Скопје1.мк

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Кабинетот на Зеленски: Долг разговор со Трамп, се вклучија и европски лидери

Кабинетот на украинскиот претседател потврди дека Володимир Зеленски утрово остварил долг телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.„Разговорот беше долг – најпрво меѓу претседателите Зеленски и Трамп, а потоа во него се вклучија и европски лидери“, соопштија од кабинетот на Зеленски.Потсетуваме, украинскиот претседател не учествуваше на разговорите меѓу Трамп и Владимир Путин на Алјаска, но американскиот лидер претходно најави можност за нова средба, овојпат и со Зеленски, доколку првиот состанок помине успешно.Од кабинетот на британскиот премиер, пак, потврдија дека Киер Стармер по самитот на Алјаска разговарал и со Трамп и со Зеленски. Утрово, тој се приклучил на заедничкиот повик со лидерите на други европски членки на НАТО.Во соопштението се додава дека Стармер наскоро повторно ќе разговара со европските лидери.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.42.36

Зеленски во понеделник во Вашингтон на средба со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во понеделник ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.Зеленски рече дека претходно разговарал со Трамп повеќе од час и половина по телефон, откако американскиот претседател синоќа се состана со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска.„Во понеделник ќе разговараме за сите детали што се однесуваат на запирањето на убивањата и војната“, изјави Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.18.58

(Видео) „Благодарение на четата на Цветко, изгасивме цела линија пожар кај Јажинце“, вели Ангелов посочувајќи дека огнот можел да направи големи проблеми

Пожарот кој синоќа повторно се реактивираше во атарот на селото Јажинце, општина Јегуновце, зафати висока трева, грмушки и смреки, а поради засилениот ветер огнената линија се прошири на должина од над еден километар, во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце.За спречување на неговото ширење беа ангажирани десет противпожарни цистерни, осум пинцгауери и еден воден топ на МВР.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.„Околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева линија во должина од повеќе од еден километар. Таа беше изгасната и контролирана, но се појавуваат жешки точки поради кои утрово дејствува и полициски хеликоптер со прецизно фрлање вода“, рече Ангелов.Според него, десната огнена линија сè уште е активна и тешко пристапна поради густата вегетација и теренот обраснат со трње. Еден крак од пожарот се движи во насока на селото Дворце, кон скопската страна.На терен се пожарникари од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци, како и локалното население.„Голема благодарност до сите кои помагаат, особено до седумчлената група од Рогачево, која со голем ризик успеа да спаси неколку хектари трева, грмушки и шума“, додаде Ангелов.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-helikopter-

И натаму гори „Јасен“ и во Јажинце

Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до утринава (16 август 2025) во 09:00 часот на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор.Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се локализирани и изгаснати.Активни пожари:Во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума.Во општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце, зафатени се пасишта.Изгаснати пожари:Меѓу 12-те изгаснати се пожари во Куманово (с. Пчиња и с. Четрице), Радовиш (нас. Раклиш), Долнени (помеѓу с. Лажани и с. Средорек), Велес (Ногаевци – Убого), Неготино (с. Корешница), Делчево (с. Стамер), Босилово (с. Радово), Валандово (с. Пирава), Струга (с. Долна Белица), Македонски Брод (с. Девич – Грешница), Шуто Оризари (нас. Визбегово).Од ЦУК велат дека екипите остануваат на терен и ги следат состојбите за да се спречи евентуална повторна активација на пожарите.

Свет | пред 5 месеци

lidija-dimova

Од СДС се уште молк за тоа зошто со пари од Еразмус + купувале судии како Нанев и што барале за возврат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС молчи за тоа зошто со парите од Еразмус + купуваа судии како Нанев и што всушност бараа за возврат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС и Заев преку Лидија Димова, доделија грант од Националната агенција Еразмус + во вредност од 120 илјади евра, па ни помалку ни повеќе, судијата Лазар Нанев, кој беше дел од Судскиот совет и е втор човек по Наќе Георгиев, да биде дел од една коруптивна шема.Дали со овој проект и слични на овој, СДС имала за цел да го награди Лазар Нанев и останати други блиски лица до партијата? Го повикуваме СДС да одговори, колку судии биле унапредени, поставени и разрешени, поради одлуките на Нанев, и дали тие одлуки ги носел по насока на Заев и на СДС?Дали СДС ги поткупувале судиите и обвинителите за да си ја купат слободата? Дали Нанев по насока на СДС има ургирано за одредени лица да не бидат дел од прогонот за да ги заштити?СДС не смее да молчи и треба веднаш да одговори, во спротивно нашите сомнежи излегуваат дека се вистинити!

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-18.24.23

Трамп му предаде писмо од Меланија на Путин – темата, украдените деца од Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на самитот на Алјаска, лично му предал писмо од сопругата Меланија Трамп на рускиот претседател Владимир Путин, соопштија за агенцијата Ројтерс високи функционери од Белата куќа.Првата дама, која е родена во Словенија, не патуваше со Трамп во Алјаска, но во писмото, според изворите, таа го отвора прашањето за судбината на децата погодени од војната – особено за оние кои биле киднапирани и однесени во Русија или на територии под руска окупација.Според податоците на Киев, од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, најмалку 19.500 украински деца се депортирани или насилно оддалечени од своите домови. Украинските власти инсистираат дека никаков мировен договор не смее да се потпише без гаранции за нивно враќање.Прашањето е крајно чувствително и на меѓународна сцена: во 2023 година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Путин и неговата комесарка за права на деца, Марија Лвова-Белова, токму поради незаконската депортација на украински деца – дело што Киев го смета за воен злостор и чин на геноцид.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

Трамп од „Ер форс уан“: Долг повик со Зеленски, па разговори со НАТО лидерите

Претседателскиот авион „Ер форс уан“ на Доналд Трамп се врати од Анкоридж и слета во Вашингтон околу 02:00 часот по локално време (07:00 BST), јавуваат новинарите кои патуваа со американскиот претседател.Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за време на летот Трамп остварил долг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.По слетувањето, Трамп веднаш стапил во контакт и со лидерите на НАТО, информираат од Белата куќа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

По самитот во Анкоридж – Берлин воздржан, дипломати со критики: „Очигледно 1:0 за Путин“

Германската влада зазеде претпазлив пристап по самитот на Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, пренесе dpa.Според извори во Берлин, канцеларот Фридрих Мерц бил постојано информиран за случувањата во Анкоридж, а неговиот тим одржувал активна комуникација со меѓународните сојузници. Трамп изјави дека ќе ги извести европските партнери за исходот од разговорите, но не прецизира кога.Иако темата Украина беше во фокусот на очекувањата, двајцата лидери споделија малку детали, без конкретен напредок околу можен прекин на огнот.Со остра реакција настапи поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Исчингер. На „Х“ тој напиша: „Нема вистински напредок – очигледно 1:0 за Путин – нема нови санкции. За Украинците: ништо. За Европа: длабоко разочарување.“Исчингер истакна дека Путин добил црвен тепих и симболична победа, додека Трамп, според него, не извлекол ништо значајно.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Ноќеска хаос на скопскиот аеродром: Имало лажна дојава за бомба – летовите биле стопирани, сега функционира нормално

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Македонија | пред 5 месеци

ukraina

Русија напаѓала со 85 дронови: нов бран воздушни удари, целни региони Суми, Донецк, Чернихив и Днипропетровск

Русија ноќеска изврши масовен напад врз Украина, користејќи 85 ударни дронови и една балистичка ракета, соопшти украинското воено воздухопловство.Според официјалните податоци, целите биле области долж фронтот во регионите Суми, Донецк, Чернихив и Днипропетровск. Украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 61 дрон.Генералштабот на украинската армија додаде дека во последните 24 часа се регистрирани вкупно 139 борбени судири по должината на фронтот.Паралелно, руското министерство за одбрана објави дека ноќеска урнало 29 украински дронови над неколку руски региони, меѓу кои и 10 над Ростовската област.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Путин предложи нова средба – „следниот пат во Москва“

По завршувањето на самитот во Алјаска, нема реакција од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не беше поканет да учествува во разговорите меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.Американскиот претседател претходно најави дека неговиот прв телефонски повик по средбата ќе биде упатен токму до Зеленски. Британскиот премиер Киер Стармер, инаку еден од најгласните европски поддржувачи на Украина, исто така засега не ја коментира средбата. Зеленски само пред неколку дена беше во Лондон, каде заедно со Стармер нагласија „силно чувство на заедништво“.Од друга страна, Путин изјави дека е подготвен за нова средба со Трамп – „следниот пат во Москва“. Засега нема дополнителни детали за можно продолжување на преговорите или за тоа дали на нив ќе учествува и Киев.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Самитот во Алјаска заврши без договор – Трамп и Путин разговараа три часа

Пет часа по завршувањето на самитот во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ја напуштија средбата без да постигнат договор за прекин на војната во Украина.Двајцата лидери слетаа во Анкоридж нешто по 11:00 часот по локално време, каде што беа пречекани со црвен килим и долго ракување. Путин, видливо расположен, заедно со Трамп беше возен во американското претседателско возило „The Beast“ – потег што руските државни медиуми го претставија како симбол на блискост.Средбата траела околу три часа, а на масата со лидерите присуствувале и двајца блиски советници од двете страни. Слоганот на самитот беше „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), но претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој веќе предупреди дека иднината на земјата не може да се одлучува без Киев, повторно не беше вклучен во разговорите.По средбата, новинарите беа собрани на она што беше најавено како заедничка прес-конференција, но и Трамп и Путин дадоа само кратки изјави без да одговараат на прашања. Путин одржа подолго обраќање, но минимално ја спомна Украина, нагласувајќи дека е „искрено заинтересиран“ да се стави крај на конфликтот.„Сè уште има точки на несогласување. Нема договор додека не се постигне вистински договор“, изјави Трамп, додавајќи дека „не стигнавме таму иако имаше напредок“.Еден час по завршувањето на разговорите, двајцата претседатели повторно се качија во своите авиони и ја напуштија Алјаска. Во интервју за Fox News, Трамп го повика Зеленски да „направи договор“.Од Киев и европските сојузници сè уште се чека официјална реакција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кој преговара за Украина без Украина: Трамп, Путин и „тројка на тројка“

Зад затворени врати во Алјаска, преговорите меѓу американската и руската делегација се одвиваат во формат „тројца на тројца“ – секој од претседателите има уште двајца клучни советници на масата.Од руската страна присутни се:Сергеј Лавров, министер за надворешни работи веќе повеќе од две децении, санкциониран заедно со Путин по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година.Јури Ушаков, надворешнополитички советник на Путин повеќе од десет години и поранешен амбасадор во САД.Кремљ претходно најави дека во „проширениот формат“ ќе се приклучи и рускиот министер за одбрана, но не е познато кога.Од американската страна се:Марко Рубио, државен секретар и познат надворешнополитички „јастреб“ од кабинетот на Трамп.Стив Виткоф, специјален пратеник и личен пријател на Трамп, првично назначен за Блискиот Исток, но често вклучен во разговори за Украина.Истите четворица советници се сретнаа и во февруари во Саудиска Арабија на мировните преговори за Украина – тогаш без Трамп и Путин.И овојпат, на масата нема претставник од Украина, иако иднината на земјата е главна тема на преговорите. Забележителен е и отсуството на специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог.

Свет | пред 5 месеци

putin-reakcija

(Видео) „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – молкот на Путин стана вирален

Рускиот претседател Владимир Путин двапати беше директно прашан од новинари дали ќе престане со убивање цивили – и двапати одлучи да молчи.Првото прашање беше поставено кога тој и американскиот претседател Доналд Трамп се фотографираа по излегувањето од авионите и официјалното ракување. Второто – на почетокот на состанокот, додека двајцата лидери позираа за фотографиите пред медиумите. Во двата случаи, Путин не даде никаков одговор. Снимките од неговата реакција брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и дебати околу неговото однесување и политичката порака што ја испраќа со молкот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Судири во центарот на Белград: Запалени контејнери, полицијата интервенираше со солзавец

Во центарот на Белград, на платото кај Славија, полицијата вечерва интервенираше со солзавец за да ги растера демонстрантите.Граѓаните беа потиснати во околните улици, а според информациите, контејнери биле запалени и на улицата Белградска. Дел од демонстрантите се движат кон Правниот факултет.Ова е уште една од серијата тензични сцени кои се одвиваат низ Белград во рамки на протестите што траат веќе неколку дена.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Од Кабул до Алјаска: Дежаву од мировната дипломатија на Трамп

На црвениот тепих во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп му приреди топол пречек на Владимир Путин – гест што остро контрастира со односот на западните лидери кон рускиот претседател од почетокот на целосната инвазија врз Украина.Слоганот на самитот, „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), на многумина им звучи познато. За време на првиот мандат на Трамп, во февруари 2020 година, неговата „високоризична“ дипломатија доведе до договор со Талибанците, познат како „Bringing Peace to Afghanistan“ – преговори во кои тогашната авганистанска влада беше целосно исклучена.Денес, повторно сведочиме на состанок на кој засегнатата страна – овојпат Украина – не е присутна на масата, иако се дискутира за нејзината иднина.Симболиката е дополнително нагласена од фактот што денот на средбата меѓу Трамп и Путин се поклопува со четвртата годишнина од враќањето на Талибанците на власт. За многумина, ова предизвикува непријатна паралела: тогаш, кога талибанското раководство постигна договор со САД, нивната победа беше само прашање на време. Некои аналитичари предупредуваат дека Владимир Путин денес може да размислува на ист начин.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.35.02

(Видео) Судир во Ниш – полицијата со хемиски средства против демонстрантите

Во Ниш вечерва дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата, иако претходно имаше информации дека протестите таму поминуваат мирно.Како што јавуваат „Јужни вести“, полицијата во интервенцијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите.Настанот е дел од бранот протести што деновиве се одржуваат низ Србија, при што во повеќе градови се регистрирани тензии и физички пресметки меѓу учесниците и полициските сили.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.33.45

(Видео) „Кучињата на Вучиќ“ - демонстранти во Чачак провоцираа полиција пред станица

Пред полициската станица во Чачак вечерва се одржа протест на кој демонстрантите симболично им подале раце на полицајците, барајќи да бидат уапсени.Собраните, кои извикувале погрдни зборови кон полицијата и српскиот претседател Александар Вучиќ, присутните полициски службеници ги нарекле „Кучињата на Вучиќ“.Инцидентот се случува во контекст на пошироките антивладини протести низ Србија, кои последните денови се одвиваат со засилено полициско присуство и повремени тензии меѓу двете страни.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.31.41

(Видео) Инцидент во Ваљево: Маскирани лица нападнаа локал, повредена жена

Вечерва во Ваљево група маскирани напаѓачи го демолирала кафе-барот „Сквер“, јавува Nova.rs. Според информации споделени од граѓани на социјалните мрежи, во нападот била повредена една вработена во локалот.Жената, според истите извори, добила повреди на главата и скршеница на раката. Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачите ниту за мотивите зад инцидентот. Полицијата сè уште не се огласила за случајот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.42.29

(Видео) Прекинат концертот на Јелена Карлеуша – полицијата ја евакуираше пејачката

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша беше прекинат откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ дофрлуваат погрдни зборови.Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата интервенирала и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжила со навредите.Настанот заврши порано од планираното, а атмосферата на местото била напната. Засега нема информации дали некој е приведен или повреден во инцидентот. Карлеуша изминатиот период, отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а упатува навреди кон студентите и граѓаните кои протестираат.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Зеленски: Средбата Трамп–Путин е потребна, но Украина мора да биде вклучена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска е „потребен“, но повтори дека Украина мора да биде вклучена во мировните преговори за да се донесат „ефективни одлуки“.„Русија треба да ја заврши војната што самата ја започна,“ изјави Зеленски, потсетувајќи дека Киев не е поканет на денешниот состанок во Анкоридж.„Потребни се безбедносни гаранции. Потребен е траен мир. Сите ги знаат клучните цели. Сакам да им се заблагодарам на сите кои помагаат да се постигнат вистински резултати,“ напиша тој на мрежата Х.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.59.19

(Видео) Огнена стихија во Јажинце повторно се активираше

Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно се реактивираше, а на терен се распоредени противпожарните екипи, државните служби и локалното население кое помага во гаснењето на огнената стихија.На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите мерки за пожарот да биде ставен под контрола.Според последните информации, се работи интензивно за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

(Видео) Различен третман: Путин доби топло добредојде, Зеленски – остра критика

Рускиот претседател Владимир Путин доби сосема поинаква добредојде од американскиот претседател Доналд Трамп во споредба со украинскиот лидер Володимир Зеленски, кој годинава во февруари беше гостин во Белата куќа.Додека Зеленски беше изложен на остра и непријатна вербална офанзива од Трамп, Путин денеска се насмевнуваше додека седеше со него во претседателското возило „The Beast“.Самото патување со американскиот претседател во неговото оклопно возило се толкува како дипломатска победа за Путин, уште пред да биде изговорен и еден збор. Иако Трамп формално не постигна ништо само со доведувањето на Путин во САД, за рускиот лидер тоа е значајно – по слетувањето, прошетката по црвениот килим и симболичното седење во „The Beast“, тој веќе постигна дел од своите цели.Путин, денеска испрати порака на враќање на дипломатската сцена.

Свет | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-8

Пет месеци од трагедијата во „Пулс“, потресна порака од мајката на загинатиот Андреј: Моето срце вечно ќе гори за тебе

Утре, 16 август, ќе се одржи 18-тиот „Марш на ангелите“, во чест на 62-та млади животи изгубени во пожарот во клубот „Пулс“ пред точно пет месеци. Настанот ќе започне во 18:05 часот – симболично време што, според здружението на родителите, ја претставува доцната и фатална институционална реакција во ноќта на трагедијата.Мајката на загинатиот Андреј, Марија Петрушова, преку силна и емотивна објава на социјалните мрежи, се потсети на своето дете и упати повик до јавноста: „За мојот најмил Андреј. Утре се навршуваат пет месеци откако мојата душа е осиромашена, откако секој ден болката станува поголема без тебе — мој вечен и непреболен сине. Пет месеци празнина во моето срце. Пет месеци во кои секој здив тежи. Пет месеци во кои спомените се мојата единствена сила. Андреј, сине на мајка, ти си во секоја моја мисла, во секој поглед, во секој мој здив. Знај, сине, никогаш нема да бидеш заборавен. Сите твои и мои роднини, другари и пријатели се мојата сила и поддршка. И утре, како и секогаш, ќе бидат покрај мене на Маршот на ангелите — затоа што знаат дека правдата сама од себе не доаѓа... Но, синко мој, реалностa, за жал, е сосем друга. Очигледно мора секоја сабота да потсетуваме дека сте постоеле, дека болите, и дека ние, родителите, никогаш нема да замолчиме — колку и да се надеваат некои. Затоа, ако имате слободен еден час, а мислите дека трагедиите не се ваша работа — тогаш, слободно, останете дома. Но, ако во вас има трошка емпатија и болка, како што велите, тогаш покажете — и придружете ни се“Петрушова додаде дека љубовта и вистината „не можат да се купат, заборават или замолчат“ и порача дека родителите нема да се откажат од борбата за правда за своите деца и побезбедна иднина за сите.Здружението на родителите и роднините на загинатите упати јасна порака: „Да чекориме заедно со љубов и чест кон нашите деца, обединети во маршот за правда – за никогаш да не се повтори.“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.32.28

(Видео) Затегната атмосфера во Белград: олицијата тврди дека протестантите се вооружени – активистите негираат

Во Нов Белград, полицијата побара од присутните граѓани да се повлечат, тврдејќи дека дел од демонстрантите се вооружени. Според N1 Србија, активистот и советник во општинското собрание на Нов Белград, Здравко Јанковиќ од Зелено-левиот фронт, разговарал со командантот на полициската бригада Драгослав Репац, кој му порачал дека собирот е незаконски бидејќи не е пријавен, а дека во толпата има наоружани лица.„Ви издавам јасна наредба да ја напуштите оваа позиција или да се поместите на безбедно растојание, за да не дојде до судир со полицијата. Ако има напад врз полициски службеници или други граѓани, ќе реагираме согласно законот“, изјавил Репац, пренесуваат тамошните медиуми.Јанковиќ одговорил дека присутните не се вооружени и дека само сакаат да се приклучат на другата група граѓани, но полицијата тоа не го дозволила.Во меѓувреме, во улицата „Кнеза Милоша“ пристигнал дополнителен кордон, кој се позиционирал пред Владата на Србија. Полицијата се најде меѓу две групи демонстранти – едната која дошла од Нов Белград преку Газела и другата која веќе била во центарот. Зад полициските кордони застанале оклопни возила со вклучени ротации, а демонстрантите од страната на Газела поставиле контејнери на средината на улицата.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања