Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Што ако избие нуклеарна војна: Пет милијарди жртви, 10 години без храна, само две земји можат да преживеат

Растечките геополитички тензии повторно ја враќаат една од најмрачните теми на современиот свет: што навистина би значело нуклеарна војна – дури и ако се води меѓу ограничен број држави. Во анализите што се темелат на научни модели, клучната опасност не е само моменталното уништување од детонациите, туку долготрајниот удар врз климата и храната, кој би го променил секојдневието на планетата со години.Според такво сценарио, првите часови и денови би донеле масовни жртви во зоните на директните удари – градови и критична инфраструктура би биле избришани, а преживеаните би се соочиле со хаос, прекин на здравствени услуги и недостиг од вода и енергија. Но уште поголемата катастрофа, според научните процени, би настапила потоа, кога огромни количества чад и саѓи би се издигнале во атмосферата и би ја намалиле сончевата светлина.Токму таа фаза се опишува како „нуклеарна зима“ – период на затемнување и нагло ладење, кој би ја погодил глобалната земјоделска продукција. Со пад на приносите и прекин на синџирите на снабдување, светот би влегол во долга криза на храна, каде што гладот би станал главниот убиец, а социјалните системи би се распаѓале под притисок на недостиг и миграции.Во една од проценките што се цитираат во јавноста, се наведува дека бројот на жртви би можел да достигне до пет милијарди луѓе, зависно од размерот на конфликтот и количината на материјал исфрлен во атмосферата. Дел од населението би можело да ги преживее почетните удари, но би влегло во свет со драматично променети услови за живот, каде што земјоделството би било потиснато со години, а секоја држава би се борела да ги заштити преостанатите резерви.Во оваа логика на преживување, како најповолни се посочуваат држави кои се географски изолирани, имаат капацитет за производство на храна и се доволно далеку од главните цели. Во таквите процени, Австралија и Нов Зеланд се издвојуваат како места што би имале релативно поголеми шанси да одржат одредено ниво на земјоделско производство и функционирање, иако и таму условите би биле далеку од нормални.Експертски коментари што се пренесуваат во јавните дискусии предупредуваат дека дури и нај„сигурните“ региони не би биле поштедени од тешкотии: живот со ограничени залихи, можни прекини во снабдувањето, опасности од радијација, како и потреба од долготрајни мерки на заштита и приспособување. Овој тип сценарија, нагласуваат анализите, не служи за сензационализам, туку како потсетник дека вистинската цена на нуклеарниот конфликт не се мери само во детонации, туку во години изгубена стабилност и поколенија што би живееле во последиците.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонија организира четири чартер летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, слободните седишта се за соседните држави

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска започнува евакуацијата на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што првата група граѓани се враќа од Дубаи во Скопје.Тој посочи дека покрај летот од Обединетите Арапски Емирати, Владата организира и дополнителни чартер летови за евакуација на граѓани од други земји во регионот.„Првата група која ја евакуираме од Дубаи за Скопје е денеска. Имаме организирани чартери од Саудиска Арабија кои треба да ги прифатат граѓаните од Катар и Кувајт кои треба да заминат во среда. Има четири чартер летови, имаме десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да донесеме. Од некогаш слабата Влада која молеше за 5.000 вакцини, сега сме фактор на стабилност“, изјави Мицкоски.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва околу 21:15 часот.На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqt7ql19uaue99HYItsK

(Видео) „Трпи си, пријави си, умри си“, „Здраво, колку букети ви е животот?“, револт на маршот за Денот на жената

Со гласни пораки дека „нема слобода без слободни жени“, се одбележа годинешниов Ден на жената. Тие порачаа „нема да нѐ снема“, а преку говори се зборуваше за проблемите со кои се соочува понежниот пол низ годините.Се осврнаа и на насилството врз жените кое изминатиов период доживеа експанзија, особено по трагедијата во Карпош. Преку транспаренти порачаа „Спот за насилството, љубовта не убива, љубовта сака“. Реагираа за жените кои бараа спас во институциите, прашувајќи „пријавија и што дека?“, а преку друг транспарент констатираа „Трпи си, пријави си, умри си“.Упатија порака и до работодавачите, на кои им порачаа „Жените работнички не се ваши машини – ние сме вашата револуција“. Иронично, прашаа „Здраво, колку букети ви е животот“, алудирајќи на тоа дека денот се претворил во подарување цвеќиња без да се запази суштината.Тие побараа унапредување на женските права, поголема заштита од институциите и правично општество.

Скопје | пред 1 седмица

benzinska-benzin-nafta-

(Видео) Има притисок од странство на бензинските пумпи, но деривати има доволно,државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.„Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“, рече Мицкоски.Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.„Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати“, нагласи премиерот.Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.„Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye50kj36i7q5l2SbRaY1

(Видео) Семејната трагедија во Карпош, СДСМ ја претвори во политичка платформа, никој нема право на тоа, вели Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагедијата во скопската населба Карпош се користи за дневнополитички напади.Мицкоски изјави дека на прес-конференцијата претседателката на Форумот на жени на СДСМ била опкружена со млади жени со црвено обоени дланки, што, според него, требало да асоцира на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка.„Во пресрет на 8 март, претседателката на Форумот на жени на СДСМ одржа прес-конференција опкружена со млади дами кои со црвени обоени дланки сакаат да нѐ потсетат на Шарената револуција, а да нѐ потсетат и на трагедијата во Карпош, каде животот го загубија мајка и нејзината ќерка. Ова беше повод за дневнополитички напади. Никој нема право семејна трагедија да ја претвори во сцена за политички поени, особено не во денови кога целото општество треба да зборува за достоинството и безбедноста на жените“, рече Мицкоски.Тој додаде дека начинот на кој СДСМ настапува во јавноста во последните денови, според него, наликува на затворен круг кој постојано ги повторува истите наративи и напади.„Кога една политичка структура функционира така и репродуцира исти приказни, станува јасно дека проблемот не е само политички. Сериозно сме загрижени за состојбата во која се наоѓа врвот на СДСМ. Гледаме паника и очајнички обиди трагедијата да ја претворат во политичка платформа“, изјави Мицкоски.Премиерот посочи дека државата се соочува со сложени глобални околности и повика на одговорно политичко однесување.„Живееме во тешки историски времиња. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ја даваат својата поддршка и ги одбиваат овие хистерични обиди од СДСМ. Економиите се под притисок, стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат одговорни, а најмалку што ни треба е паника“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трампов сојузник и нафтен милијардер им порача на Американците: „Издржете еден месец“ додека растат цените на горивата

Њујоршкиот милијардер Џон Катсиматидис, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и сопственик на нафтената компанија United Refining Company, им порача на потрошувачите да не паничат поради поскапувањето на горивата во сенката на војната со Иран, оценувајќи дека станува збор за „привремена флуктуација“.Во интервју за „Форбс“, Катсиматидис предвиде дека цената на нафтата „во следните неколку дена“ може да се искачи и до 100 долари за барел, но истовремено изрази уверување дека ќе се намали „исто толку брзо“ кога ќе се овозможи нормално движење низ Ормутскиот Теснец. Тој, исто така, рече дека не направил промени во набавките или работењето на компанијата бидејќи очекува конфликтот да заврши за „помалку од 30 дена“.„Издржете еден месец“, порача Катсиматидис, додавајќи дека САД треба да можат да „ги елиминираат терористите“.Тој предупреди и дека „никој не треба ни да помисли да им се спротивстави на Соединетите Американски Држави“, тврдејќи дека ќе биде „срамнет“.Катсиматидис смета дека дел од меѓународните нафтени компании „ја сакаат паниката“ затоа што би можеле да заработат повеќе, но нагласи дека тоа, според него, не е случајот со неговиот бизнис. Рече и дека со Трамп не разговарал конкретно за цените на горивата, но дека би му советувал побрзо да ги заврши операциите.Во меѓувреме, цените на горивата на бензинските пумпи во САД во петокот достигнале 3,45 долари за галон, според податоците на организацијата AAA, што е речиси 50 центи повеќе отколку една недела претходно. Цената на нафтата во петокот се искачила на 90 долари за барел, а катарскиот министер за енергетика предупредил дека до крајот на месецот може да достигне и 150 долари.„Ние само произведуваме гориво. Тоа е светски пазар. Сите ќе ги почувствуваме последиците“, посочи Катсиматидис, објаснувајќи дека кога влезните трошоци растат, цените мора да се прилагодат и на пумпите.Според проценка на „Форбс“, Катсиматидис располага со богатство од околу 4,8 милијарди долари. Тој е основач и извршен директор на холдингот Red Apple Group, во чие сопствеништво е и United Refining Company, која располага и со рафинерија во Ворен, Пенсилванија, со капацитет за преработка од околу 70.000 барели сурова нафта дневно. Компанијата, според објавените податоци, снабдува околу 400 бензински пумпи под брендовите Kwik Fill и Country Fair во Пенсилванија, Њујорк и Охајо.Во текстот се потсетува и на неговите реакции во американската внатрешна политика: Катсиматидис, кој го поседува и синџирот супермаркети Gristedes во Њујорк, минатото лето остро реагирал по подемот на демократскиот кандидат за градоначалник Зохран Мамдани, кој во кампањата зборувал за поевтини намирници и градски продавници, најавувајќи дека би можел да затвори повеќе свои продавници.

Свет | пред 1 седмица

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

За две недели: 21 кривична пријава за семејно насилство, пет за родово базирано насилство и пет мерки притвор

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што шест пријави биле поднесени по брза постапка.На подрачјето на СВР Скопје, според соопштението, поднесени се и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на делото „загрозување на сигурноста“, а две на кривичното дело „демнење“.Во истиот период се определени пет мерки „притвор“, како и една мерка „претпазливост“ на подрачјето на СВР Скопје.Како најзастапени кривични дела во делот на семејното насилство МВР ги наведува „загрозување на сигурноста“ (11 случаи) и „телесна повреда“ (10 случаи). Дополнително, регистрирани се по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.За случајот „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, МВР посочува дека сторителот е лишен од слобода и дека се преземаат интензивни мерки за целосно документирање на настанот и за поднесување соодветна кривична пријава.По сектори за внатрешни работи, распределбата на поднесените пријави за семејно насилство е следна:СВР Скопје – 5 кривични пријавиСВР Куманово – 2СВР Штип – 3СВР Охрид – 4СВР Струмица – 5СВР Тетово – 1СВР Велес – 1МВР додава дека во наведениот двонеделен период на територијата на целата држава биле пријавени 39 настани поврзани со кривични дела со семејно насилство, како и 63 поплаки во врска со семејно насилство.Во контекст на споредбите со изминатите години, од МВР нагласуваат дека во 2025 година е забележан тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, а тој тренд продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu00k4vrtc2c32BrPqTj

Украинската државна банка бара од Унгарија да врати пари, злато и оклопни возила

Украинската државна банка соопшти дека ќе покрене правни постапки за да ја врати банкарската имотина која, според неа, и понатаму се наоѓа во Унгарија, откако унгарските власти привеле нејзини вработени и заплениле возила што служеле за транспорт на вредности.Според соопштението на банката, седумте вработени кои биле привремено задржани од унгарските власти веќе се вратиле дома, но „возилата и вредностите“ и натаму се задржуваат без законска основа. Банката најави дека ќе преземе два правни чекори: жалба на рестриктивните мерки што ги вовеле унгарските миграциски власти и постапка поврзана со наводно кршење на правата на вработените за време на притворот.Банката наведува дека притворот траел повеќе од еден ден и дека во тој период, според нивните тврдења, лицата немале пристап до правна помош и конзуларна поддршка.Во истиот контекст, банката соопшти дека ќе бара враќање на запленетиот имот, меѓу кој се споменуваат два транспортни возила за пренос на готовина и вредности, како и средства и злато што се превезувале. Банката тврди дека транспортот бил изведен согласно украинските закони и дека релевантната документација е доставена до Националната банка на Украина за проверка. Дополнително, се разгледува и ангажирање независна меѓународна ревизорска куќа за да ги провери договорите и процедурите поврзани со операцијата.Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу Киев и Будимпешта. Унгарските власти случајот го поврзаа со сомневања за перење пари, а од унгарска страна беа изнесени и тврдења за можни врски со криминални структури. Украинските власти реагираа остро, оценувајќи дека станува збор за неприфатлив потег што дополнително ги нарушува односите меѓу двете земји.Во позадина, според украински и унгарски медиумски наводи, се надоврзуваат и политички несогласувања околу транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој извесен период не е во функција, што дополнително ја подгрева дипломатската напнатост.

Свет | пред 1 седмица

media-library9ehhqh7k71795YEWgOP

Земјотрес од 5,3 ја потресе северозападна Грција – почувствуван и на Крф и во јужна Албанија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени утринава ја погоди северозападна Грција, при што потресот се почувствувал и во поширокиот регион околу туристичкиот остров Крф, како и во делови од јужна Албанија.Според првичните информации од надлежните служби во Грција, потресот се случил околу 5:32 часот по локално време, а епицентарот бил на копно, во близина на регионалниот центар Јанина, на длабочина од околу 10 километри.По главниот удар биле регистрирани и повеќе помали последователни потреси. Дел од жителите, исплашени од тресењето, се разбудиле и излегле од своите домови, додека локални медиуми јавуваат и за краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои подрачја, како и за појава на помали свлечишта.Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета на објектите. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, а жителите се повикуваат на внимателност поради можни дополнителни потреси.

Свет | пред 1 седмица

media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс повторно во центарот на скандал: по апсењето во Калифорнија може да се соочи и со затвор

Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс би можела да се соочи со сериозни правни последици по неодамнешен инцидент во Калифорнија, откако била приведена под сомнение дека управувала возило под дејство на алкохол и дрога.Според наводите, полицијата интервенирала по пријава за црн BMW кој се движел со голема брзина и нестабилно по автопат во округот Вентура. При запирањето, било наведено дека во автомобилот била сама и дека покажувала знаци на интоксикација. По извршени тестови на лице место, била приведена и однесена во притвор во округот Вентура, каде што била задржана неколку часа, по што била пуштена.Во текот на постапувањето, наводно биле пронајдени таблети во возилото, кои се испратени на анализа за да се утврди дали станува збор за забранети наркотични супстанции или лекови без соодветен рецепт. Доколку лабораториските резултати покажат прекршување на законот, можно е случајот да добие дополнителна тежина и да донесе нови обвиненија.Полицијата, според истите информации, ја одвела и во болница за земање крв, со цел да се утврди присуство на алкохол или дроги. Резултатите од тие тестови се дел од истрагата што сè уште трае, а конечната одлука за тоа дали ќе се подигнат формални обвиненија треба да ја донесе обвинителството на округот Вентура.Спирс треба да се појави пред суд на 4 мај, кога се очекува да биде разгледано дали ќе следи официјално обвинение и какви санкции би можеле да ѝ бидат изречени, вклучително и можност за затворска казна.

Магазин | пред 1 седмица

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.45

Ѓоковиќ уверен: Алкараз има сѐ за да го сруши мојот рекорд од 41 победа – но клучот е во телото

Новак Ѓоковиќ оцени дека Карлос Алкараз има реални шанси да го надмине неговиот рекорд од 41 победа во една сезона, поставен во 2011 година, нагласувајќи дека младиот Шпанец поседува „сѐ што е потребно“ за таков подвиг – игра, приспособливост на различни подлоги, кондиција и брзо закрепнување.Изјавата доаѓа од Индијан Велс, каде што Ѓоковиќ го отвори настапот со победа над Григор Димитров и воедно зборуваше за сериите што се граделе со месеци, но се одржуваат меч по меч, под силен притисок и со минимален простор за грешка.„Тој може да го направи тоа. Има сѐ што е потребно – игра, приспособливост на различни подлоги, кондиција и опоравување… Мора да го чува своето тело. Ако го чува телото, толку е добар што може да освои кој било турнир на кој игра“, порача Ѓоковиќ.Според Ѓоковиќ, токму физичката грижа и распоредот се пресудни во трката по ваков тип рекорд, бидејќи долгиот победнички низ не е само прашање на форма, туку и на мудро дозирање на напор, патувања и ризик од повреди. Тој потсети дека и самиот имал неколку почетоци на сезони со над 25 победи, но дека да се помине границата од 40 е „исклучително барано“.Алкараз, кој ја продолжи победничката серија на стартот на сезоната, призна дека дури кога ќе се стигне до двоцифрен број триумфи станува јасно колку е тежок патот до историски бројки, затоа што тогаш следуваат најголемите турнири и најтешките мечеви, каде што секој ривал има дополнителна мотивација да ја прекине серијата.„Тоа е сериозен предизвик… Тогаш сфаќаш колку е импресивно тоа што го постигна Новак“, истакна Алкараз.Во математиката на рекордот, потенцијалната титула во Индијан Велс би го подигнала сезонскиот биланс на Алкараз на 18 победи, што значи дека би му останале уште 23 триумфи до границата од 41 – задача што во пракса подразбира уште неколку големи турнири со речиси совршен учинок.Ѓоковиќ, сепак, подвлече дека токму менталниот моментум е она што може да ја „влече“ серијата: со секоја победа расте самодовербата и чувството дека следниот меч е нова можност за зацврстување на формата. На крајот, тој му посака на ривалот уште многу успех, оценувајќи дека она што Алкараз го прави е важно и „извонредно“ за тенисот.

Спорт | пред 1 седмица

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Новак Ѓоковиќ по пласманот во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс изјави дека во моментов нема „прв тренер“ и дека не планира да назначи таков, затоа што не чувствува дека е подготвен, во оваа фаза од кариерата, да започне процес на целосно запознавање и градење нова соработка.По победата над Камил Мајхшак во второто коло, српскиот тенисер нагласи дека е мирен со ситуацијата и дека смета оти го има потребното за да функционира на турнирите без класичен шеф на стручниот штаб.„Немам никого кого би можел да го наречам прв тренер во овој момент. И јас сум во ред со тоа. Чувствувам дека го имам она што ми е потребно. Не мислам дека сега сум подготвен, во оваа фаза од кариерата, да доведам некој сосема нов и да поминам со него низ целиот процес на запознавање“, порача Ѓоковиќ.Иако наскоро ќе наполни 39 години, Ѓоковиќ истакна дека амбицијата да биде сè подобар на теренот не се менува, па отсуството на „прв тренер“, според него, не значи дека престанал да работи на напредок.„Недостигот на тренер не значи дека не се обидувам да ја подобрам играта или да иновирам, да најдам начини на и надвор од теренот да ја подобрам играта. Го правам тоа, доведов различни луѓе, поминав неколку недели анализирајќи и деконструирајќи ја мојата игра“, додаде тој.Во третото коло во Индијан Велс, Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ.

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2022-02-27-120002

Литванското разузнавање предупредува: Русија се подготвува за можен судир со НАТО

Литванската разузнавачка служба предупредува дека Русија систематски ги зајакнува своите воени сили долж источната граница на НАТО и се подготвува за можен идeн конфликт со Алијансата.Во годишниот извештај за националните безбедносни закани за 2026 година се наведува дека Москва ги проширува своите воени капацитети, ги претвора постојните бригади во дивизии, формира нови единици и интензивно развива воена инфраструктура, особено во ексклавата Калининград.Според литванските аналитичари, дел од единиците и воената опрема се испраќаат директно на фронтот во Украина за да стекнат борбено искуство, што, како што се наведува, создава основа за формирање поголема и поефикасна воена сила во иднина.Извештајот предупредува дека Русија би можела да изгради армија која ќе биде за 30 до 50 проценти поголема отколку пред почетокот на војната во Украина, со модернизиран арсенал и обновени стратешки резерви на оружје и муниција, способни за конвенционален судир со НАТО.Како клучен фактор за можна ескалација се посочува евентуалното укинување на западните санкции, по што Москва, според проценките, би можела да биде подготвена за поширок конфликт со Алијансата во рок од шест години.Посебно внимание во извештајот се посветува на таканаречениот Сувалкиски коридор меѓу Полска и Литванија, кој ја раздвојува Белорусија од Калининград и се смета за најранливата точка во одбраната на НАТО на истокот од Европа.Литванските служби оценуваат дека долгорочните цели на Кремљ остануваат непроменети – потчинување на Украина и промена на рамнотежата на силите во Европа во корист на Москва. Во меѓувреме, НАТО продолжува да ја зајакнува одбраната на источниот фронт, а Литванија повикува на дополнително зајакнување на военото присуство на Алијансата во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library87p9hckhhseu4e9WSUJ

Од њујоршките улици до светски симбол: како 8 Март стана Меѓународен ден на жената

Меѓународниот ден на жената, кој се одбележува на 8 март, денес е еден од најпрепознатливите датуми поврзани со борбата за рамноправност, работнички и политички права на жените и пошироката идеја за социјална правда. Но патот до тоа 8 Март да стане глобален симбол не започнал со свечености и честитки, туку со организирани протести, синдикални барања и отпор против неправедните услови во кои живееле и работеле жените на почетокот на 20. век.Еден од пресвртните моменти што често се посочува во историјата на овој ден е протестот на 8 март 1908 година во Њујорк, кога околу 15.000 текстилни работнички излегле на улица со барања за подобри работни услови, пократко работно време и право на глас. Токму ваквите масовни работнички движења го поставиле темелот на идејата дека женските права не се „приватно“ прашање, туку јавна и политичка тема.Неколку години подоцна, во 1910 година, на Меѓународната социјалистичка женска конференција во Копенхаген, германската активистка Клара Цеткин предложила да се воведе посебен ден посветен на женските права, како средство за меѓународно обединување на движењата за еднаквост и за правото на глас. Веќе следната година, во 1911, Денот на жената бил одбележан во повеќе европски земји, но тогаш на 19 март, со масовни собири и демонстрации.Клучниот чекор кон конечното „врзување“ на празникот за 8 март се случил во 1917 година во Русија, во услови на Првата светска војна, глад и општествена криза. Тогаш, на 8 март според грегоријанскиот календар (односно 23 февруари според јулијанскиот), работнички во Петроград организирале големи протести против војната и недостигот од храна. Овие настани се сметаат за еден од катализаторите на Февруарската револуција, по која дошло до големи политички промени, а 8 март подоцна бил прогласен за национален празник во чест на женскиот придонес.Во текот на 20. век, одбележувањето се ширело во сè повеќе земји, добивајќи различни локални облици, но задржувајќи ја истата порака: потсетување дека еднаквоста не се подразбира, туку се гради. Важна меѓународна потврда дошла во 1975 година, кога Обединетите нации официјално го признале 8 март во рамки на Меѓународната година на жената. Оттогаш, датумот се одбележува ширум светот како ден што ги истакнува и постигнатите поместувања, и предизвиците што остануваат.Денес, 8 Март се прославува на повеќе начини: некаде со протести и кампањи, некаде со јавни настани и институционални пораки, а некаде и со гестови како подарување цвеќе. Но неговото историско јадро останува исто — сеќавање на организираната борба на жените за достоинство, глас и еднакви можности, и повик тие вредности да не се сведат на симболика, туку да се претворат во секојдневна практика.

Магазин | пред 1 седмица

media-library6ck8967kbffs3ThJe8F

Иран избра нов врховен лидер, се чека официјална објава

Во Иран е избран нов врховен лидер, изјави Ахмад Аламолхода, член на иранското Собрание на експерти, телото задолжено за избор на највисокиот верски и политички авторитет во државата.Според неговите зборови, изборот веќе е одржан, а новиот лидер е избран, но официјалната објава сè уште се очекува.Како што пренесува полуофицијалната иранска новинска агенција „Мехр“, Аламолхода изјавил дека сега сè зависи од шефот на Секретаријатот на Собранието на експерти, Хосеини Бушехри, кој е задолжен јавно да ја соопшти одлуката.Собранието на експерти е тело составено од високи верски претставници во Иран, кое има уставна надлежност да го избере врховниот лидер и да ја објави неговата наследничка позиција.Засега не се објавени детали за идентитетот на избраниот лидер, ниту кога точно ќе биде објавена официјалната одлука.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

„Аксиос“: САД размислувале за заземање на иранскиот нафтен остров Харк

Американски претставници разгледувале можност за заземање на иранскиот остров Харк, стратешки терминал преку кој се извезува околу 90 проценти од иранската сурова нафта, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Според информациите, во рамки на дискусиите за можни сценарија во конфликтот, била разгледувана и опцијата за преземање контрола врз островот, кој претставува клучна точка за извоз на иранската нафта.Островот Харк се наоѓа во Персискиот Залив, на околу 25 километри од југозападниот брег на Иран, спроти провинцијата Бушер. Позициониран е во северниот дел на заливот, во близина на главните поморски рути што се користат за транспорт на нафта кон светските пазари.Поради неговата улога во извозот на енергенси, островот се смета за една од најважните енергетски инфраструктурни точки во Иран. Контролата врз оваа локација би можела сериозно да влијае врз иранската нафтена индустрија и врз економијата на земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library18np12uq4nc24DBX83h

(Видео) Си-Ен-Ен од Техеран: „Црн дожд“ паѓа врз градот по нападите врз нафтени складишта

Речиси десет милиони жители на Техеран утрово се разбудиле под густи црни облаци, откако израелски напади погодиле нафтени складишта во иранската престолнина, јави од терен новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген.Според неговото сведоштво, во градот паѓал дожд кој изгледал темен и загаден со нафта по пожарите што избувнале на погодените објекти.„Може да се види дека дождот, односно дождовницата, е всушност црна – изгледа како да е заситена со нафта. Тоа е она што утрово паѓа врз иранската престолнина, своевиден дожд помешан со нафта, по нападите што се случија“, изјави Плајтген во јавувањето од Техеран.Израелската војска претходно соопшти дека погодила складишта за гориво во Техеран кои, според нивните информации, дистрибуирале гориво до различни корисници, меѓу кои и воени структури во Иран.„Станува збор за значаен напад кој претставува дополнителен чекор во продлабочување на штетата нанесена врз воената инфраструктура на иранскиот режим“, соопштија Израелските одбранбени сили.Нападите врз нафтената инфраструктура се дел од пошироката ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој во последните денови се прошири со напади и контранапади низ целиот регион на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

izbori-britanija

Иран му се закани на Лондон: Бидете многу внимателни со вклучување во војната

Иранскиот амбасадор во Лондон, Сејед Али Мусави, ја предупреди Велика Британија да биде „многу внимателна“ со евентуално подлабоко вклучување во војната, истакнувајќи дека Техеран ќе има право на самоодбрана доколку британските сили директно се приклучат на американско-израелските напади.Во интервју за Би-Би-Си, Мусави изјави дека Иран очекува британската влада, како и другите западни влади, да постапуваат „многу внимателно и претпазливо“ во сегашната ескалација на конфликтот.Велика Британија им дозволи на Соединетите Американски Држави да користат британски воени бази за, како што велат британските министри, одбранбени удари врз ирански цели, но официјално не се приклучи директно на нападите. Иранскиот амбасадор оцени дека е „добро“ што Лондон не е директно вклучен во конфликтот, додавајќи дека британската влада, според него, извлекла поука од инвазијата врз Ирак во 2003 година.Сепак, Мусави нагласи дека секоја база што ќе се користи за напади врз Иран ќе се смета за легитимна цел.„Доколку објекти, имот или бази се користат против иранскиот народ, тие ќе се сметаат за легитимни цели“, изјави тој.На прашањето дали Иран ќе ги прекине нападите врз воени бази надвор од Израел, Мусави одговори дека тоа ќе зависи од потезите на САД и Израел.„Ако агресијата продолжи, нема сомнеж дека ќе се браниме. Ако тие сакаат да ги користат тие воени бази, иако ние тоа не го сакаме, нема сомнеж дека ќе се браниме во согласност со тоа“, рече иранскиот амбасадор.Конфликтот влезе во втората недела откако САД и Израел извршија напади врз цели во Иран, по што Техеран возврати со удари на повеќе локации во регионот, меѓу кои и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Оман и Ирак, како и во близина на британска воздушна база на Кипар. И покрај извинувањето што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го упати до соседните земји во Персискиот Залив, иранските власти најавуваат дека нападите врз американските воени бази ќе продолжат сè додека траат нападите врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library5gvscj926j5d7ZNyFee

План во сенка на војната: Можно испраќање специјални сили во Иран по нуклеарен материјал

Соединетите Американски Држави и Израел разговарале за можноста во подоцнежна фаза од војната да испратат специјални сили во Иран со цел да ги обезбедат резервите на високо збогатен ураниум, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите.Спречувањето Иран да дојде до нуклеарно оружје е една од целите на војната што ја истакна американскиот претседател Доналд Трамп. Според проценките, Техеран располага со околу 450 килограми ураниум збогатен на 60 проценти, кој може да се дообогати до ниво погодно за изработка на нуклеарно оружје за неколку недели.Секоја операција за заплена на овој материјал најверојатно би барала присуство на американски или израелски војници на иранска територија, кои би морале да навлезат во силно утврдени подземни објекти во услови на војна. Засега не е јасно дали евентуалната мисија би ја спровеле американските сили, израелските сили или би станувало збор за заедничка операција.Американскиот државен секретар Марко Рубио, запрашан во Конгресот дали иранскиот збогатен ураниум ќе биде обезбеден, изјави дека „некој ќе мора да оди таму и да го преземе“, без да прецизира кој би ја извршил таквата задача.Според израелски одбранбен претставник, администрацијата на Трамп сериозно ја разгледува можноста за испраќање единици за специјални операции во Иран за одредени мисии. Еден американски функционер навел дека се разгледуваат две опции – целосно отстранување на нуклеарниот материјал од Иран или испраќање нуклеарни експерти кои би го разредиле материјалот на самото место.Мисијата, според информациите, би можела да вклучува специјални оперативци заедно со научници, а можно е во неа да бидат вклучени и експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија.Американскиот претседател Трамп изјави дека испраќањето копнени сили во Иран е можно, но само доколку постои „многу добра причина“. На прашањето дали војници би можеле да бидат испратени за обезбедување на нуклеарниот материјал, тој не ја исклучи таа можност, додавајќи дека таква одлука евентуално би можела да се донесе во подоцнежна фаза.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydjd4ip6k155j9UOKaHX

(Видео) Пожар во нафтено складиште во Русија по напад со дрон, Москва ја обвинува Украина

Пожар избувна доцна синоќа во складиште за нафта во Краснодарската област во Русија, откако, според руските власти, бил извршен напад со украински дрон.Регионалниот кризен штаб соопшти дека огнот избувнал во складишно и претоварно постројување на Јужната нафтена компанија во градот Армавир. Засега нема официјален коментар од украинските власти за овие наводи.Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта над Краснодарската област биле соборени четири украински дрона. Пожарот во нафтеното складиште го потврдија и локални канали на Телеграм, како и очевидци од местото на настанот.Жителите на Армавир изјавиле дека непосредно пред избувнувањето на пожарот слушнале неколку експлозии и забележале дејствување на противвоздушната одбрана.На снимки и фотографии што се шират на социјалните мрежи се гледаат големи пламенови над индустрискиот објект, додека на местото пристигнуваат противпожарни и спасувачки екипи.Краснодарската област, која се наоѓа на југозападот на Русија покрај Црното Море, повеќепати била цел на напади со беспилотни летала во рамки на украинската кампања насочена кон руската енергетска и воена инфраструктура. Украина во изминатиот период често изведува напади длабоко во руската територија, користејќи беспилотни летала произведени во сопствен развој.

Свет | пред 1 седмица

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

ОВР Кичево поднела кривична пријава против А.А. (44) од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Рудничка“ во Кичево при предавање пакување со кокаин на друго лице од Кичево.Пакувањето било пронајдено и одземено.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Албански државјанин нападнал 26-годишна девојка од Чиле во Охрид

На 7 март 2026 година во 13:53 часот во СВР Охрид било пријавено дека во апартман на улицата „11 Октомври“ во Охрид, К.Х. од Албанија физички ја нападнал Д.А.С. (26) од Чиле.По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 седмица

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Семејно насилство во Охридско – сопруга нападната со пластичен предмет

На 7 март 2026 година во 18:30 часот во село во Охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б. (39) од истото село, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.Според пријавата, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон својата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 седмица

izrael-vojska

Израелската војска му се закани на Иран: Ќе го прогонуваме секој наследник на Хамнеи

Израелската војска предупреди дека ќе продолжи да го прогонува секој што ќе се обиде да го наследи убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.Во објава на платформата Икс, на официјалниот профил на Израелските одбранбени сили, се наведува дека иранското Собрание на експерти наскоро ќе одржи состанок во градот Ком, на кој би можело да се разговара за избор на нов врховен лидер.„Иранското Собрание на експерти, кое со децении не се состанувало, наскоро ќе се собере во градот Ком. Сакаме да порачаме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да го прогонува секој наследник и секое лице што ќе се обиде да именува наследник“, се наведува во објавата.Во пораката се упатува и директно предупредување до сите кои би учествувале на таков состанок.„Ги предупредуваме сите кои имаат намера да учествуваат на состанок за избор на наследник дека нема да се двоумиме и вас да ве ставиме на мета. Ова е предупредување“, се додава во објавата на израелската војска.Заканата доаѓа во период на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, по серијата напади и контранапади во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче предупредува: Под знак прашање исплатата на плати и пензии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од изборната единица 4 во Струмица оцени дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат значајни проблеми во јавните финансии кои веќе се одразуваат врз работењето на компаниите.Филипче посочи дека буџетскиот дефицит се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува.„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Владата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу 2 милијарди евра. Една милијарда евра беше обезбедена преку еврообврзница, но тоа не е доволно“, рече Филипче.Тој додаде дека власта доцни со подмирување на обврските кон приватниот сектор, што, според него, создава дополнителни проблеми за компаниите.„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500 до 600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои затвораат бидејќи не можат да издржат, земаат кредити. Луѓето живееле од повратот на ДДВ, а сега земаат кредити, заглавуваат и ги затвораат компаниите“, истакна Филипче.Според него, ваквата состојба може да ја доведе во прашање и редовната исплата на платите и пензиите.„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и пензиите. Кога наесен ќе се наталожат последиците од енергетската криза, случувањата на Блискиот Исток, финансиската криза, долговите и дупките во Буџетот и во Фондот за пензиско осигурување, економската состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања