Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

27-mi-april-sudenje

Сведок: Оперативниот штаб на МВР не ја заврши задачата на 27 април

На прашањето на судијката Кацарска, сведокот кажа дека во моментот кога раководителот на опертивниот штаб е известен дека има настани како оние на 27 април, треба веднаш да дава наредби. Кацарска праша и дали во оперативниот штаб има телевизор, на што сведокот одговори потврдно, по што таа дополни дали воопшто некој требало да ги извести членивите на оперативниот штаб кога веќе  се гледало дека лица ги прескокнуваат оградите и влегуваат во Собранието, пишува НОВА ТВ.„Дали сте требале да чекате на златната команда за да реагирате кога веќе сте гледале што се случува, вие сте сепак полиција“, констатираше судијката.Сведокот одговори дека прво, силите кои биле на терен требало да се справат, а ако побарале дополнителни сили наредбата ја дава раководителот на опертивниот штаб.„Тие што се членови на оперативниот штаб не можат да дадат наредби и да повикаат дополнителни сили од дома, затоа што тоа можеби веќе го сторил раководителот“, одговори сведокот.„Дали е спротивно на вашите акти ако некој се обиде да помогне на малкумината полицајци кои требаше да се справат со толпа на народ и дали тие можеа да ги заштитат животите на пратениците, затоа што и тие не беа многу ангажирани“, праша Кацарска.„Најбрзо можат да дојдат полицајците од СВР Скопје, па од одделите за специјални полициски операции“, одговори сведокот, а нив да ги повика може началникот на СВР Скопје, додека силите за обезбедување на објекти и лица може да ги повика раководителот на оперативниот штаб.На директно прашаење на Кацарска дали оперативниот штаб бил на висина на задачата, сведокот рече,  „задачата не беше извршена“. НОВА ТВ.

Македонија | пред 7 години

ljubav

Постои причина зошто Бог ни носи одредени луѓе во животот

Често велиме дека не можеме да објасниме зошто се чувствуваме на одреден начин за некоја личност. Зошто со некои луѓе полесно се поврзуваме, а со други поврзувањето е тешко или незначајно.Понекогаш изгледа како Бог да нѐ спојува со некои луѓе, како тие да ни се потребни во тој момент во нашиот живот. Тоа се луѓе кои нѐ учат на важна лекција за животот и за себеси.Постои причина зошто Бог го придвижува нашето срце кон некоја конкретна личност и зошто со неа се поврзуваме со таа личност повеќе од другите. Кога ќе погледнеме назад, не постои ниту една личност кон која сме биле приврзани, а која не нѐ научила на нешто или не играла голема улога во нашиот развој и созревање. Иронијата е голема, бидејќи таквите луѓе само привремено биле дел од нашиот живот, а оставиле огромна тага на него.Многу често, фазата во која сме во животот одредува какви луѓе привлекуваме кон себе. Изгледа како Бог да ни ги праќа вистинските луѓе во вистинско време. Тој ни дава одговори за животот преку овие луѓе. Нѐ просветлува доближувајќи нѐ до луѓето кои го вадат најдоброто од нас. Ни помага со тоа што не доближува до луѓе кои на некаков начин ја вадат силата од нас.Понекогаш посакуваме тие луѓе да останат засекогаш во нашиот живот, но многу многу често тоа е невозможно. Не ни е судено тие да бидат во нашиот живот засекогаш. Бог ги носи само за одреден период, за да не направи подобри личности за оние кои ќе останат со нас засекогаш.Често многу патиме и се нервираме бидејќи овие луѓе си заминуваат брзо од нашиот живот и си мислиме дека немаме среќа. Не сфаќаме и не можеме да прифатиме дека тие си заминуваат и дека Бог ни ги одзема од животот, по убавите времиња кои сме ги поминале со нив. Многу често, наместо да се инспирираме од приказната помината со нив, патиме долго по нив. Сепак, вистината е дека сите тие искуства ја носат вистинската живот во нашиот живот и нѐ учат како да се однесуваме со неа и како да ја цениме и почитуваме.Мораме да имаме верба. Мораме да веруваме дека подобри времиња доаѓаат пред нас, а дека сите тие искуства се важни лекции во нашиот живот. Можеби тие луѓе биле како некакви ангели пратени да нѐ научат на некаква лекција и да не направат подобра личност, а потоа да одлетаат од нас.Можеби и тие нѐ учат како да не се држиме до нешто или некого по секоја цена, како да бидеме радосни во убавите моменти, а да ја прифатиме вистината кога нив ќе ги снема и луѓето ќе си отидат. И, највеќе од сѐ: да веруваме во тоа дека Бог чува нешто подобро за нас.

Магазин | пред 7 години

kavadarci-1

Се исчисти ли Кавадарци од аерозагадувањето?

По бомбастичните вести од Кавадарци дека градот е е исчистен од загадувањето, со новата метода Аеросолизација, се огласи здружението Еко Аларм Кавадарци. Тие тврдат дека за да се покаже помала загаденост во градот се прска исклучиво олоку мерната станица .„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица“, велат од Еко Аларм Кавадарци, по што објавија и видео.https://www.facebook.com/337698960143050/videos/1182425828598339/?v=1182425828598339

Македонија | пред 7 години

Iscelitel_Still_1-1078x516

Благој Веселинов е меѓу најдобрите европски актери во подем

Македонскиот актер Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“, која ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Наградата се доделува на најдобрите европски актери во подем.Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на фестивалот, кој годинава ќе трае од 8 до 11 февруари.Во одлуката на жирито пишува дека Веселинов ги освоил со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Иселител“ („Secret Ingredient“).Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.***Благој Веселинов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој учествувал во повеќе од 50 театарски претстави и 15 филмски улоги, почнувајќи со „Како да ме нема“. Но, тој е најдобро познат по улогата во наградуваниот филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ (2017). Веселинов е исто така дел од Македонскиот народен театар.

Магазин | пред 7 години

MEP

Шеесетина македонски средношколци ги решаваа проблемите на ЕУ во улога на членови на Европскиот парламент

Како криптовалутите влијаат на европскиот пазар, функционирањето на фармацевтскиот пазар, како да се реструктуира европската помош за земји во развој, инклузивност и нови модели на образование, се прашањата и темите на кои шеесетина средношколци од Македонија дебатираа и понудија конкретни решенија во улога на членови на Европскиот парламент.Станува збор за симулација на работата на Европскиот парламент како дел од 12. национална сесија на „Модел европски парламент (МЕП) – Македонија“ која од 31 ноември до 2 декември се одржуваше во меѓународното училиште „Нова“. На оваа национална сесија учествуваа околу 60 средношколци од 11 средни училишта во земјава кои работеа во четири комитети со цел да напишат резолуција и да дадат свои мислења и решенија на некои од најактуелните теми во Европа во моментов.Резолуциите на кои работеа средношколците беа разгледувани на Генералното собрание на МЕП што се одржа на 2 декември во Советот на Град Скопје. На овој настан присуствуваа и германскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Томас Герберих и директорот на меѓународното училиште „Нова“, Виктор Новаковски кои пред средношколците ја потенцираа важноста од организацијата на вакви настани во време кога дополнителната едукација за и нејзиното функционирање е неопходна.МЕП претставува платформа за неформална едукација на ученици од средните училишта. Главната цел е преку симулација на работата на Европскиот парламент, учениците да се запознаат со легислативниот процес на Европската Унија, европската интеграција, функционирањето на институциите, законите што се носат и нивното влијание.Програмата „Модел европски парламент“ постои од 2009 година, а во Македонија се спроведува под покровителство на меѓународното училиште „Нова“. Дополнително, секое училиште има интерен МЕП клуб, кој функционира во текот на целата учебна година, со цел да се промовира програмата и нејзиното влијание на училишно и општинско ниво.- Програмата МЕП ќе продолжи да функционира во склоп на меѓународното училиште „Нова“, со цел да организираме што е можно повеќе вакви настани во кои младите ќе научат повеќе за начинот на кој Европската унија функционира.. Веруваме дека методот преку кој учесниците се здобиваат со знаење во текот на симулацијата е уникатен и претставува можност учениците да ги научат, вежбаат или подобрат своите ораторски способности, да го зајакнат критичкото размислување и да се запознаат со концептот на аргументирање и дебата – велат од „Нова“ .

Македонија | пред 7 години

nic-gaster-for-Makedonia

Монтажерот на „Пред дождот“, Ник Гастер, добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Синематик“

Фестивалот на филмската монтажа „Синематик“ од Скопје ви го најавува третото издание, што ќе се реализира на 12 и 13 декември во Кинотеката на Македонија. Фестивалот, кој го организира Асоцијацијата на филмските професионалци на Македонија, и годинава ќе го стави својот фокус на професионалците кои публиката не ги гледа на филмското платно, но без нивната работа, не е возможно да се случи филмската магија. Отворањето на „Синематик“ ќе биде на 12 декември во 20 часот, со проекцијата на наградуваниот шпански филм „Убивајќи го Бога“ во режија на Каје Касас и Алберто Пинто. Фестивалот ќе го отвори Љупчо Тодоровски, претседател на Асоцијацијата на филмските професионалци на Македонија.На првиот фестивалски ден ќе бидат прикажани: комедијата „Хотел Гагарин“ (16 часот), „Голијат“, швајцарска драма во режија на Доминик Лохер (18 часот)Швајцарскиот детски филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ ќе биде прикажан на 13 декември во 16 часот. Од 18 часот ќе следува германскиот „Четири раце“. Фестивалот ќе биде затворен во 20 часот, со проекција на германската комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ на Петер Луиси.Наградата „Златен рез“ за најдобар монтажер ќе ја додели жирито во состав: Гоце Кралевски, Мартин Иванов и Сандра Ѓоргиева.Добитник на наградата за животно дело годинава е британскиот монтажер Ник Гастер, човекот со богата монтажерска биографија, кој има дадено огромен белег и во македонската кинематографија.Гастер е монтажерот на два филма на Милчо Манчевски - неприкосновениот „Пред дождот“ и „Прашина“, амалгам на националниот револт и традиционалниот вестерн (како што Гастер го опишува). Тој е потпишан и на монтажата на филмовите на Теона Митевска („Како убив светец“ и „Жената што си ги избриша солзите“. Ник Гастер го монтираше и „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија.Ник Гастер, за жал, нема да може да биде гостин во Скопје, поради ангажман на филм. Затоа испрати порака за македонската јавност:- Многу ми значи времето што го поминав во Македонија, работејќи и создавајќи пријатели со сите талентирани техничари и уметници од македонската филмска индустрија. Јас сум многу благодарен за топлината и гостопримливоста што ме пречека кога работев всушност во сите републики на поранешна Југославија. Филмските луѓе сме посебна раса: го зборуваме истиот специјален јазик на соработувачка уметничка креативност што го прави животот вистински возбудлив! Драго здружение на филмски професионалци на Македонија, ми причинувате огромна чест што ме наградувате со награда за животно остварување за монтажа. Ви благодарам многу. Многу ми е жал што не можам да бидам со вас лично. Сѐ уште сум активен во процесот на монтажа на филм за Катерина Велика и затоа не можам да дојдам во Скопје. (Но, ќе можам да монтирам филмови подоцна!)Како што можете да видите од мојата фотографија, облечен сум за церемонија на награди. Ја вклучив и мојата сопруга Сузан во оваа фотографија, исто така. Таа, исто така ви се заблагодарува. Таа вели дека конечно, таа не мора да ме слуша како се жалам дека ми недостига признание, за што таа ви е длабоко благодарна. Јас сум многу благодарен што ја имав прекрасната привилегија да ја посетам Македонија толку многу пати. Тоа место е многу блиску до моето срце.Ник Гастер е роден во Хампстед, Лондон во 1946 година. Учел во Уметничко училиште, отсек сликарство. Со тек на време неговиот интерес се менувал и почнал да се опседнува со филмот. Две години учел во Лондонското училиште за филмска техника, каде ги научил сите аспекти на филмската вештина, вклучувајќи режија, светло и камера, монтажа на звук и слика.Работел и како фриленсер на ТВ-филмови и документарци. Во 1974 година соработувал со Feature Films, како музички монтажер на „Монти Пајтон и Светиот Грал“.Работел на многу успешни филмови, меѓу кои е и номинираниот за „Оскар“ „Whales of August“ на Линдзи Андерсон со Бет Дејвис во главната улога, како и „A World Apart' на Крис Менгес, кој освои специјална награда од жирито и награда за најдобра актерка во Кан.Гастер работел на индискиот митолошки класик „Махабхарата“ во режија на Питер Брук. Овој шестчасовен филм беше прикажан во цел свет, а освои и „Златен глобус“ за најдобар ТВ-филм. Во 2001 со Брук го снимиле радикалното дело „Хамлет“. Британскиот монтажер работел и на филмот „Розенгранц и Гилденстерн се мртви“, филм на Том Стопард, што освои „Златен лав“ на Венеција. Гастер монтирал и два филма на Ралф Фајнс („Кориолан“ и „Невидлива жена“).„Среќниот принц“ е последниот филм на кој работел Гастер. Станува збор за режисерското деби на Руперт Еверет, кое зборува за последните денови на Оскар Вајлд.

Магазин | пред 7 години

RSBSP_01-2

РСБСП: НЕ – за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања

Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски... И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.Развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност и можност за употреба на  секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде.Во некои ситуации, користење мобилен телефон не е по бон тон, а  во некои ситуации е ризично и опасно (кога возите, пешачите).Во сообраќајот, како причина за одвлеченото внимание на возачот, мобилниот телефон се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овој проблем дополнително да се влошува.Одвлеченото внимание е причина за многу пролеани солзи и многу крв на патиштата, за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу тажни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Треба да се замислиме: вреди ли?И покрај црната статистика, на светско ниво, 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО, покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.Се поставуваат прашањата: Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате? Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?Дали сето она за што разговарате на мобилниот телефон ви е поважно од тоа да стигнете здрави, живи и безбедни на посакуваната дестинација?Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која се изложувате вие, вашиот живот, животот на вашите најблиски и животот на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите да не го користите мобилниот телефон кога сте зад воланот?Дали  знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри?Многу прашања, а само еден одговор. Користењето на мобилниот телефон додека возите е опасно и ризично. Секојдневно слушаме изговори од типот „Ми ѕвонеше телефонот, морав да се јавам. Ме бараа од работа, беше многу важно. Ме бараше ќерка ми од училиште. Ме бараше мајка ми, си помислив дека е нешто важно. Ме чекаа да им одговорам. Ќе беше неодговорно ако не им се јавам“.Многу изговори, многу оправдувања, ама ниеден изговор, ниедно оправдување, не е и не може да биде поважно од животот и здравјето на човекот. Ниеден разговор, ниедна работа, не е достојна за една капка крв, за една солза пролеана на улиците и патиштата.Сите изговори лажно ја помируваат совеста, сѐ додека не се случи нешто трагично. Кога ќе се случи сообраќајната незгода, тогаш ќе сфатите дека ниеден изговор, не може ни за момент, ни за малку да ја помири или промени свеста, одговорноста и последиците. Но, тогаш е веќе касно.Затоа, без изговори! Без мобилен телефон зад воланот! Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место.

Македонија | пред 7 години

47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

Вработените на Клинички: Паркингот е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг

Синдикатот на Клинички центар и вработените се особено навредени од изјавата на градоначалникот Шилегов, дека вработените се одговорни за хаосот и метежот што се случува и дека тие вработени се одговорни што пациентите не можат да си ги паркираат своите возила, велат вработените кои денес протестираа на паркингот во Клиничкиот центар.„Овој протест го организираме по барање на нашите членови, ќе се спротиставиме на оваа одлука на советот, ќе продолжиме со нашиот протест во периодот од 10 до 10 и 30 часот. Паркингот на Клинички центар е во сопственост на Република Македонија, а не на ЈП Градски паркинг“, велат вработените.Тие бараат од Град Скопје да ја повлече одлуката и паркингот да се врати во владение на вработените во Клинички центар.„Ние доколку плаќаме нешто сакаме да добиеме услуга каква што заслужуваме. 350 денари кои ги плаќавме сакаме и сега да не ги плаќаме затоа што сме навредени, омаловажени и затоа што за хаосот во Клинички сме посочени директно. Пациентите кога доаѓаат се нервозни бидејќи бараат паркинг по еден час и некому таа нервоза мораат да ја исфрлат, а тоа ние го трпиме“, изјави Јулија Јовановска, член на извршен одбор на Клинички центар.На годишно ниво ЈП Градски паркинзи инкасира бројка од околу 475 илјади евра, од вработените, но и од пациентите кои доаѓаат во Клинички центар. Кога ќе ја разгледаме цената од 350 денари која е на месечно ниво, а самиот градоначалник истапи со бројка од 1600 картички, доаѓаме до бројка од околу 110 илјади евра.Треба да се обезбеди инфраструктура каде вработените да ги паркираат сопствените возила и за услугата која плаќаат треба да добијат соодветно паркинг место. Ние секојдневно се соочуваме со непристапен терен. Со ова зголемување повторно мислиме дека нема да има инвестиција, туку само ќе се полни буџетот на Град Скопје, кое што не кореспондира со потребите на вработените во Клинички центар и самите пациенти“, изјави Ивица Постолов.Вработените во Клинички најавија дека доколку Град Скопје не ја преиначи одлуката, револтот ќе го изразат пред наплатниот простор, за време на паузата од 10 до 10 и 30 часот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шест сообраќајки во Скопје во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатиот ден (10.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои  една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.Исто така исклучено е од сообраќај едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка на патот Битола - Прилеп, еден со тешки телесни повреди

Вчера околу 9,30 часот се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „Фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од село Сопотница, Демир Хисар со сопатник Е.К(21), исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(44) од село Ерековци, прилепско и сопатник Н.Ц.(19) од истото село.Во незгодата Б.Р. се здобил со тешки телесни повреди ,а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

mavrovo-sneg

Во недостиг на природен, ќе се користи вештачки снег

Од денеска на патеките во Маврово - вештачкиот снег. Опрема за производство на технички, еколошки снег веќе е поставена на патеката „Едносед".  Опремата во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна нвестиција на ски-центарот. На патеката во должина од речиси 2 километри се поставени 19 шахти, 7 снежни топа и 4 снежни стикови („жирафи“). Целиот систем за правење снег се раководи од компјутерски центар и има 24-часовен надзор на патеката, на количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека.

Македонија | пред 7 години

bor

Уапсен поранешен заменик-градоначалник кој полово вознемирувал малолетничка

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Бор, по налог на Основното јавно обвинителство денеска го уапсија Б.П. (1959) поради постоење сомневање дека извршил кривично дело полово вознемирување.Осомничениот се терети дека со своето однесување полово вознемирил 15-годишна малолетничка со која се сретнал по нејзин повик по што таа, како што се сомнева, со мобилен телефон направила три фотографии со недолична содржина. По одобрување на надлежното обвинителство, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа по што, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител, соопшти Полициската управа Бор.  Во српските медиуми минатата недела се појавија фотографии на социјални мрежи на кои заменик-градоначалникот на Бор, Бранко Периќ се бакнува и гали со девојче од 15 години.Тој потоа поднесе оставка.Фотографиите брзо потоа биле отстранети од социјалните мрежи, но во меѓувреме ги виделе и зачувале голем број корисници на Фејсбук. Во целиот случај набргу се вмеша и полицијата. 

Свет | пред 7 години

ljupka-arsova-dzundeva

МНТ се простува од големата македонска актерка

Комеморацијата за актерката Љупка Арсова Џундева ќе се одржи денеска во 12 часот, на големата сцена во НУ Македонски народен театар, соопштуваат од театарот.Љупка Арсова Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот. „Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш“.Џундева беше една од највредните актерки на која се потпираше голем дел од работата во театарот, а нејзините колеги ја сметаа за одговорна, сериозна, трудољубива, посветена, исполнителна, прецизна, срдечна, кооперативна и секогаш подготвена да ја прифати секоја актерска задача. Таа ја освојуваше публиката со својата светла озраченост, со сензуалниот глас и со прекрасната појава во целина. Припаѓа на генерацијата во која што работи со Вукан Диневски, Самоил Дуковски, Милица Стојанова, Кирчо Божинов, Ацо Јовановски, Дарко Дамевски, Драги Костовски.Првиот вистински настап го има во пиесата „Нажалена фамилија“ (1951) во режија на Петре Прличко со улогата на Даница, потоа следат повеќе од 80 реализирани улоги меѓу кои: Анка во „Госпоѓа министерка“ (1953), Дивна во „Пепелашка“ (1953), Амелија во „Домот на Бернарда Алба“ (1956), Славка во „Д-р“ (1957), Стојанка во „Чорбаџи Теодос“ (1957), Маргот во „Дневникот на Ана Франк“ (1958), Силвија во „Игра на љубовта и случајот“ (1959), Коломба во „Волпоне“ (1961), Свршеничката во „Крвави свадби“ (1962), Коломба во „Коломба“ (1965), Ирина во „Матурска вечер“ (1966), Фосфорната жена во „Бања“, (1968), Розаура во „Венецијански близнаци“  (1968), Наталија Ивановна во „Три сестри“  (1970), Доилка во „Фарса за храбриот Науме“ (1971), Оливера Срезоска во „Ѕидот, водата“ (1973), Павлина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Ана Шукова во „Кенгурски скок“  (1979), Магда во „Габи“ (1982), Занаида во „Иванов“  (1984), Саветка во „Антица“ (1988), Аркадина во „Галеб“ (1990), Де Резмонд „Опасни врски“  (2002) и Марина во „Вујко Вања“ (2015).На филмското платно учествува во првиот македонски филм „Фросина“ (1952), а има остварено главни улоги во „Мирно лето“ (1961) и „Време живот“ (1999), „Златната петорка“ (2016) и споредни улоги во „Македонска крвава свадба“ (1967), „Оловна бригада“ (1980) и „Џипси меџик“ (1997). Игра и во ТВ филмовите „Пустина“ (1967), „Стотиот чекор“ (1968), „Лудиот и калуѓерицата“ (1968), „Свеќник“ (1969), „Итрата вдовица“ (1969), „Слики на дрво“ (1970), „Балада за орканата“ (1970), „Пречек“ (1971), „Делба“ (1971), „Двојка“ (1970), „Светлини и бои“ (1997), „Мулти левел“ (2000), „Мост“ (2006) и ТВ сериите „Волшебниот воз“ (1969), „Волшебното самарче“ (1975), „Трето доба“ (1987), „Погрешно време“ (2000), „Наше маало“ (1999-2004).За својот обемен актерски ангажман Љупка Џундева има добиено голем број на награди и признанија меѓу кои и наградата на Град Скопје „13 Ноември“ (1983), наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2000), наградата „11 Октомври“ за животно дело (2000), награда за артистичко остварување доделено од Југословенската радио телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец. Џундева е првиот лауреат на јубилејното 10-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица, добитник на почесното признание на „Астерфест“ и Тивериополската филмска алијанса за посебен придонес во филмската и драмската уметност.

Македонија | пред 7 години

IMG-fc6100610886ac284c585fb77d5c44a4-V-1

Во основните училишта во Кисела Вода почна кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства

Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје - Одделение за превенција и ПСОН Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, која ќе има за цел да делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.„Реализацијата на кампањата започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од 7, 8 и 9 одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства. Покрај ова, волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.Воедно, претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со Советот на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Институциите се борат против долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето

Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта не презема ништо против загадувањето на воздухот.„Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Карпош вчера ја заврши акцијата за засадување при што беа засадени 200 високовлатитени и повеќегодини дрва на различни локации во општината. Слична акција се спроведе и во општина Аеродром кадешто беа засадени 1.800 садници. Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контрола врз загадувачите, за што се издадени мандати казни на голем број правни и физички лица загадувачи“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин.„Проблемот со загадувањето е сложен, но сите надлежни институции низ здружена координирана акција активно се борат против сите извори на загадување. Низ сеопфатен, системски пристап се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со цел веќе за две години нивото на загадување да биде намалени за 50 отсто во Скопје и останатите поголеми градови и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“, велат од СДСМ. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди евра без да вложи денар во подобрување на квалитетот на воздухот

СДСМ потроши 7 милијарди евра  пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не  е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот.Нивото на загаденост е неколкукратно над дозволеното, нивото на канцерогени ПМ10 честички е опасно по здравје. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците ширум државата поради срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето.СДСМ наместо да троши пари на лубриканти, цвеќиња и кафе во износ од неколку милиони евра, треба да преземе мерки против загадувањето, кое е реален проблем за здравјето на  граѓаните и животната средина.ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки, кои СДСМ треба да ги прифати и реализира за доброто на граѓаните.Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.Црнилата не смеат да продолжат. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне во 17 часот од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

vlada-slika

107 ма владина седница

На 107-та редовна седница на Владата на Република Македонија што ќе се одржи на 11 декември, ќе се најде информацијата „Среднорочна програма за измена и дополнување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“, на предлог на Фондот за иновации и технолошки развој.На оваа седница на владата ќе биде презентирана информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.Министерството за правда на утрешната седница на владата ќе ги достави на расправа и одлучување Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, како предлози на Министерството за правда.На предлог на истото министерство, членовите на Владата на РМ ќе ја разгледаат и информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата, за период јануари - јуни 2018 година.На оваа 107 седница на владата ќе се презентира и информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022, како и информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование, што ја предлага Министерството за образование и наука.На оваа своја седница владата ќе се произнесе и по предлог-одлуката за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост.Членовите на Владата на РМ ќе одлучуваат и по предлог - одлуката за основање на Јавно претпријатие колекторски систем.На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, владата утре ќе расправа и за предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање на Дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за предлог-решението за назначување на членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии. 

Скопје | пред 7 години

zena-farmer

Средба на жените-фармери за подобра социо-економска положба во руралните средини

Националната федерација на фармери денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна организира средба со жените – земјоделки. На средбата ќе стане збор за препораките и барањата на НФФза подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини.Средбата е во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од шведскиот кооперативен центар „Ние влијаеме“. 

Скопје | пред 7 години

haradinaj

Косовскиот премиер Харадинај се заканува: Не завршивме со царините, можеме да преземеме и други мерки

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се закани дека Приштина, покрај царините од 100 отсто на производите од Србија и БиХ, може да преземе уште поостри чекори, пренесуваат косовските медиуми.Харадинај во интервју за албанската телевизија А2 кажа дека постојат и други мерки кои можат да се случат, а немаат врска со царините.Сепак, косовскиот премиер не даде детали за тоа какви мерки може да следуваат.„Ќе видите какви, кога тие ќе се случат“, наведе Харадинај, а пренесува Газета експрес. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја и вода повеќе улици во Скопје

Без струја утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците Студеничанска и „Јустинијан Први".Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Чернопеев" и од 11 до 15 часот корисниците од дел од Булевар „Кочо Рацин", улиците „Стив Наумов", „Тетовска" и „Јосиф Јосифовски". Прекинот со струја е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.Од РЦУК информираат дека паради отстранување дефект на водоводна  цевка со пречник  ф – 80 мм на улицата „Антоние Грубишиќ" б.б. утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од  истата улица и улицата „Пиринска".

Скопје | пред 7 години

419139_320149608035941_395264538_n

Средба со писателката Драгица Најческа

Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември (четврток) со почеток во 12 часот ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“ за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.

Магазин | пред 7 години

vreme

Облачно и студено време со температура до 6 степени

Денес времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -8 до 1 степен, а дневната од -2 до 6 степени.Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.Утре ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат под -10 степени. Во четврток ќе има локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

На патниот правец Тетово - Попова Шапка остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„На патниот правец Тетово – П.Шапка (од с.Лисец до П.Шапка) на коловозот има остатоци од кашест снег. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од денес поевтини цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Од денес, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Македонија | пред 7 години

KIR_0837

Вработените во Клинички најавија протест против одлуката на Шилегов

Вработените во Клинички центар преку социјалните мрежи го најавија утрешниот протест против денешната одлука на Советот на Град Скопје за наплата на месечна карта за паркинг. Тие велат дека доколку не биде исполнто нивното барање, од среда ќе започнат со блокирање на наплатните места за користење паркинг.„На инцијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот, УТРЕ,11.12.( вторник) за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на ХЕЛИОДРОМОТ се одржува протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци“, стои во објавата на Фејсбук.Денес светот на Град Скопје на седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“, па така вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар. Според Шилегов зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања