Скопје1.мк

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Руски медиуми воодушевени од гестот на Трамп, што го поканил Путин да се возат во неговиот автомобил

Руски државни медиуми со воодушевување известуваат за потегот на американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, каде рускиот лидер Владимир Путин, наместо да се вози со својата претседателска лимузина „Aurus“, се приклучил во оклопното возило на Трамп.Според агенцијата РИА Новости, поканата дошла директно од Трамп, а Путин без двоумење прифатил. Државната телевизија Russia 24 го протолкува потегот како јасен знак на пријателство и како „ран почеток на разговорите“ пред официјалниот дел од самитот.„Американскиот претседател беше исклучително пријателски настроен кон Путин“, оцени водител на Russia 24, додавајќи дека „историското ракување“ на пистата било уште еден силен симбол на новата етапа во односите меѓу двете земји.CNN потсетува дека ова е прв пат двајцата лидери да се сретнат лице в лице откако Трамп ја започна својата втора претседателска функција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.01.48

Неуспешен атентат во Црна Гора: млад Македонец пукал кон висок член на Шкаљарскиот клан

Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, осомничен за вооружен напад врз висок член на криминалната група од Будва, поврзана со Шкаљарскиот клан. Станува збор за обид за ликвидација на 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан.Според истрагата, минатата недела во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, Танасковски испукал два куршуми кон 56-годишниот Марко Љубиша, познат како Кан, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Нападот бил извршен од непосредна близина, но младоста и неискуството на напаѓачот ја спречиле ликвидацијата – при обидот да го извади оружјето, се лизнал на влажните плочки и промашил.Полицијата утврдила дека осомничениот престојувал во хотелот под лажен идентитет, користејќи фалсификувана лична карта на име Јован од Србија, со цел да го следи движењето на целта и да го изведе нападот во погоден момент.По нападот, Танасковски побегнал преку оградата на базенот и се изгубил во непознат правец. Од МВР на Црна Гора предупредуваат дека секој кој ќе му помогне или ќе го сокрие може да биде кривично одговорен.Македонската полиција потврди дека е во координација со црногорските органи за расчистување на случајот. Кан, на кого веднаш му била укажана медицинска помош, е пуштен на домашно лекување.Танасковски се товари за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материи и фалсификување документи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

(Видео) Први фотографии од средбата Трамп–Путин: делегации, прашања и возвратен одговор од Путин

На самитот во Алјаска, каде што треба да се разговара за можен крај на војната во Украина, Доналд Трамп и Владимир Путин беа фотографирани како седат еден до друг, со јасно истакната порака „Pursuing Peace“ (Обид за мир) и „Alaska 2025“ во позадината.Двајцата лидери беа придружувани од своите најблиски соработници и членови на делегациите, додека новинарите упатуваа низа прашања кон нив. Во еден момент, рускиот претседател Путин изгледаше како да возвраќа со гласен одговор на дел од прашањата.Ова е прва официјална размена лице-в-лице меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа на втор мандат, а средбата е под будно око на светската јавност.

Свет | пред 5 месеци

ad94dac4-af52-4d5f-89e0-ecd5591a5414

Вучиќ за протестите во Ваљево: „Банда која цела вечер ја гаѓала полицијата“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека полицијата во Ваљево цела вечер била гаѓана со најразлични предмети и ја нарече групата демонстранти „банда“.„Погледнете ја оваа банда која ги гаѓала цела вечер. Полицијата стои, не се движи, никого не допира, а тие ги напаѓаат“, рече Вучиќ, тврдејќи дека полицијата била „неверојатно толерантна и трпелива“.Но, снимките од протестот „Вечерас пуцате по шавовима“ прикажуваат сосема поинаква слика – униформирани полицајци како удираат граѓани со палки, ги бркаат низ улиците, а дел од присутните се обидуваат да се сокријат. Според сведоштва, полицијата влегувала и во локали, извлекувала луѓе и ги приведувала, без разлика дали учествувале во протестот.Движењето „Крени-Промени“ на социјалната мрежа X објави видео со имињата на полицајци од Прибој и други градови, кои, според тврдењата на граѓани и видео-доказите, учествувале во бруталното претепување. Меѓу наведените се: Терзиќ, Краина, Аврамовиќ, Којадиновиќ, Лаловиќ, Келовиќ, Радовиќ, Мујезиновиќ, Немања Павловиќ – Мачак и Жељко Рашевиќ. Од „Крени-Промени“ порачуваат дека „сите ќе одговараат за секоја детска крв и солза на секоја мајка“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

(Видео) „Ќе запирате ли со убивање цивили?“ – остри прашања до Путин пред почетокот на разговорите

Додека Доналд Трамп и Владимир Путин накратко позираа за фотографија на подиум, новинарите ја искористија приликата да им упатат прашања.„Претседателе Путин, ќе се согласите ли на прекин на огнот?“, се слушна од толпата репортери. Друг новинар праша кој е ставот на Трамп за Путин.Последното прашање – „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – предизвика реакција, со тоа што рускиот претседател покажа со раката кон увото, гестикулирајќи дека не ги слуша прашањата.Двајцата лидери се повлекоа од платформата и заедно заминаа со ист автомобил кон местото на состанокот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.55.57

ВО ЖИВО: Следете го самитот Путин-Трамп, двајцата слетаа во Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат вечерва во Алјаска.Трамп веќе слета во Алјаска, придружуван од своите најблиски соработници. Во меѓувреме, на пистата се спушти и руски владин авион.Состанокот, кој се смета за еден од најважните во обидите за завршување на војната во Украина, ќе може да се следи во живо.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.20.08

Протести во Алјаска за поддршка на Украина пред стартот на самитот Трамп–Путин

На маргините на денешниот самит во Анкориџ, Алјаска, каде што американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин треба да разговараат за можностите за ставање крај на војната во Украина, се одржуваат протести во знак на поддршка на Киев.Демонстрантите, носејќи украински знамиња и транспаренти, порачаа дека иднината на Украина не смее да се решава без директно учество на украинските претставници.Како потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше поканет на денешниот состанок и повеќепати нагласил дека „никакви одлуки за Украина не смеат да се носат без Украина“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Неочекуван пресврт: Трамп и Путин нема да разговараат насамо

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, денеска им изјави на новинарите дека претходно планираниот тет-а-тет состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е променет.„Раните планови за средба помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе вклучуваат и државниот секретар Марко Рубио, како и специјалниот пратеник Стив Виткоф“, изјави Левит.Оваа промена доаѓа неколку часа пред закажаната средба на двајцата лидери на воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкорејџ, што ќе биде нивна прва лична средба откако Трамп се врати во Белата куќа за својот втор мандат.

Свет | пред 5 месеци

protesti-srbija

Напнато во Белград: блокади, собирања и провокации со ласери

Во Нов Белград, на кружниот тек кај Општината, граѓаните се собраа на коловозот, но сообраќајот сè уште не е запрен.Некои од присутните изјавиле дека бил присутен голем број оклопни возила, што предизвикало вознемиреност, но нагласуваат дека се решени да го одржат вечерниот протест. Дел од нив споменале и можност да се упатат кон простории на Српската напредна странка во Нов Белград. Атмосферата е бучна, се слушаат свирежи, а возачи им даваат поддршка со свирење сирени.Паралелно, во Белград граѓани се собираат и кај Владата на Србија, каде што го блокираа сообраќајот на аголот меѓу улиците „Немањина“ и „Кнез Милош“. Нема униформирана полиција, но има полициски службеници во цивил.Според Nova.rs, приврзаници на Српската напредна странка повторно ги провоцираат демонстрантите кај Главниот штаб во Белград, постојано осветлувајќи ги со ласери.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.23.51

Air Force One слета во Анкорејџ – Трамп пристигна на историскиот самит со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна во Анкорејџ со Air Force One, заедно со државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф и директорот на ЦИА Џон Ратклиф. Тимот ќе се обиде да посредува во постигнување на мир во војната меѓу Русија и Украина.Средбата со рускиот претседател Владимир Путин е закажана за 11:30 часот по локално време (19:30 GMT / 20:30 BST) на базата Елмендорф-Ричардсон. Ова ќе биде прва директна средба меѓу двајцата лидери откако Трамп ја презеде функцијата претседател на САД по втор пат.Разговорите се очекува да траат најмалку 6-7 саати.

Свет | пред 5 месеци

da5a52dd-e528-486c-b0b4-e99bdea5b1e2

„Ќе те соблечам и силувам пред сите“ – потресно сведоштво на студентка за полициска тортура

Народното движење на Србија (НПС) побара итна смена на командантот на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти (ЈЗО) Марко Кричак, поради, како што наведуваат, брутално малтретирање на граѓани по протестите во Белград.Студентката Николина Синѓелиќ за Н1 Србија изјави дека во четвртокот навечер, таа и колегата Стеван Здравковиќ биле одведени во гаражата на Владата на Србија од припадници на ЈЗО, полицијата и маскирани мажи. Таму, вели таа, Кричак ја шамарал, ја удирал со глава во ѕид и ѝ се заканувал дека ќе ја „соблече и силува пред сите“.„Ме нарекуваа ‘курво, ти нè снимаш’. Ми ја одзедоа камерата, го скршија телефонот и ме тераа да лежам на подот како криминалец. Кричак ми рече дека треба да го замолам да престане да ме тепа“, изјави студентката.НПС тврди дека на Здравковиќ му биле уништени мобилните телефони, а двајцата биле држени три часа во гаражата пред да бидат префрлени во полициска станица.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

„Ако скопјани немаат капацитет за два дена да соберат 10.000 потписи, тогаш сме на пат кон изумирање“, напиша Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ, собирањето на 0,95% потписи од вкупно запишаните избирачи, со цел независни кандидати за градоначалници, го нарече „тест за свесноста и достоинството на скопјани“.„Ако во Скопје нема 10% нормално, свесно и независно граѓанство кое сака градот да биде пристојно место за живеење со скопски шмек, тогаш не заслужуваме ништо подобро од сегашната состојба. Ако скопјани немаат капацитет за два дена да соберат 10.000 потписи, тогаш сме на пат кон изумирање – од отворен град на солидарноста, Скопје стана партиско-политички градежен полигон“, напиша Туфегџиќ.Тој ги повика граѓаните да не бидат пасивни: „Нека не ве мрзи да ставите потпис, бидејќи после тоа џабе е везење и продавање памет по Фејсбук – ќе ќутиш и ќе трпиш, а имаше шанса да учествуваш“.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.54.20

Самит во Анкореџ: Тимови за безбедност спречуваат закани и шпионажа

Кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин да седнат на преговарачка маса, двајцата лидери се опкружени со строг безбедносен протокол кој има цел да ги заштити не само од физички закани, туку и од меѓусебна шпионажа, пренесува CNN.Поради итната организација на самитот, оваа недела во Анкореџ пристигнаа бројни федерални агенти и воен персонал задолжен за обезбедување на вакви настани со висок ризик. Главниот товар на осигурувањето го носи американската Тајна служба, но таа тесно соработува со безбедносниот тим на Владимир Путин.Дополнителното ниво на заштита го потврдуваат и податоците од интернет-услугите за следење летови, кои забележале дека утрово од локалниот аеродром полетал воен извидувачки авион Boeing E-3C, препознатлив по големата радарска купола, способен да открие воздушни закани, вклучително и авиони и проектили.Иако американските и руските тимови соработуваат во физичкото обезбедување на лидерите, зад кулисите се води „паралелна битка“ – заштита од техничко прислушување и компромитација.„Нема ни грам доверба меѓу разузнавачките служби“, изјавил висок безбедносен извор кој учествувал во обезбедување на слични состаноци. Според него, руската делегација веројатно користи „burner“ телефони и еднократни лаптопи за да избегне американско прислушување, а членовите добиваат детални инструкции за мерките на претпазливост.„Но, на Путин не му треба таква обука“, додал изворот, потсетувајќи дека рускиот претседател е поранешен офицер на КГБ.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.48.55

Повик за распит 11 часа по кандидатурата – Обвинителството ја „пушта на пауза“ Ивановска до по изборите

По пријава против поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска, која ја добиле во февруари, Обвинителството тргна во поход да го расчисти случајот, па покана за распит и испратиле во јули. Ивановска пак, поканата ја доби денеска, 11 часа по нејзината кандидатура за градоначалник на Центар. Откако јавно изреагира и кажа дека ова според неа е притисок, Обвинителството се предомисли па реши да и даде шанса, да се јави на распит после изборите. Ивановска на социјалните мрежи сведочеше како вчеравечер, полиција и дошло пред врата.„Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација. Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот. Јас навреме ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако, адреса на информирање е и Обвнителството како е надлежна институција“, напиша Билјана Ивановска, експретседателка на ДКСК и актуелна кандидатка за градоначалничка на Центар.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите. „Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата,“ соопштија од ОЈО.По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26-1

Трамп: Ако состанокот не оди во добра насока – си заминувам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го напушти состанокот со рускиот лидер Владимир Путин доколку разговорите не се одвиваат во посакуваниот правец, пренесува CNN.Во краток исечок од интервју за Fox News, кое допрва ќе биде емитувано, Трамп рече: „Мислам дека ќе помине многу добро, а ако не – многу брзо ќе се вратам дома.“На директно прашање од водителот Брет Баер дали би си заминал ако состанокот тргне лошо, Трамп одговори без двоумење: „Би си заминал, да.“Овој став е во согласност со неговите коментари од претходниот ден за Fox Radio, кога истакна: „Ако состанокот е лош, нема да се јавувам на никого – си одам дома. Но ако е добар, ќе го повикам претседателот Зеленски и европските лидери“.

Свет | пред 5 месеци

POZAR-JAZINCE2

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Директорот на ЦУК Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце. Поради густиот чад, моментално е невозможна воздушната интервенција.Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Кривична пријава за местење на натпревар меѓу „Кожуф“ и „Башкими“, едно лице уапсено

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради местење на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај 2025 во Гевгелија. Едно од пријавените лица е лишено од слобода и спроведено во ОЈО Гевгелија.Според истрагата, првопријавениот Б.Х., претседател на ФК „Башкими“, со цел клубот да избори пласман во Првата македонска лига или бараж, го намамил спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ. да ги запостави интересите на својот клуб и на ФФМ. Преку посредник – фудбалерот А.Ј. – била договорена средба на која Б.Х. на П.Ѓ. му дал 10.000 евра како „подарок“ за да влијае врз исходот на натпреварот.По примањето на парите, П.Ѓ. преку тренерот С.Г. влијаел врз тројца фудбалери на „Кожуф“ – Б.К., Ј.П. и К.С. – кои прифатиле да не се залагаат максимално за време на мечот. Натпреварот завршил со резултат 1:2 во корист на „Башкими“, што им донело три бода и пласман на третото место во Втората лига, обезбедувајќи им место во баражот за Прва лига.Сите осомничени се товарат за кривични дела „измама“, „неовластено давање или примање подароци“ и „соизвршителство“ по Кривичниот законик.

Свет | пред 5 месеци

jezince

Нормализиран сообраќајот кон ГП Јажинце

Министерството за внатрешни работи информира дека е воспоставен нормален сообраќаен режим на патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце, кај селото Рогачево, во двата правци.Граничниот премин Јажинце, како и делницата од патот, претходно беа затворени поради пожар во близина на преминот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.11.57

(Видео) Приведен 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар, МВР сподели снимка

Денеска (15 август 2025) околу 16:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.М. (19) од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово, откако бил затекнат додека палел кабли и предизвикал пожар во близина на железничкиот надвозник на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.Со брза интервенција на екипа од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат. С.М. е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп пред средбата со Путин: „Влогот е голем“

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша денешниот состанок со рускиот лидер Владимир Путин како средба со „високи влогови“, додека патуваше од Вашингтон кон Алјаска на седумчасовен лет.Трамп проценува дека шансите за неуспех се околу 25%, но не е јасно дали истата доза оптимизам ја дели и Путин, особено со оглед на тоа што нема многу индикации дека Москва е подготвена да се согласи на прекин на огнот, а уште помалку на поширок мировен договор.Кремљ соопшти дека очекува разговорите да траат шест до седум часа – нешто што не се совпаѓа со моменталниот распоред на Белата куќа.Трамп веќе гледа кон можен втор состанок, овојпат со вклучување на Украина и некои европски држави, но прво треба да се помине денешната голема пречка пред да се дојде до такво сценарио.

Свет | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски: „На денот на преговорите, Русите исто така убиваат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на новите руски напади низ земјата, кои се случија токму додека американскиот претседател Доналд Трамп патува за средбата со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска, јавува Reuters.На својот канал на „Телеграм“, Зеленски објави дека пристигнуваат извештаи за „намерни руски удари“ врз Сумската, Днепропетровската, Запорожката, Херсонската и Донецката област.„Војната продолжува,“ порача тој. „Продолжува токму затоа што не постои само наредба, туку и сигнали дека Москва се подготвува да го заврши овој војна.“Неговата порака беше јасна: „На денот на преговорите, тие исто така убиваат. А тоа зборува многу.“Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да работи што е можно поефикасно за да го заврши конфликтот и изрази надеж во цврста американска позиција:„Сè ќе зависи од тоа – Русите сметаат на американската моќ,“ заклучи украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Украинци пред самитот Трамп–Путин: помеѓу надежта за мир и стравот од празни ветувања

Во пресрет на клучниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, граѓаните на Киев имаат поделени очекувања – од голема надеж за мир до длабок скептицизам, јавува CNN.ОптимиститеМеѓу оние што гледаат со оптимизам е Олесандра, која се надева на позитивен исход: „Се надевам на најдоброто. Сакам да се вратам во мирен Киев и да продолжам да живеам безбедно. Искрено верувам дека светските лидери ќе обрнат внимание на Украина, па имам големи надежи,“ вели таа.Гласови на скепсаМарја, пак, со тага зборува за состојбата на фронтот: „Сакам мир и тишина – тоа е најважно. Но гранатираат цели сиромашни области на првата линија. Толку луѓе умираат за ништо, за ништо.“Слично размислува и Оксана, која од самитот очекува само „празни ветувања“: „По неколку дена, нападите ќе продолжат како и обично. Искрено, ништо не очекувам.“Услови за мирКатерина нагласува дека приоритет е запирање на убивањата, „но под услови што се прифатливи за Украина и украинскиот народ“.ПесимиститеКостјантин изразува целосен песимизам:„Ништо не очекувам. Прво, затоа што ставот на Трамп се менува побрзо од тоа што тој може да го изговори. Второ, Путин треба да им покаже на своите граѓани дека може сè, дека знае сè и дека може да го надмудри секого. И секако, не мислам дека ќе се откажеме од нашите територии.“

Свет | пред 5 месеци

rusija

Руски војници за преговорите: Едни сакаат крај, други инсистираат на победа

Иако е невозможно да се спроведат независни анкети меѓу активни воени лица, во редовите на руската армија се издвојуваат две доминантни расположенија, пишува BBC.Војниците на првите линии на фронтот покажуваат јасни знаци на исцрпеност и фатализам.„Чув дека многу се зборува за состанокот и можниот мировен договор. Расправи со убави графики, карти и стрелки, прекрасни презентации,“ вели еден војник за BBC. „Но искрено, мене не ми е гајле што ќе договорат. Јас и моите пријатели во рововите само сакаме сè ова да заврши.“Поголемиот дел од војниците кои денес се борат во Украина биле цивили пред инвазијата во 2022 година. Некои потпишале договори со армијата привлечени од високите плати и бенефиции, а други биле мобилизирани со указот на Владата во септември истата година. Многумина се на боиштето со години, често без соодветна ротација, што довело до тешка физичка и психичка исцрпеност.Има и војници кои јавно зборуваат под свое име и испраќаат поинаква порака. Иако го признаваат заморот, тие ја нагласуваат решеноста на Русија да се бори до „конечна победа“.„Горчливо сме лути и длабоко страдаме гледајќи ги монструозните грешки и загуби што можеа да се избегнат, се обидуваме сè да поправиме и да живееме и покрај неправдата,“ вели Никита Третјаков, поранешен новинар кој сега е падобранец. „Но во суштина се приклучивме на овој војна за да ја завршиме со победа – не да ја одложуваме или да ја оставиме во наследство на нашите деца.“

Свет | пред 5 месеци

pecati-demir-hisar

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против 57-годишната директорка, осомничена дека незаконски ги криела службените печати на СОУ „Крсте Петков Мисирков“, спречувајќи ја новоименуваната в.д. директорка да ги користи.Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025.фото: ФБ/Жаре Стевановски

Македонија | пред 5 месеци

ivanovska

Обвинител ја контактирал Ивановска - распитот може да се одложи кога ќе завршат изборите!

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.Од ОЈО Скопје соопштија дека постапуваат по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и дека преземаат дејствија за проверка на наводите. Како едно од дејствијата е испитување на лицето кое во периодот на кој се однесува пријавата ја извршувало функцијата претседател на ДКСК. Поканата за распит била испратена на 25 јули годинава, а од обвинителството нагласуваат дека таа не е поврзана со политичките активности на поканетата.Ивановска во својата објава наведе дека синоќа во 20:30 часот двајца полицајци дошле да ѝ врачат кривична пријава, но не ја затекнале дома, по што утрото ја подигнала поканата од ОЈО Скопје. Таа е повикана на разговор на 19 август, а во јавната објава порача дека нема што да крие, не се плаши од притисоци и дека нејзината цел е борба против корупцијата и клиентелизмот.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања