Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryprtcje5canrleJj6NVf

Украинската ПВО пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона во ноќен напад

Украинската војска соопшти дека во текот на претходната ноќ нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона од различни типови.Според соопштението, девет ракети и 26 јуришни дрона биле погодени на 22 локации, додека остатоци од беспилотни летала биле пронајдени на уште пет места. Како главни цели на нападот се наведуваат Киев, Харков, Житомирската област, Хмељницката област и Чернивецката област.Од другата страна, руското Министерство за одбрана објави дека „пресретнало и уништило“ украински беспилотни летала над неколку региони. Според нивното соопштение, најголем дел од дроновите — 29 — биле соборени над Брјанската област, 15 над Орловската област и 11 над Белгородската област.Руското министерство, како што е наведено, не пријавило евентуална штета предизвикана од тие напади.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран денес ќе биде „силно погоден“, се разгледуваат нови цели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови силни напади врз Иран и можност за проширување на воените цели, објавувајќи порака на својата платформа „Трут соушл“.Трамп, очигледно осврнувајќи се на изјавите на иранскиот претседател, напиша дека Иран „се извинил и се предал на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да пука кон нив“.Според него, таквото ветување било дадено „само поради немилосрдните напади на САД и Израел“.Во исто време, според извештаите, нападите во регионот не се целосно запрени. Претходно беше објавено дека дрон експлодирал во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, додека Катар соопшти дека пресретнал ракета.Во продолжение на објавата, Трамп порача дека Иран „денес ќе биде погоден многу силно“.Тој додаде дека американската војска разгледува и нови цели кои досега не биле дел од плановите за напади, предупредувајќи дека одредени области и групи на луѓе се „под сериозно разгледување за целосно уништување“.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysglnvqmhqpe25uoj0cx

(Видео) Снимка покажува можен удар на дрон кај аеродромот во Дубаи

Снимка споделена на социјалните мрежи утрово прикажува можен удар на дрон во периметарот на Меѓународниот аеродром во Дубаи, пишува „BBC“Видеото е снимено од индустриска зона јужно од аеродромот и прикажува експлозија во близина на една од терминалните згради. На снимката се слуша лице кое вели „уште еден дрон“, а пред ударот се слуша и звук налик на зуење, карактеристичен за моторите на беспилотни летала.Кратко пред експлозијата може да се забележи објект кој нагло се спушта кон земјата, но од снимката не може со сигурност да се утврди што точно е тој објект.Според визуелните ориентири, ударот се случил северно од железничка линија и во близина на објект на компанијата „Херц“, што укажува дека експлозијата се случила во близина на Конкурс А на аеродромот. На снимката се забележуваат и најмалку четири авиони паркирани на пистата покрај зградата.Засега не е јасно дали станува збор за пресретнат дрон или за директен напад.Претходно утрово авиокомпанијата „Емиратс“ објави дека привремено ги суспендира летовите до и од Дубаи, но подоцна ја избриша таа објава и соопшти дека воздушниот сообраќај е повторно воспоставен.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt1kceh2v3mk01vHTPvd

Почна уредувањето на улиците во населбата Бараки во Охрид

Во охридската населба Бараки започнаа активности за целосно уредување на улиците, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Според најавата, станува збор за инфраструктурен проект со кој ќе се подобрат условите за сообраќај и безбедноста за жителите на оваа населба.„Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани“, соопшти Пецаков.Тој додаде дека општината ќе продолжи со исто темпо и во наредниот период, со цел унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот во градот.

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е потпишан договор за закуп со што започнува реализацијата на проектот за изградба на две катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Ѓорѓиевски соопшти дека договорот го потпишал заедно со министерот за здравство Азир Алиу, а проектот има за цел да го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.Според најавите, двете катни гаражи ќе имаат капацитет од околу 500 паркинг места, а инвестицијата е проценета на околу три милиони евра.„Со изградбата на две нови катни гаражи конечно ќе ставиме крај на долгогодишната голгота со која секојдневно се соочуваат пациентите, нивните семејства, но и здравствените работници“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека проектот ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот во Клиничкиот центар, непречен пристап за возилата на итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот нагласи дека Град Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со катните гаражи, со што, како што рече, ќе се избегне зголемување на цените на паркингот доколку управувањето би било препуштено на приватни компании.Во рамки на проектот, најавено е и воведување на дигитално зонско паркирање во градот, со мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат во реално време да проверуваат каде има слободни паркинг места.Ѓорѓиевски најави дека по ребалансот на градскиот буџет, кој се очекува следната недела, ќе биде распишана тендерската постапка, по што ќе започнат и градежните активности.Проектот, како што посочи, се реализира во координација со Владата и со поддршка од премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Трамп ја понижуваше Европа со месеци – сега од неа бара логистика и бази за војната со Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изминатата година често ги оттурнуваше европските партнери како политички неважни, но сега, додека САД и Израел водат воена операција со цел промена на режимот во Иран, од Европа се очекува поддршка. Европските лидери, кои во првите часови по нападот се дистанцираа од американската акција, постепено ја засилуваат својата реакција на кризата што се шири низ Блискиот Исток.Франција, Италија и други европски држави испраќаат дополнителни воени сили за заштита на сопствените бази и партнери во регионот, додека Велика Британија им дозволи на американските сили да ги користат британските бази за спречување на евентуален ирански одговор. Сепак, овие чекори се далеку од безрезервната поддршка што ја бара Вашингтон за нападот кој, според дел од аналитичарите, драматично ја менува безбедносната рамнотежа во регионот.Белата куќа, според дипломатски извори, не се обидела да создаде класична меѓународна коалиција. Вашингтон не се консултирал со европските сојузници пред нападот врз Техеран, ниту пак од нив барал директно да учествуваат во бомбардирањето. Она што американската администрација го очекува е пристап до европски воени бази и логистички центри кои би ги олесниле воздушните операции.Во исто време, Трамп ги критикува земјите што не нудат силна поддршка, како Велика Британија, но и оние кои отворено се спротивставуваат на војната, како шпанскиот премиер Педро Санчез. „Ни требаа три или четири дена да откриеме каде можеме да слетаме... затоа сме многу изненадени“, изјавил американскиот претседател.Европските лидери се наоѓаат во деликатна позиција. Од една страна не сакаат директно да го критикуваат Вашингтон, а од друга се свесни дека нов конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни последици за континентот – од раст на цените на енергенсите до можен нов бегалски бран.Поделбите во Европа се очигледни. Германија дава поддршка на американската политика, додека Шпанија зазема поостар критички став. Според аналитичарката Натали Точи, европските лидери во моментов се „половина внатре, половина надвор“ од кризата, обидувајќи се да ја задржат неутралноста, но истовремено да не се конфронтираат со САД.Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека војната започнала „без знаење на светот“ и дека одлуката за нападот не била координирана со сојузниците. „Тоа е далеку надвор од рамките на меѓународното право“, изјавил тој пред италијанските пратеници.И покрај политичките резерви, европските држави преземаат конкретни безбедносни мерки. Францускиот претседател Емануел Макрон испрати дополнителна противвоздушна одбрана и воени бродови на Блискиот Исток со цел заштита на Кипар и земјите од Персискиот Залив. Истовремено, Франција дозволи американските сили да користат база на нејзина територија, но под услов таа да не се користи директно за нападите врз Иран.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во изјави за американските медиуми оцени дека сојузниците во голема мера ја поддржуваат американската операција, иако ваквата оценка веднаш беше оспорена од шпанската влада.Најголемата загриженост за Европа е можниот ефект од конфликтот. Некои членки на Европската Унија, како Кипар, се наоѓаат во дострел на ирански ракети, додека и Турција, членка на НАТО, е во непосредна близина на зоната на конфликт. Дополнително, европските лидери се свесни дека приклучувањето кон нова војна на Блискиот Исток би било крајно непопуларно кај јавноста, по искуствата од интервенциите во Ирак и Авганистан.Шпанскиот премиер Санчез предупреди дека Европа мора да ги има предвид последиците од претходните западни интервенции. „Не можете на една незаконитост да одговорите со друга, затоа што така започнуваат големите катастрофи на човештвото“, порача тој.

Свет | пред 1 седмица

policija-policaec-35-450x270-1

Малолетник без возачка тргнал да вози од Тетово до Гостивар: го запреа и му го одзедоа возилото

На 6 март 2026 година во 22:20 часот на патот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17-годишен малолетник од селото Горно Седларце, тетовско.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки кое го управувал малолетникот, при што било утврдено дека управува без положен возачки испит.По наредба на јавен обвинител лицето било лишено од слобода, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9bn8e5675st74xxHRP0

Сопружници со сила влегле во градинка во Тетово и нападнале вработена

На 6 март 2026 година во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.З. (38) од Тетово.Според пријавеното, тој заедно со неговата сопруга со употреба на сила влегле во канцеларијата на З.Н. (45) од селото Фалише, тетовско, вработена во детската градинка „Младост“, по што физички ја нападнал.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Нападнал 67-годишник и му го оштетил автомобилот: полицијата приведе 29-годишник

На 6 март 2026 година во 11:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.Б. (29) од селото Порој, тетовско.Според информациите, претходно поради меѓусебно недоразбирање тој физички и со тврд предмет го нападнал М.В. (67), а потоа му го оштетил и возилото.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

bugarija

Бугарија бара податоци за засолништата: проверка на бункерите и подготвеноста по зголемени регионални тензии

Бугарските власти започнаа со прибирање информации за бројот и состојбата на засолништата од бомби, поради растечки безбедносни тензии во регионот, пишува српски „Телеграф“. Во таа насока, регионалниот управител на Варна побарал преглед на капацитетите и техничката исправност на засолништата на територијата на регионот, со цел да се добие појасна слика за нивната употребливост во евентуална вонредна состојба.Според наводите во текстот, низ државата постојат повеќе објекти што историски биле наменети за заштита на населението, но клучното прашање е во каква состојба се денес. Како пример се посочува подземен бункер во софискиот округ Лозенец, за кој се наведува дека последен пат бил користен за време на Втората светска војна, а со години е запуштен.Во описот на објектот се споменуваат коридори со ознаки кон различни простории, како и остатоци од канализациски и вентилациски системи. Се наведува дека просторот е обемен, со два влеза и повеќе простории што личат на менза, санитарии и работни простории, додека доминантни се долгите ходници.Градоначалникот на округот, Константин Павлов, ја нагласува неизвесноста околу реалната функционалност на ваквите објекти, иако оценува дека би можеле да примат неколку стотини луѓе – но дека прашањата за вентилација и осветлување би морале да се решат пред евентуална употреба. Во истиот контекст се споменува и идеја бункерот во иднина да се пренамени во културен простор.Како најголемо засолниште од ваков тип во земјата, стручњаци го посочуваат метрото во Софија, со над 50 километри тунели. Според изјавата на директорот на Метрополитен, во случај на вонредна состојба би се користеле не само пероните, туку и тунелите, при што капацитетот би зависел и од конкретните потреби на луѓето што би се згрижувале.Се наведува и пример од Благоевград, каде еден од бункерите се наоѓа под станбена зграда и е изграден во 1960-тите. Новинар кој живее над објектот тврди дека со години никој не влегол во него и дека останал заклучен, иако во минатото бил предмет на одредени адаптации и опремување.Според податоци што се цитираат во текстот, во Бугарија има 247 засолништа во состојба што овозможува употреба. Од нив, 18 се оценети како технички добри и подготвени за итна употреба, додека 229 се во задоволителна состојба и би можеле да се доведат во подготвеност во рок од една недела.Во истиот контекст се споменуваат и потези поврзани со противвоздушна и противракетна заштита во регионот, при што се наведува дека грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас соопштил за преместување на една батерија „Патриот“ на северот на Грција, со цел да се зајакне одбраната што покрива и дел од бугарската територија. Дополнително, се споменува и распоредување на два авиона Ф-16 на северен грчки аеродром и испраќање високи офицери во оперативниот центар на бугарските вооружени сили во Софија, како мерки што, според изјавите, се преземаат по барање на бугарската страна.

Свет | пред 1 седмица

media-library6ck8967kbffs3ThJe8F

(Видео) Иран: Нема да напаѓаме соседни држави освен ако нападите доаѓаат од нивна територија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека соседните држави повеќе нема да бидат цел на ирански напади, освен во случај ако од нивна територија биде извршен напад врз Иран.Како што пренесуваат иранските медиуми, ваквата одлука ја одобрил привремениот совет за раководење на државата.Пезешкијан во своите изјави се извинил и до соседните земји за нападите што се случија во изминатите денови, нагласувајќи дека Техеран не сака дополнителна ескалација во регионот.Според него, Иран ќе реагира само доколку од некоја соседна држава биде започната воена акција против иранска територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Белата куќа со куп различни верзии за ударот врз Иран: Трамп и врвот на администрацијата не се усогласени за причините

Една недела по почетокот на американската воена операција „Епски бес“ против Иран, во Вашингтон сè појасно се гледа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не успева да понуди единствено и доследно образложение за тоа зошто конфликтот е започнат и кои се неговите конечни цели.Според наративот што Трамп го претставил при објавата на војната на 28 февруари, операцијата истовремено била претставена како одбранбен одговор на „децении иранска агресија“, како удар за уништување на ракетните капацитети, но и како чекор што треба да го отвори патот Иранците да ја „вратат својата земја“. Во истото обраќање, Трамп ја опишал кампањата и како напор за отстранување на „непосредна нуклеарна закана“.Неколку часа подоцна, реториката дополнително се проширила. Во разговор за медиуми, Трамп навестил два крајно различни сценарија – од долгорочно водење на војната со можност за поширок исход, до брзо завршување со ограничени удари од „два-три дена“, оставајќи отворено дека судирот може да биде и кратка казнена операција.Потоа следувале нови несогласувања. На 1 март, наводно на брифинг за персонал на Конгресот, претставници на Пентагон признале дека Иран не планирал да нападне американски сили или бази, освен ако прво не биде нападнат од Израел – изјава што ја поткопува тезата за „непосредна“ закана што ја повторувале претставници на Белата куќа.На првата прес-конференција во Пентагон по почетокот на ударите, министерот за одбрана Пит Хегсет ја претставил мисијата како прецизно дефинирана: уништување на иранските офанзивни ракети, нивното производство, морнарицата и делови од безбедносната инфраструктура, со цел Иран никогаш да не дојде до нуклеарно оружје. Истовремено, тој инсистирал дека ова не е војна за промена на режимот, но со изјави за „променет режим“ и повици Иранците да ја искористат „можноста“ оставил впечаток на спротивна порака.Само неколку часа по тој настап, државниот секретар Марко Рубио изнел поинакво објаснување: дека Вашингтон знаел оти Израел планира едностран напад врз Иран и дека Техеран однапред дал овластувања за автоматски одговор врз американските сили – па САД, според таа логика, дејствувале „превентивно“ за да спречат поголеми загуби.Веќе следниот ден, Трамп јавно го отфрлил тој пристап, тврдејќи дека одлуката била исклучиво негова и дека мотивот бил убедувањето дека Иран ќе нападнел прв. Со тоа, во јавноста паралелно циркулирале најмалку три меѓусебно исклучиви објаснувања: дека постои непосредна нуклеарна опасност, дека Иран ќе удри поради израелска акција, или дека Иран сам се подготвувал за напад.Во вториот брифинг во Пентагон, во услови кога пристигнале вести за загинување на шест американски војници, Хегсет настапил со уште поостра формулација за исходот, тврдејќи дека иранскиот режим е „готов“ и најавувајќи систематско уништување на капацитетите. Дополнително, вовел и ново оправдување: тврдење дека Иран се обидел да го убие Трамп, како и дека е убиен командант на единица на Револуционерната гарда која наводно стоела зад план за атентат.Кулминацијата на конфузните пораки дошла во петокот, кога Трамп објавил максималистичко барање – „безусловна предавање“ на Иран – и говорел за иднина во која по „избор на голем и прифатлив лидер“ Иран би бил „вратен од работ на уништувањето“. Потоа, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит се обидела да го стесни значењето на пораката, тврдејќи дека „безусловната предавање“ во суштина значи Иран да престане да претставува закана за САД и дека целта на операцијата е „целосно остварена“.Низ сите овие пораки, од Пентагон до Белата куќа, останува впечатокот дека во врвот на американската власт се води паралелна борба за тоа која верзија ќе стане официјална: ограничена воена операција со конкретни цели, долгорочно стратешко разорување на иранските капацитети или политички проект што директно ја допира иднината на иранската власт.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvfhsg2usard6eoN7OU

(Фото) На скопскиот аеродром запленети 150.000 фунти кај патник кој патувал за Лондон

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле 150.000 британски фунти кај странски патник кој патувал за Лондон, а кои не биле пријавени согласно законските обврски.Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информира дека парите биле откриени при контрола на патникот на аеродромот.Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во вредност до 10.000 евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани.Против патникот е поднесена прекршочна пријава.Од Царинската управа посочуваат дека институцијата континуирано работи на спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина и на борба против финансискиот криминал.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3suv56c2v1800W0xezb

(Видео) Со „крвави раце“ на прес, жените од СДСМ бараа оставка од Тошковски „за загубените животи“

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по серијата трагедии поврзани со семејно насилство и институционални пропусти.„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача Шукова.Таа истакна дека јавноста е во тага, шок и гнев по последната трагедија во скопската населба Карпош, каде животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.„МВР на Панче Тошковски не ги заштити. Имало 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана“, рече Шукова, прашувајќи колку жени пријавуваат семејно насилство, а институциите не реагираат навремено и соодветно.Шукова се осврна и на други случаи кои ја потресоа јавноста. Таа посочи дека во Велес сериски насилник одзел два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко, додека шест месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.„Во Кумановско, во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи. Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР“, рече Шукова.Таа потсети и на трагедијата во Кочани, во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека министерот се обидува да ја избегне одговорноста.„Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24 часа. Ги повикува институциите, а тој води институција. Сè е пропаганда, никаде нема одговорност“, изјави Шукова.Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, таа повика на гласна реакција против насилството и институционалните пропусти.Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а воедно даде поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.„Од Скопје до Богданци, цела Македонија – сите во еден глас. За сите обесправени, понижени жени, за сите жртви и за сите изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже доста е“, порача Шукова.„Нема да молчиме. Има да нè има. Рацете ви се крвави. Оставка!“, додаде претседателката на Форумот на жени на СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

toskovski

Жените од СДСМ излегуваат на протест од каде ќе бараат оставка на Тошковски по трагедијата во Карпош

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш поради, како што наведуваат, серија трагедии и институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста е во тага, шок и гнев по последниот трагичен настан во скопски Карпош, каде што животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.Според Шукова, во случајот со младата Ивана имало 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство во период од две години, но институциите не успеале навреме да реагираат.„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, прашува Шукова.Таа посочи и на други случаи, како убиството во Велес во кое животот го загубија младата Росица и нејзиниот татко, како и случајот во Старо Нагоричане, каде што, според неа, пријавите на жителите за насилство биле игнорирани со години. Шукова се осврна и на трагедијата во Кочани во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека институциите не презеле одговорност.„Сè е пропаганда, никаде нема одговорност. Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи“, изјави Шукова.Таа најави дека Форумот на жени на СДСМ утре, на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ќе организира протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а истовремено изрази поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.„Од Скопје до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас – за сите обесправени, понижени жени и за сите жртви изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже – доста е“, порача Шукова.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Индија му дозволи на ирански воен брод да пристапи во пристаништето Кочи

Индија дозволи иранскиот воен брод „Лаван“ да пристапи во јужното пристаниште Кочи, откако Техеран испратил итно барање, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на извор од индиската влада.Бродот пристигнал во средата, истиот ден кога американска подморница нападнала иранска морнаричка фрегата „Дена“, при што загинале најмалку 87 лица.Индискиот министер за надворешни работи Субраманијам Џаишанкар изјави дека „Лаван“ и уште два брода биле на пат кон Индија за да учествуваат на поморска смотра, но дека се нашле во средината на актуелните настани.„На ситуацијата ѝ пристапивме пред сè од хуманитарна перспектива, независно од правните прашања. Сметам дека постапивме правилно“, изјави Џаишанкар.

Свет | пред 1 седмица

pukanje-ubistvo

За убиство во обид ќе одговара скопјанецот кој пукаше кон сопругата, ја промаши, па на ќерките им кажал дека пак ќе пука

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен маж осомничен за кривично дело убиство во обид, како и за кривично дело загрозување на сигурноста.Според обвинителството, на 1 март во семејниот дом, при вршење семејно насилство и во присуство на друго лице, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол кој го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот.По настанот, осомничениот се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот.Според наводите на обвинителството, на 5 март осомничениот повторно се заканувал со пиштолот на сопругата пред нивните две ќерки, со намера да ги вознемири и заплаши.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и врз текот на постапката, како и опасност да го доврши делото кое се обидел да го стори.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhmhiod6dm3m4f7Pyw9Y

Разрешениот судија Лазар Нанев е слободен граѓанин, Обвинителството го повлече обвинението

Основното јавно обвинителство Велес денеска со писмен поднесок го повлекло обвинението против кавадаречкиот судијата Лазар Нанев, кој беше гонет за кривичното дело „несовесно работење во службата“, потврди за „Скопје1“, адвокатот Владимир Туфегџиќ.Тој посочи дека одбраната навремено побарала Обвинителството да ја преиспита законитоста и основаноста на поднесеното обвинение, имајќи ги предвид доказите што биле понудени во постапката.„Имајќи ги предвид понудените докази, навремено побарав јавното обвинителство да ја преиспита законитоста и издржаноста на поднесеното обвинение, пред сè поради економичноста и целисходноста на кривичната постапка“, наведе Туфегџиќ.Според него, во текот на постапката одбраната изнела цврсти аргументи и докази кои укажувале на неоснованост на обвинението, по што надлежниот јавен обвинител донел одлука да го повлече.„За поздравување е одлуката и доблеста на надлежниот јавен обвинител да го повлече обвинението против судијата Лазар Нанев“, истакна Туфегџиќ.Тој додаде дека овој пример треба да го следат и други јавни обвинители во ситуации кога нема доволно докази кои го поткрепуваат обвинението, особено поради економичноста и ефикасноста на кривичната постапка.Нанев беше гонет поради постапување како судија за извршување на санкции. Тој за „Скопје1“, во телефонски разговор, посочи дека не е точно дека бил гонет за наводна комуникација со обвинет во предмет кој тој го судел. Според Нанев, во обвинителниот предлог кој сега е повлечен стои дека тој наводно ненавремено издал наредба за приведување на осудено лице.Нанев во телефонскиот разговор за „Скопје1“ посочи дека и зад разрешувањето стојат лични интереси, а не повреда на законот.

Македонија | пред 1 седмица

kekenoski

Кекеновски: Забраната за влез во Бугарија на адвокатот Менкиноски е опасен преседан за владеењето на правото

Професорот Јове Кекеновски изрази поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, откако бугарските власти му изрекоа забрана за влез во Бугарија во траење од десет години.Кекеновски оцени дека ваквата одлука отвора сериозни и загрижувачки прашања, особено ако таа е поврзана со професионалната активност на Менкиноски како правен застапник на граѓани пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.„Дали една држава членка на Европската Унија може да му забрани влез на адвокат поради неговата работа како правен застапник на граѓани пред Европскиот суд за човекови права? И дали ваквата мерка претставува обид за притисок и замолчување на адвокат кој ги брани човековите права?“, прашува Кекеновски.Според него, доколку забраната е поврзана со неговата професионална дејност, тоа претставува опасен преседан и директен удар врз принципите на владеење на правото.Кекеновски предупредува дека ваквите постапки можат да имаат сериозни последици, меѓу кои заплашување на адвокати кои работат на случаи поврзани со човековите права, ограничување на нивната слобода да ги застапуваат своите клиенти и отежнат пристап на граѓаните до меѓународна правда.Тој поставува и дополнително прашање дали самата забрана би можела да стане предмет пред Европскиот суд за човекови права.„Ова не е само прашање на еден адвокат. Ова е прашање што ја засега државата, правото на нејзините граѓани да бараат правда пред меѓународните институции, но и адвокатската професија и улогата на Адвокатската комора во заштитата на независноста и слободата на застапување“, наведува Кекеновски.Тој додава дека европските вредности не смеат да останат само декларација и дека адвокатите не смеат да бидат казнувани затоа што ги бранат правата на граѓаните.

Коментари | пред 1 седмица

media-library7087nb4bdemu2uvm2fJ

Кувајт и Саудиска Арабија разговарале за зајакнување на воената соработка

Министерот за одбрана на Кувајт, шеик Абдула Али Абдула Ал-Сабах, синоќа телефонски разговарал со својот саудиски колега, престолонаследникот Мохамед бин Салман.Според соопштението на Министерството за одбрана на Кувајт, разговорот бил фокусиран на соработката и координацијата во воените и одбранбените прашања.Двајцата соговорници размениле мислења за актуелната безбедносна состојба во регионот и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на одбраната.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ чека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат името и ја тргнат „северна“ кои тие го сменија

СДСМ ја повика власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто не го исполнила ветувањето за враќање на уставното име на државата и поништување на Преспанскиот договор.Од опозициската партија велат дека власта избегнува да даде одговори за, како што наведуваат, низа прашања поврзани со тендери вредни 100 милиони евра, минималната плата, како и за наводни врски со криминални структури.„Нема одговор од ВМРО за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за пет тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе“, наведуваат од СДСМ.Според нив, темата за името повторно се отвора со цел, како што велат, да се сврти вниманието од други прашања.„Секогаш кога немаат одговори, кујните на ВМРО прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името“, велат од СДСМ.Оттаму потсетуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години ветувале дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека тој „не е завршена работа“.„Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, а со поддршка од други партии има и двотретинско мнозинство. Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8u9doulitqrt7ni5Lus

(Видео) Огромен пожар во Штип, кози и јариња спасувани од под купишта отпад

Снимка каде се гледа огромен пожар на површина каде се оставени стари лимови, врати и прозорци објави „М-нет“. Според нивната објава станува за локација во Штип.На снимката се гледа како од под отпадот, човек вади кози и јариња кои престојувале таму. Според објавата, извадени се шест гози и две јариња.Непознато е за која точно локација станува збор и како се запалило местото.Видеото тука

Настани | пред 1 седмица

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Војната во Иран за земјите од Блискиот Исток станува се поголем проблем

Американско-израелската војна против Иран сè посилно ја потресува безбедносната и политичката рамнотежа на Блискиот Исток, со видливи последици од Ирак и Либан до Бахреин. Наместо да остане ограничен на фронтот, конфликтот почнува да ги проверува лојалностите во заедниците, да ги напрега институциите и да отвора простор за локални пресметки што лесно можат да прераснат во поширока ескалација.Во анализите што кружат во регионот доминира предупредувањето дека кризата се храни од повеќе жаришта истовремено: политички притисоци врз владите, секташки тензии меѓу сунитските и шиитските заедници, како и активирање паравоени структури што дејствуваат преку граници. Во таква атмосфера, секоја нова воена или политичка одлука има потенцијал да произведе „ланчана реакција“ во соседните држави.Особено чувствителна е состојбата во Ирак, каде што по убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се интензивираа протестите пред американската амбасада во Багдад. Дел од демонстрациите се претворија во насилни, а паравоени формации поврзани со Иран, според проценките на набљудувачи, играат улога во мобилизацијата на улицата и во притисокот врз државниот апарат.Напнатоста се прелеа и кон безбедносната инфраструктура: во повеќе наврати беа цел на напади американски бази и објекти, како и локации во Ирачки Курдистан. Дополнителен товар се и шпекулациите дека САД би можеле да поддржат ирански Курди во можен бунт внатре во Иран — сценарио што го става Курдистан во незгодна позиција меѓу сопствените безбедносни интереси, односите со Багдад и ризикот од ирански одмазднички удари. Курдските опозициски партии, кои имаат канцеларии во регионот, демантираат дека нивни борци преминуваат во Иран, но самото постоење на такви гласини ја крева цената на секоја погрешна проценка.Во Бахреин, малата заливска монархија со сунитско владејачко семејство и шиитско мнозинство (според проценки нешто над половина од населението), протестите против војната добија поостар карактер. Властите реагираа со апсења поради објави на интернет и наводно „изразување сочувство“ со Иран, што повторно ја отвори старото прашање за тоа колку е тенка линијата меѓу контрола на јавниот ред и продлабочување на политичката фрустрација.Либан, пак, се соочува со уште покомплексна криза. Војната ги заостри односите меѓу либанската влада и Хезболах — моќна шиитска вооружена и политичка сила поврзана со Иран. Израел и САД бараат разоружување на Хезболах, на што организацијата се спротивставува, додека и либанската влада се обидува да го намали неговото воено дејствување за да избегне нови одмазднички упади и бомбардирања. Но националната армија нема доволно капацитет да го наметне тоа, создавајќи опасна пат-позиција.По ракетирањето од страна на Хезболах кон Израел и силниот израелски одговор, либанската влада на 2 март донесе забрана за сите воени и безбедносни активности на групата — чекор што, според проценките, го приближува ризикот од директна конфронтација меѓу државните сили и Хезболах, сценарио што долго време се избегнуваше. Паралелно, расте и општествениот притисок: дел од јавноста, вклучително и од шиитската заедница, сè почесто ја доведува во прашање цената на ескалацијата, особено по масовните раселувања и наредбите за евакуација во јужен Либан.Во регионалниот контекст, клучно прашање е дали ќе има нови „секундарни фронтови“. Аналитичарите предупредуваат дека смртта на Али Хамнеи има силна емоционална и религиска тежина за дел од шиитските групи и дека тоа може да ја засили подготвеноста за радикални потези. Сепак, не сите организации и движења го гледаат врховниот лидер низ истиот религиски авторитет, што значи дека реакциите ќе варираат од земја до земја.Сè на сè, конфликтот сè помалку личи на изолиран судир и сè повеќе на процес што ги активира најкревките линии во регионот: од прашања на идентитет и влијание, до борби за институционална контрола и безбедносни пресметки. За државите на Блискиот Исток, растечкиот предизвик е да спречат домашните тензии да станат продолжена рака на една поширока, неконтролирана регионална конфронтација.

Свет | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Израел: Иран возврати со нови ракетни напади, активирани сирени низ земјата

Израелската армија соопшти дека Иран возвратил со ракетни напади по новиот бран израелски удари врз цели на иранска територија.Во текот на изминатите часови низ Израел биле активирани сирени за тревога, а граѓаните добиле известувања на мобилните телефони со инструкции веднаш да се засолнат и да останат во засолништа до понатамошно известување.Според израелските власти, биле регистрирани и проектили истрелани од Либан, каде што израелските сили претходно изведоа напади врз позиции на Хезболах.Израелската војска соопшти дека ракетите и проектилите биле пресретнати од противвоздушната одбрана и дека засега нема информации за жртви.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Паника и шок на берзите во Азија: Тргувањето во Јужна Кореја привремено запрено по пад од над 8 проценти

Берзите ширум Азија утрово бележат значителен пад, а најсилен удар претрпе јужнокорејскиот пазар, каде што тргувањето на берзата КОСПИ беше привремено прекинато откако акциите паднаа за повеќе од осум проценти.Тргувањето беше стопирано на 20 минути поради систем кој се активира кога пазарот доживува нагли и драстични падови со цел да се спречи паника и дополнителна нестабилност.По паузата, тргувањето продолжи, но индексот КОСПИ и понатаму бележи пад од повеќе од 10 проценти.Ова е првпат од август 2024 година да биде активиран ваквиот заштитен механизам на јужнокорејската берза. Доколку падот на цените на акциите достигне 15 проценти, автоматскиот систем повторно ќе го прекине тргувањето.Јужна Кореја е еден од големите увозници на нафта од Блискиот Исток, а нејзината економија, која во голема мера се потпира на извоз, е особено чувствителна на геополитички кризи кои можат да го нарушат транспортот на енергенси и трговските текови.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања