toskovski

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Доста е од жртви и трагедии“

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека институциите потфрлиле во повеќе случаи на насилство и трагедии во државата.Од партијата посочуваат дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.„Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес“, се наведува во реакцијата на СДСМ.Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави во период од две години, но, како што велат, институциите не реагирале навреме.СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, меѓу кои убиствата во Велес, случајот во кумановско Старо Нагоричане, како и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие, според нив, укажуваат на системски пропусти.„Сите овие трагедии имаат заедничка точка – систем што потфрла и МВР што не реагира навреме“, наведуваат од партијата.Од СДСМ обвинуваат дека наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Оставка од Панче Тошковски – веднаш“, порачаа од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye0764dubr9hl9qRB2ka

Пекинг повика на прекин на огнот: Светот не смее да се врати на „законот на џунглата“

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека војната на Блискиот Исток „никогаш не требаше да се случи“, повикувајќи на итен прекин на воените операции и политичко решение на конфликтот.Говорејќи на прес-конференција во Пекинг, тој нагласи дека употребата на сила не може да биде оправдување за конфликт.„Ова е војна која никогаш не требаше да се случи. Силната тупаница не значи и силна причина. Светот не смее да се врати на законот на џунглата“, изјави Ванг.Кинескиот министер ги критикуваше американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот.Пекинг повика на прекин на огнот и запирање на војната, предупредувајќи дека конфликтот не носи корист за никого. Кина, која е еден од најголемите увозници на иранска нафта, претходно ги осуди нападите и побара безбедност во Ормускиот теснец поради значењето за глобалната економија.Ванг истакна и дека е неопходно да се почитува суверенитетот на државите на Блискиот Исток, да се избегнува употребата на сила и мешањето во внатрешните работи на други земји, како и конфликтите да се решаваат преку политички дијалог.По нападите, кинескиот министер за надворешни работи телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и други високи дипломати.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybc7rjo6ceq1i1Lz3n3I

(Фото) Ограничување на дизел два дена пред новите цени: известување од „ЛУКОИЛ“ предизвика реакции

Известување за потрошувачи од компанијата „Луколил Македонија“ се појави на социјалните мрежи, а со кое се ограничува точењето на дизел, трактори, автобуси. Ова се случува во период кога граѓаните и онака се во паника дека цените драстично ќе се покачат веќе од вторник, бидејќи секој понеделник Регулаторна комисија ги утврдува новите цени на дериватите.Според известувањето, врз основа на одлука за привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси е ограничена на најмногу 50 литри. Граѓани пак, кои со автомобили биле на пумпите, посочуваат дека не биле ограничени колку гориво да наточат.Во документот се наведува и дека е забрането точење гориво во садови, односно туби и канистри, кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди.Ограничувањето, како што стои во известувањето, не се однесува на возила кои точат гориво согласно склучени договори со ЛУКОИЛ Македонија.Од компанијата наведуваат дека мерката се воведува како дел од, како што се наведува, општествено одговорното работење и со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.На известувањето има печат од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која според податоците на нинвниот веб-сајт се наоѓа на патот Прилеп-Битола, на влез од градот.„Скопје1“ испрати прашања до компанијата дали ова известување е пратено до сите подружници, зошто се решиле на ограничување на точење на дизел два дена пред да стапат на сила новите цени, но и дали компанијата очекува да се „збогати“ доколку ја сочува нафтата и ја продава по новите цени од Регулаторна. На прашањата очекуваме одговор, како и официјален став за ова објавено извстувањеВчера, премиерот Христијан Мицкоски уверуваше дека инсппекциските служби се на терен, бидејќи ограничување на продажбата или затворање на пумпи, граѓаните јавуваат дека се случува и кај други компании.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuj95t2g02vpfbGwnSq9

Иранската Револуционерна гарда: Подготвени сме за шестмесечна интензивна војна

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека вооружените сили на земјата се подготвени да водат интензивна војна против Соединетите Американски Држави и Израел најмалку шест месеци, доколку конфликтот продолжи со сегашното темпо.Портпаролот на гардата, Али Мохамад Наини, изјави дека иранските вооружени сили имаат капацитет да го одржат интензитетот на борбите во подолг временски период. Според него, Иран досега користел ракети од „прва и втора генерација“, но во наредниот период би можеле да бидат употребени и понапредни ракети со долг дострел.Изјавата доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна влезе во втората недела, со напади врз воена и енергетска инфраструктура и одмазднички ракетни и беспилотни напади низ регионот.Иранските власти истовремено предупредија дека ќе продолжат со одговор на нападите, додека американскиот и израелскиот политички врв најавуваат продолжување на воените операции против иранските воени и безбедносни структури.Аналитичарите предупредуваат дека во моментот не постои јасен дипломатски пат за завршување на конфликтот, а проценките се дека војната може да трае со недели или подолго доколку ескалацијата продолжи.

Свет | пред 1 седмица

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, демантиран од британскиот амбасадор

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче во изминатиот период ширеле паника во јавноста со, како што велат, „измислени теми“, меѓу кои и наводите за можен прием на мигранти од Велика Британија во Македонија.Од владејачката партија велат дека ваквите тврдења биле демантирани од релевантните институции, а дополнителен демант, како што наведуваат, стигнал и од британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.Според ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорот Лосон изјавил дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак водела преговори за решение кое би подразбирало испраќање мигранти во Северна Македонија.„Лосон особено нагласи дека таков договор не постои и никогаш не постоел“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со ова, како што велат, се разобличува „фабрикувана приказна“ на СДСМ која имала за цел да внесе страв и да ја манипулира јавноста. Партијата додава дека, според нив, опозицијата повторно се служи со методи на ширење лажни вести и дезинформации.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2lk17cb1nuhm0zuQ6gG

Осмомартовски протест во Скопје: Без партиски обележја, со порака против системското игнорирање на жените

Осмомартовскиот марш ќе започне денеска во паркот „Жена борец“ од 12 часот. Овогодишното мото е „Нема да нѐ снема“, а одборот им посочи на сите кои ќе присуствуваат да понесат цвеќе.„Утре ќе положиме цвеќе ан споменикот на Жена-борец и на украдената биста на Вера Јоциќ за да им се заблагодари на сите паднати борки што си го посветиле животот на жесната слобода но и на сите кои ја изгубиле борбата во овој немилосрден систем“, стои во најавата.Тие посочија дека маршот е граѓански порив против системско и долгогодишно бришење и игнорирање на жените.„Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, додадоа тие.

Македонија | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Израелската армија тврди дека ликвидирала команданти на Иранската револуционерна гарда

Израелските одбранбени сили соопштија дека извеле целен напад врз клучни команданти на Иранската револуционерна гарда, по извештаите за израелски воздушен напад врз хотел во Бејрут во кој загинаа најмалку четири лица.Според израелската војска, мета на нападот биле припадници на либанскиот корпус на единицата „Кудс“, надворешното оперативно крило на Иранската револуционерна гарда.Од израелската страна тврдат дека овие лица дејствувале од либанска територија со цел да спроведуваат, како што наведуваат, „терористички планови против државата Израел и нејзините граѓани“.Во соопштението израелската војска го обвини иранското раководство дека, како што се наведува, систематски делува меѓу цивилното население и во Иран и во Либан, користејќи ги цивилите како заштита за спроведување на своите операции.Израелските одбранбени сили наведуваат дека при операцијата биле преземени мерки за намалување на ризикот за цивилите, вклучително и употреба на прецизно оружје и воздушен надзор.

Свет | пред 1 седмица

bejrut-napad1

Израелски напад врз хотел во Бејрут: четворица загинати, десет повредени

Најмалку четири лица загинаа, а десет се повредени во израелски напад врз хотел во центарот на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.Според информациите на новинската агенција Ројтерс, во хотелот биле сместени лица кои биле раселени поради борбите во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут.Дел од луѓето кои престојувале во објектот претходно ја напуштиле зградата поради страв од нови напади.Нападот се случил во текот на ноќта и претставува дел од пошироката ескалација на конфликтот во регионот, при што Израел изведува операции врз цели во Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-library3suv56c2v1800W0xezb

ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Сценографијата на Шукова копирана од Србија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ ја користи последната трагедија во земјата за политичка промоција, реагирајќи на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.Според владејачката партија, настапот на Шукова претставувал копирање на кампањи кои веќе биле видени во регионот, оценувајќи дека станува збор за обид трагедијата да се искористи за привлекување внимание во јавноста.„СДС покажа дека повеќе не е политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. На вчерашната прес-конференција Каја Шукова копираше кампањи кои се веќе видени во регионот и се обиде последната трагедија во земјата да ја искористи како повод за внимание“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека сценографијата и пораките биле преземени од настани во Србија, додавајќи дека тоа, според нив, покажува недостаток на автентичност, идеи и визија во СДСМ.Во соопштението се додава дека темата за насилството врз жените е премногу сериозна за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, да се користи за политички перформанси во пресрет на 8 Март.„Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативен и ископиран ПР и сценарија преземени од други земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykqli5jaus2lidXFvLj6

(Видео) Ескалација на конфликтот: Израел гаѓа енергетски ресурси во Иран

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која како цели се наведуваат енергетските ресурси во земјата.На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огнени експлозии и густ чад над Техеран. На една од снимките, направена од автомобил во движење низ градска улица, се гледа како големи облаци чад се издигнуваат над делови од иранската престолнина.Снимките беа објавени откако Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле „неколку комплекси за складирање гориво“ во Техеран.Нападите претставуваат дел од засилените воени операции меѓу Израел и Иран, кои во последните денови доведоа до значителна ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранските државни медиуми: Постигнат „поголемински консензус“ за нов врховен водач

Иранските државни медиуми објавија дека е постигнат договор околу изборот на нов врховен водач на земјата, по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.Изборот на врховниот водач формално е во надлежност на т.н. Совет на експерти – тело составено од 88 исламски ученици, избрани поради лојалност кон режимот. Еден од членовите на Советот, ајатолахот Мохамадмехди Мирбагери, изјавил дека „повеќе или помалку“ е постигнато мнозинско усогласување, но посочил дека сè уште треба да се надминат „неколку пречки“ поврзани со самата постапка.Како можна точка на несогласување се наведува прашањето дали конечната одлука мора да биде донесена на лична седница или може да се објави и без тој формален чекор. Иранските медиуми сугерираат дека токму ваквите процедурални дилеми ја одложуваат јавната потврда на името на новиот врховен водач, иако, според нив, политичкиот консензус веќе е во голема мера оформен.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhocff44o4egbeWaQAuO

(Видео) Sвездено небо за Кочани и песна од ДНК, не остана заборавен ни Тоше: Лозано наполни цела сала, а илјадници грла му беа пратечки вокали

Преполна сала, хит по хит и силни емоции во чест на музичарите кои оставија длабока трага во македонската музика – вака изгледаше концертот на Влатко Лозаноски – Лозано во арената „Борис Трајковски“.Концертот беше проследен со сценски спектакл, а речиси секоја песна Лозано ја пееше заедно со илјадниците гласови од публиката. Меѓу најсилните моменти беше изведбата на „Не кани ме“ од легендарниот Миле Кузмановски.Подоцна, придружуван само со клавијатурата, Лозано ја започна „Громови на душа“ од Тоше Проески, по што публиката продолжи да го пее текстот во еден глас.Еден од најемотивните моменти се случи кога публиката спонтано ги вклучи светилките од телефоните и ја претвори салата во „ѕвездено небо“, додека Лозано ја изведуваше „Што сака нека биде“ од групата ДНК.Концертот беше организиран од „Прагма продукција“, која најавува и нови музички спектакли во периодот што следува.Погледнете тука.

Настани | пред 1 седмица

w_55664211

Експлозии во северен Ирак: Напад со дрон врз американска воена база во Ербил

Американска воена база во близина на аеродромот во Ербил, во курдскиот регион на северен Ирак, била цел на напад со беспилотно летало.Според дописник на „Ал Џезира“ од терен, по неколку експлозии се слушнала и силна противвоздушна стрелба, што укажува дека системите за воздушна одбрана се обиделе да ја одбијат заканата од дронот.За сега нема официјална потврда од американските или ирачките власти за нападот, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета. Нападот се случува во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и засилени напади врз американски воени позиции во регионот.

Свет | пред 1 седмица

izrael-1

Хезболах со повеќе напади врз Израел: гаѓани Кирјат Шмона и поморска база во Хаифа

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека извршила повеќе напади врз цели во Израел, меѓу кои северниот град Кирјат Шмона и израелска поморска база во Хаифа.Во соопштението за јавноста, Хезболах наведе дека нападот врз Кирјат Шмона бил изведен околу 21:30 часот по локално време. Претходно во текот на денот, околу 17:30 часот, групата лансирала и рој беспилотни летала кон истиот град.Хезболах претходно потврди и напад врз израелската поморска база во Хаифа.Овие напади доаѓаат во услови на засилени тензии на северната граница на Израел и продолжување на судирите меѓу израелските сили и вооружени групи од Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

(Видео) Погодено складиште за нафта во Техеран во нови израелски напади

Израелските воздухопловни сили извршуваат напади врз иранската нафтена инфраструктура во Техеран, соопштија израелски официјални претставници, додека на социјалните мрежи се појавија и снимки од експлозии во иранската престолнина.Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади насочени кон инфраструктура на иранскиот режим во главниот град, најавувајќи дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна.Според иранската новинска агенција „Фарс“, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, погодено е складиште за нафта во јужниот дел на Техеран.Нападите следуваат откако израелската армија претходно соопшти дека започнала „бран напади“ насочени кон цели во иранската престолнина, во рамки на ескалацијата на конфликтот меѓу двете држави.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху до Иранците: „Се приближува моментот на вистината“ – Израел најавува „план со многу изненадувања“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеообраќање порача дека војната против Иран ќе продолжи „без прекин и без компромис“, најавувајќи дека Израел има „организиран план со многу изненадувања“ за следната фаза од конфликтот, со цел да се „дестабилизира режимот и да се овозможат промени“.Нетанјаху посебно се обрати до припадниците на Иранската револуционерна гарда (ИРГК), тврдејќи дека се „на нишан“ и испраќајќи порака дека оние што ќе го положат оружјето нема да бидат повредени, додека за останатите „последиците“ ќе бидат нивна одговорност.До иранскиот народ, израелскиот премиер рече дека „моментот на вистината“ се приближува и нагласи дека целта, според него, не е да се „подели Иран“, туку да се „ослободи Иран“. Тој додаде дека исходот зависи од самите Иранци – дали земјата ќе биде „ослободена“.Во обраќањето, Нетанјаху оцени дека евентуалното „ослободување на Иран“ би можело да донесе мир меѓу Израел и Иран. Тој, исто така, ја истакна улогата на САД и рече дека американско-израелскиот сојуз е „посилен од кога било“, споменувајќи разговор со американскиот претседател Доналд Трамп од декември, во кој, според него, било потенцирано дека мора по секоја цена да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.Нетанјаху ги обвини Обединетите нации за молк во врска со, како што тврдеше, убиства на Иранци од страна на врвниот лидер Али Хамнеи, прашувајќи каде биле ОН и дел од западните држави во тие моменти. Во продолжение нагласи дека „многу земји“ денес, според него, јасно гледаат на кого можат да се потпрат.Во истото обраќање тој испрати и предупредување до либанската влада, истакнувајќи дека таа, според него, има обврска да го спроведе договорот за прекин на огнот од 2024 година и да го разоружа Хезболах. Во спротивно, рече, нападите на Хезболах би можеле да донесат „катастрофа“ за Либан, додавајќи дека Израел ќе направи „сè што е потребно“ за да ги заштити своите градови и граѓани.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Иран: САД не ги исполнија своите цели во конфликтот

Главниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, изјави дека Соединетите Американски Држави не ги исполниле своите цели во конфликтот со Иран и дека нивните проценки за ситуацијата се покажале погрешни.Лариџани оцени дека Вашингтон верувал дека може да води кратка војна против Иран и дека преку создавање внатрешен хаос ќе ја дестабилизира земјата, вклучително и преку атентати врз врховниот лидер Али Хамнеи и други членови на иранското раководство. Според него, и двата сценарија се покажале како неточни.Тој нагласи дека иранските власти ги предупредиле сепаратистичките групи да не се мешаат во внатрешните работи на земјата, додавајќи дека иранскиот народ е обединет пред притисокот од САД и Израел.Лариџани ја отфрли и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да имаат улога во изборот на идното иранско раководство, оценувајќи ја како непромислена.Воедно повтори дека Иран нема да ги напаѓа соседните држави, сè додека тие не дозволуваат нивната територија да се користи за напади врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

(Видео) Стојанче, сопругот на Ивана останува во притвор уште 8 дена: правеше гримаси на прашањата дали чувствува грижа

Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд. Беше прашан дали станал поголем маж со насилството кое седум години го трпела Ивана, како што тврди Обвинителството – но не одговори. За него судот извести дека останува во притвор уште осум дена.Тој молчеше и на прашањата дали чувствува вина, дали со молчење се брани и во судот каде ќе се одлучува за неговиот притвор откако Обвинителството отвори истрага.  Кога беше прашан од нашата екипа „како можевте седум години да малтретирате жена“, тој мавташе со главата.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и шестгодишна ќерка Катја.Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Ивана Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот. Таа ја земала во раце својата шестгодишна ќерка и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, по што двете паднале на бетонската

Настани | пред 1 седмица

media-libraryrgc1u384vj885cshV65

Од два мобилни телефона до глобална наркомрежа: Европол разоткри синџир на три континенти

Конфискацијата на два мобилни телефона во мал шведски град доведе до разоткривање на добро организирана криминална мрежа која дејствувала во Европа, Азија и Австралија, соопшти Европол. Координираните операции спроведени на 4 март во Шпанија, Шведска и Тајланд беа насочени кон клучни членови на мрежата и се надоврзаа на претходните акции во Австралија.Истрагата, позната како „Операција Кенди“, започнала во ноември 2023 година кога шведските власти заплениле два мобилни телефона од локален дилер на дрога. Она што првично изгледало како рутински случај брзо прераснало во меѓународна истрага. Анализата на податоците од телефоните открила шифрирани комуникации, меѓународни контакти и детали за активности кои укажувале на сложена криминална структура што делувала во повеќе држави.Експертите на Европол им помогнале на шведските истражители во анализата на податоците, при што било утврдено дека станува збор за неколку меѓусебно поврзани криминални мрежи специјализирани за синтетички дроги и перење пари. Тие биле поврзани преку посредници и комплексна мрежа од компании кои се користеле за прикривање на сопственоста, логистиката и финансиските текови.Истражителите откриле дека членовите на мрежата во Шведска управувале со голема операција за онлајн продажба на дрога во нордискиот регион, но и со структури за дистрибуција и перење пари. Истата криминална организација стоела зад пратка од 1,2 тони дрога пресретната во Германија, наменета за австралискиот пазар. Во Австралија биле уапсени дистрибутери кои ја чекале пратката, додека во Шпанија клучен осомничен бил поврзан со организирање на трговијата со дрога во големи размери.По идентификувањето на главните осомничени, властите извршиле околу дваесет истовремени претреси на 4 март. Операциите биле координирани од неколку командни центри во Европа, вклучително и седиштето на Европол.Во акцијата биле уапсени 13 лица – четири во Шпанија, шест во Шведска и три во Тајланд. Запленет е имот во вредност од околу четири милиони евра, а истрагата за дополнителни финансиски средства продолжува. Заедно со претходните апсења во Австралија, вкупниот број на приведени лица во овој случај се искачи на 15.Истрагата во Австралија започнала по дојава од германската царина, која во февруари минатата година открила и запленила 1,2 тони дрога наменета за Мелбурн. Пратката била скриена во контејнери декларирани како материјали за изградба на патишта. Германските власти ги отстраниле наркотиците и дозволиле пратката да продолжи кон Австралија, каде полицијата спровела контролирана испорака и уапсила двајца осомничени.Од Европол посочуваат дека случајот покажува како денешните криминални мрежи функционираат преку флексибилни, меѓусебно поврзани структури и често се вградени во легалната економија. Според последната проценка на агенцијата, дури 86 проценти од најопасните криминални мрежи во Европската Унија ги злоупотребуваат легалните деловни структури, особено во секторите како логистика, градежништво и недвижности.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrikvisido9ld3PXfRkd

Јас би се чувствувал засрамено да седам на маса со Бугарија, ако тие му забраниле влез на адвокатот кој ги брани Македонците таму, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на информацијата дека адвокатот Тони Менкиноски добил забрана за влез во Бугарија во траење од десет години, оценувајќи дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозен удар врз демократските принципи.„Доколку е точно, тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите кај нашиот источен сосед. Јас би се чувствувал засрамено да сум човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите кај источниот сосед. Тука мислам на земјите членки на Европската Унија кои треба да реагираат, ако ова е така“, изјави Мицкоски.Претходно адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години. Тој ја оцени одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски кажа дека забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9n0plb1na3984TtxGIc

(Видео) Дека бензиските не точат гориво дознал и Мицкоски, инспекторите на терен: Владата ќе интервенира ако цените драстично пораснат

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека во државата има доволно нафта и нафтени деривати и дека граѓаните не треба да бидат загрижени поради информациите за можен недостиг или ограничувања на бензинските пумпи.„Имаме доволно нафта и нафтени деривати во државава. Граѓаните треба да бидат спокојни. Цените кај нас се драматично поевтини. Ако во Србија е 100 денари, кај нас е 70 и нешто. Доколку има драматичен скок на цената, ние како Влада на редовната седница ќе интервенираме, дали ќе намалиме данок или акциза, ќе застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека надлежните институции веќе постапуваат по информациите за евентуални неправилности на бензинските станици.„Државниот инспекторат е на терен. Секое девијантно однесување ќе биде санкционирано“, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за поплаките од граѓани дека на одредени бензински пумпи не се точат деривати или се чекаат нови цени.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Иранскиот амбасадор во Велика Британија: Ќе се браниме ако продолжат американските и израелските напади

Иран ќе продолжи да се брани доколку продолжат нападите од страна на САД и Израел, изјави иранскиот амбасадор во Велика Британија, Сејед Али Мусави, во интервју за Би-Би-Си.Тој нагласи дека Техеран покажува подготвеност да не ги напаѓа соседните држави, но предупреди дека ситуацијата зависи од активностите на американските и израелските сили.„Доколку агресијата од американската и израелската страна продолжи, нема сомнеж дека ќе продолжиме да се браниме“, изјави Мусави.Тој посочи дека Иран не сака да ги напаѓа соседните земји, но доколку од нивна територија се користат воени бази за напади врз Иран, тие објекти ќе се сметаат за легитимни цели.Изјавата доаѓа во момент на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако иранскиот претседател претходно се извини за нападите врз соседните држави и најави дека Иран е подготвен да ги запре, доколку не продолжат нападите врз неговата територија.

Свет | пред 1 седмица

napad-liban

Крвава ноќ во долината Бекаа: десетици жртви по израелски напади во Либан

Најмалку 41 лице загинало во израелски воздушни и копнени напади врз либанонскиот град Наби Чит, во источниот дел на долината Бекаа, соопшти либанонското Министерство за здравство.Според истите информации, во нападите се повредени најмалку 40 лица.Нападите се дел од ескалацијата на конфликтот во регионот, при што израелските сили изведуваат операции против цели на либанска територија. Локалните власти соопштуваат дека спасувачките служби и медицинските екипи се на терен и работат на извлекување на повредените и расчистување на последиците од нападите.

Свет | пред 1 седмица

media-librarym4im80oeu3pid1hk8hk

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката во врвот на СДСМ преминува во политичка хистерија

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека однесувањето на функционерите на СДСМ, како што наведуваат, сè повеќе наликува на „политичка хистерија“, обвинувајќи ја опозициската партија дека се обидува да создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста.Според владејачката партија, настапите на претставниците на СДСМ се координирани и исполнети со исти пораки и напади.„Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДС сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија. Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека наместо аргументи и политички ставови, од прес-конференциите на СДСМ излегуваат, како што велат, нервоза и паника.„Стравот од сопствениот политички крај и одговорноста за пустошот што го оставија зад себе ги тера да реагираат нервозно и очајно да се обидуваат секоја трагедија да ја претворат во политички циркус“, велат од партијата.Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што наведуваат, обидите трагедиите да се злоупотребуваат за дневнополитички напади.„Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија и очајни настапи од една партија која очигледно не може да се помири со сопствениот пораз“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања