Скопје1.мк

12

Претставата „12“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 17 јули со почеток во 21:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов.„12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу предрасудите, моралот, правдата и човечката совест. Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени слоеви, со различни погледи и ставови, се соочуваат меѓусебно, но и со самите себе, додека се обидуваат да донесат правична пресуда.Иако на почетокот сите се убедени во вината на обвинетиот, еден поротник почнува да се сомнева во докажаното. Оттаму започнува интензивна и длабока дебата, низ која постепено се разголуваат личните уверувања, стереотипите и стравовите на секој од нив. Просторот на поротничката соба прераснува во микрокосмос на македонското општество, каде што се препознаваат пошироките општествени предрасуди и конфликти.Претставата „12“ премиерно беше изведена во ноември 2024 година и оттогаш гостувала на повеќе фестивали во земјата и во странство. Освои повеќе значајни признанија, меѓу кои: награда за најдобра претстава, награда за најдобро уметничко остварување во целина, специјална награда за колективна игра, како и награда за најдобра епизодна машка улога за актерот Оливер Митковски.Во претставата играат врвни актери, кои ја освоија и домашната и меѓународната публика: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува од 12 јули до 20 август 2025 година.

Охрид | пред 6 месеци

IMG_5168

Загина 16-годишен мопедист на патот Охрид-Свети Наум, излетал од патот

Во текот на ноќта во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 6 месеци

odbojka

Македонија домаќин на EYOF – олимписки настан без терени и без медиумско внимание

Скопје е домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) – спортски настан од највисоко ниво, на кој учествуваат над 4000 млади спортисти од околу 50 европски земји, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули.И покрај значењето на настанот, Македонија не успеа да обезбеди терени со соодветни олимписки димензии за сите дисциплини – дел од натпреварите во одбојка на песок се одржуваат во Хрватска. Информираноста и медиумската покриеност се минимални, реагира Марко Ристески

Скопје | пред 6 месеци

pozar-Iral

(Видео) Стравична трагедија во Ирак, најмалку 50 загинати во пожар во трговски центар во Кут

Најмалку 50 лица ги загубија животите во голем пожар што избувна во хипермаркет лоциран во петкатна зграда во градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а локалните власти најавија дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Според досегашните информации, огнената стихија ја зафатила целата зграда каде се наоѓал трговскиот центар. Видеа објавени на социјалните мрежи го прикажуваат драматичниот момент кога противпожарни екипи се борат со пламените јазици, обидувајќи се да го стават пожарот под контрола.

Свет | пред 6 месеци

tomorowland

(Видео) Главната бина целосно пеплосана – пожар го зафати „Тумороуленд“ пред стартот на фестивалот

Два дена пред официјалниот почеток на светски познатиот фестивал на електронска музика „Тумороуленд“ во Белгија, силен пожар ја зафати и целосно ја уништи главната бина. Организаторите соопштија дека, за среќа, нема повредени и дека фестивалот ќе се одржи како што е предвидено.На снимки објавени од локалните медиуми и корисници на социјалните мрежи, може да се забележат пламени јазици и густ црн чад како ја зафаќаат конструкцијата, додека огнот се шири кон блиската шума. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот. Фестивалот се одржува во градот Бом, во близина на Брисел, и секоја година собира десетици илјади посетители. Оваа година неговиот почеток е закажан за утре.„Станува збор за сериозен инцидент – нашата главна бина е сериозно оштетена од пожарот. Тоа беше сцена на која работевме со години и ова е голем удар. Но, најважно е дека никој не е повреден. Фестивалот продолжува. Во кампот очекуваме околу 38.000 гости, а во самиот град над 100.000 посетители. Главната бина нема да ја има, но ќе понудиме алтернативи“, изјави портпаролот на „Тумороуленд“. Фестивалот е основан пред две децении од двајца белгиски браќа и денес се вбројува меѓу водечките светски фестивали за електронска музика, познат по своите импресивни сцени и визуелни перформанси.

Свет | пред 6 месеци

seizmograf

Слаб земјотрес синоќа почувствуван во Скопје и околината, епицентарот во Косово

Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град.Земјотресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија преку сеизмолошките станици поставени низ целата држава и одржувани од страна на Сеизмолошката опсерваторија.

Скопје | пред 6 месеци

divogradbi

“Да не видиш 2, 3 дивоградби ајде и 10, ама 200.000 не се резултат на Жане што користела стар одмор туку на нееднаквост на законот”

Ина Многу Фина со остар став за урбаната анархија и двојните аршини на институциите.-Во земјава има 200 000 дивоградби. Да не видиш 2,3 ајде и 10, ама 200 000 не се резултат на катаракта или Жане што користела стар одмор па не видела. Тоа е резултат на нееднаквост пред законот, некои дигаат згради и никој не ги гледа, некој ќе закасни со трета сметка према институција, одма ќе го видат, ќе му се обеси цел систем на глава со се извршители, пенали и шалтеруши. Сепак изгледа не сме сите исти... 200 000 дивоградби. Секоја чест.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-16-213308

(ВО ЖИВО)Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер, тој е послушник кој сам си пукаше во нога

Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за состојбите во културата.Според него, најдобар министер до сега бил Ештреф Алиу, а најлош Слободан Унковски. Сепак, посочува, актуелниот министер Зоран Љутков ќе го надмине и најлошиот.„Тоа е министерот за култура, актер, кој доби 800 тужби од своите колеги актери, затоа он е јаден, тој е послушник, после им ја намали платата на колегите. Сам си пукаше во нога. Заробеник е на луѓе во Министерството. И времето на СДСМ беше лошо, но ова е најлошо”, вели Михајловски.Поткастот следете го на следниот линк:

Скопје | пред 6 месеци

levica

„Левица убива деца“ – партијата најави тужба против Богојески поради скандалозната изјава

Партијата Левица најави тужба за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против, како што го нарекуваат, „владиниот функционер“ Петар Богојески.Во соопштението испратено до јавноста, од Левица велат дека повод за овие правни чекори е „срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава“ на Богојески, кој е „актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски“.„Скандалозните јавни обвинувања дека ‘Левица убива деца’ не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови“, посочуваат од партијата.Дополнително, според нив, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од страна на лице „кое со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација“, претставува „игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачко однесување“.Од Левица оценуваат дека се работи за „политичка злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп“, со „паушално поврзување со Левица“, што, според нив, е „циничен и безобзирен обид за политичко профитирање и дискредитација на политички противници од страна на власта“.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-16-220413

(ВО ЖИВО) Тони Михајловски: На Груевски до глужд не му се другите политичари, Стојанче е кловн, а Љубчо Георгиевски е катастрофа

Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, одговараше и на прашања од гледачите.„На Груевски до глуждови не му се другите, тоа е човек кој е неправедно осуден. Кај се сега актуелните кои ветуваа борба со криминалците? Ни еднаш не го спомнале Заев”, рече Михајловски.Со Мијалков, Груевски, вели, беа тандем, иако лукративноста стои. Би се видел со Груевски.„Љупчо Георгиевски е катастрофа, не можам да замислам дека некогаш сум стоел со него. Стојанче е кловн, политички шут. Драго ми е што сум му непријател. Најважно му е да биде директор”, одговори Тони Михајловски во „Претрес со Ландов”.Следете не на следниот линк:

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-16-213504

(ВО ЖИВО) Тони Шанац: Мојата партија ме предаде и работеше за Максим, пазарот беше за градоначалник на Скопје

Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за локалните избори во Куманово пред четири години кога тој беше кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.Михајловски вели дека неговата партија не застанала зад него и го предала. Го спомена и актуелниот пратеник од Куманово, Бране Петрушевски, кој ниту еден состанок на партијата не одржал за негова поддршка.„Тотална опструкција ми направија, ниту една секунда реклама немав на телевизија, а 8.500 гласа освоив, замислете што ќе беше ако ме подржеа. После изборите бев многу разочаран, најмногу од лидерот. Од нервоза закачив херпес зостер со страшни болки. Никој не ми кажа зошто ми го направија ова, не сум се наметнувал, не знам кому сум му пречел. Историска шанса доби ВМРО -ДПМНЕ тогаш да ги добие локалните избори во Куманово, но работеа за Максим. За градоначалникот на Скопје пазар се правеше”, вели Михајловски.Единствено Орце Георгиевски му се јавил од партијата за овие четири години. Прв пат, бидејќи извадил лична карта од Скопје, ќе гласа за градоначалник на Скопје и на Карпош.Поткастот следете го на следниот линк:

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-16-212513

(ВО ЖИВО)Тони Шанац: Ништо повеќе не сум го навредил Заев колку што тој мене ме навредил, не излажа сите

Гостин во „Претрес со Ландов” е Тони Михајловски, познат како Тони Шанац, актер, во 2001 година бил припадник на полициската единица Лавови, човек кој држел шанк на Охридска плажа. Го сака Охрид, но вели политиката на страна, јас сакам да одам и во Грција, не сум имал проблеми.Познат и гласен беше против менување на името.„Ништо помалку не сум го навредил Заев, колку што тој ме навредил мене. Не излажа сите. Би седнал на кафе со Заев но не би разговарале за политика, туку за мотори”, вели Михајловски.Поткастот следете го на следниов линк:

Скопје | пред 6 месеци

stojanoska-1

Стојаноска: На Скопје му треба градоначалник како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е симбол на работа, чесност и посветеност

Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, вечерва гостуваше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Стојаноска на самиот почеток истакна дека Орце Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност.„Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа навистина профил на личност којашто му е потреба на Градот Скопје, бидејќи изминативе четири години како е градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е веќе симбол на работа, посветеност, на постојан контакт со граѓаните, на реформи коишто се навистина случени во Кисела Вода, таму нема жител којшто не е задоволен од она што Орце Ѓорѓиевски како градоначалник на оваа општина го покажа“, истакна Стојаноска.Пратеничката потенцираше дека Ѓорѓиевски е постојано на терен, достапен за сите граѓани, кој ќе направи препород за Скопје, и дека тоа ќе се види преку убедливата победа уште во првиот круг.„Имавме партиски анкети, што телефонски што теренски сите не доведоа до тоа Орце Ѓорѓиевски официјално да биде наш кандидат. Постојан работник, постојано на терен, достапен за сите и мислам дека ќе направи буквално препород за Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе нема противкандидат или против тежа којашто може да ја загрози неговата убедлива победа уште во првиот круг“, рече Стојаноска.Во врска со прашањето за обединувањето Стојаноска додаде:„ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред една година повикуваше на обединување, но прашањето е од другата страна кој е ставот и со кого би требале да се обединиме, бидејќи Венко Филипче на националниот Совет за евроинтеграции и вчера во интервјуто кај вас кажува дека и после ова временска дистанца Венко Филипче ни тврди дека тоа било најдоброто можно решение за Македонија и кажува дека за ваквиот став се консултирал со Маричиќ, Димитров со Бујар Османи. Тоа се оние коишто ни ги нанесоа најголемите штети како држава, прашањето е со кого да се обединиме? Со Филипче којшто е дејуре лидер на опозицијата но дефакто е најголемиот бугарски ас на македонската политичка сцена“, децидна е Стојаноска.

Македонија | пред 6 месеци

gruevski

Никола Груевски од Будимпешта: Селективна правда и судски одлуки без докази – приказната за моите наводни станови е лажна

„Во Македонија постои двојна аршини за судството – кога некому не му одговара одлуката, тоа е корумпирано и партизирано судство со 2% доверба. Кога одлуката одговара на нечии интереси, тогаш одеднаш станува швајцарски модел на правда“, пишува поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта.Повод за неговата реакција е продажбата на станови што беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“. Тој тврди дека никогаш не бил сопственик на становите што ги продава државата и дека нема никакви докази ниту сведоштва што го поврзуваат со нив.„Ниту еден од тие пет стана не бил на мое име, ниту на мој близок. Нема уплати, договори, разговори, сведоци – ништо. Но, судот, под притисок од Зоран Заев, ги одзеде од двајца бизнисмени за да се конструира случај против мене.“Груевски наведува дека обвинителството се потпирало на непотврдени изјави, како наводниот коментар на Сашо Мијалков дека становите „можеби се за Никола“. Според него, се работи за политичка конструкција, за која „некои сведоци биле уценети да зборуваат, само за да избегнат кривична одговорност“.„Во нормална држава, со вистинско судство, ова не би било можно. Но кај нас судат врз основа на претпоставки. Без доказ, без следење на парите, без сведоци. А медиумите, наместо критички да се запрашаат, ја пренесуваат пресудата како да дошла од Цирих, а не од судот во Скопје.“Тој ги обвинува дел од медиумите и аналитичарите за селективно верување во судските пресуди, во зависност од политички или бизнис интереси.„Ако судот пресуди против некој што не им е симпатичен, веднаш е „правда“. Ако не им одговара – тогаш е „нарачка“. Таквата неконзистентност ја уништува секоја шанса за правна држава“, вели Груевски.На крајот, порачува дека притисоците на СДСМ и Заев врз обвинителството и судството се документирaни, и ги спомнува изјавите на Вилма Русковска за политички нарачани гонења.

Коментари | пред 6 месеци

gruevski-nikola-543

„Тепачка“ за становите на Груевски, апартманите на Водно никој не му ги сака

Два од становите на поранешниот премиер Никола Груевски, одземени во предметот „Плацеви на Водно“, беа продадени вчера преку електронска аукција спроведена од Агенцијата за управување со одземен имот.Станува збор за двата стана на улицата Бихаќка, веднаш до дуплексот во кој Груевски живееше пред бегството. За нив, според информациите за „Фокус“, имало голема заинтересираност – се продале за речиси двојно повеќе од проценетата вредност. Станот со површина од 57 метри квадратни, кој се нудеше по цена од 63.000 евра, е продаден за 131.186 евра, додека помалиот од 38 квадрати, проценет на 44.000 евра, достигна цена од 90.016 евра. Новите сопственици засега не се откриваат, бидејќи се чека нивната уплата.Истовремено, аукцијата за трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама“ на Водно била неуспешна – немало ниту еден пријавен учесник.„Електронската лицитација за апартманите на ул. Тодор Александров беше неуспешна, односно немаше пријавени кандидати“, велат од Агенцијата.Апартманите на Водно имаат вкупна површина од 750 квадратни метри и се проценети на над 2,4 милиони евра. Сите се со големи балкони и луксузна опрема, со поглед кон цело Скопје.Еден од становите има 155 м² внатрешна површина и 95 м² тераса, проценет на 760.000 евра.Вториот е од 199 м² со балкон од 48 м², вреднуван на 847.000 евра.Третиот има речиси идентични димензии – 200 м² и балкон од 48 м², со проценка од 851.000 евра.Груевски на истата адреса на Бихаќка поседувал вкупно четири стана – два кои ги користел како библиотека и работна соба, покрај дуплексот во кој живеел.Претходно, „Фокус“ објави дека е продадено и атрактивното земјиште на Сашо Мијалков во Гевгелија за сума под еден милион евра.

Македонија | пред 6 месеци

puls-1

(Видео) Истрага се води за 29 полицајци кои се поврзуваат со „Пулс“, во еден предмет ќе им се суди на осомничените за пожарот и издавачите на дозволите

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека нема потреба од раздвојување на постапките за обвинетите во случајот за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Според него, обвинителството има искуство со сложени предмети со повеќе обвинети и тоа нема да биде пречка за водење на ефикасна постапка. Ова доаѓа покрај предупредувањата од правниците дека предметот однапред, се осудува на пропаст.„Ако се раздвојат постапките, може да се појават компликации – едни ќе бидат обвинети, други сведоци, а станува збор за ист кривично-правен настан. Имаме искуство со предмети со над 30 обвинети. Сега го чекаме одобрувањето на обвинителниот акт“, рече Коцевски.Врховниот суд претходно одлучи предметот да го води Основниот кривичен суд Скопје, преку автоматска распределба (АКМИС). Се очекува Судскиот совет наскоро да одлучи во која сала ќе се одржуваат рочиштата – во опција се специјалната судница во Идризово, големата сала во Врховниот суд или во самиот Кривичен суд.Коцевски додаде дека паралелно со овој предмет, истрага се води и против 29 полициски службеници, опфатени во одвоена постапка во Обвинителството за организиран криминал, за евентуални пропусти во врска со пожарот. Според Обвинителството, се прибираат докази, се сослушуваат осомничени и сведоци, и се очекува истрагата да заврши до почетокот на септември.На оваа тема зборуваше и адвокатот Sвонко Давидовиќ во „Претрес“:?t=5755

Македонија | пред 6 месеци

davkova

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.Исто така, градоначалникот ја запозна со изградбата на школските базени и ја потенцираше важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите, како најважна за заштита на водите.Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.За претседателката, локална самоуправа е клучна во решавањето на најважните проблеми на граѓаните врзани за локусот и за развојот на демократијата.

Македонија | пред 6 месеци

lazar-nanev

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го водел, од 15 јули годинава е повторно вработен во МВР – како инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ објаснуваат дека Нанев имал активно право на враќање на работа во рок од 30 дена по престанување на функцијата судија, бидејќи неговото претходно работно место во МВР (пред да стане судија во 2002 година) било ставено во мирување со решение на тогашниот министер Љубе Бошкоски.„Поради престанување на причините за мирување на работниот однос, односно разрешувањето од судиска функција, Нанев поднел барање за враќање на работа. Врз основа на тоа, согласно Законот за работни односи, е вратен на позиција која одговара на неговиот степен и вид на стручна подготовка“, велат од МВР.Токму за случајот поради кој беше разрешен, Нанев сè уште се гони кривично – а судењето е закажано за крајот на септември.

Македонија | пред 6 месеци

f

Митрополит Агатангел: Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување

„Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски †Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“.Според него, Европа одамна ги напушти своите темелни вредности и денес е заложник на шовинизми и корупција. „Европа на Хегел и Кант се претвори во Европа на Каравангелис и Живков. Наместо прогрес, ни нуди потчинување и омаловажување“, вели тој.Тој ги повикува и властите и опозицијата, како и целокупниот македонски народ – дома и во дијаспората – на обединување и активна одбрана на националното достоинство.„Доста беше молк и криење. Секој што има јавна функција мора да расчисти со злото од минатото и да работи за иднината. Македонија може да се извлече од оваа ситуација само со јасна визија и храброст. Само така ќе изградиме пат кон достоинствена иднина“, порачува митрополитот.На крај, тој додава: „Само храбро, македонски народе! Бог ги штити оние што се борат за вистината и слободата. Време е да го подигнеме гласот против неправдата и да си го исчистиме сопствениот двор.“

Македонија | пред 6 месеци

azir-aliu

Алиу призна дека не знае колку лекари има во државата, можеби има и други фантом-доктори како во Струга?

Министерот за здравство Азир Алиу денеска призна дека институциите во државата немаат точна и усогласена евиденција колку лекари има во здравствениот систем. Според него, податоците кои ги добива од различни институции се разликуваат, а тоа е, како што рече, „базичен системски проблем“.„Јас сѐ уште не знам точна бројка на доктори. И кога велам точна, мислам – бројка е бројка, не може да биде плус еден или минус еден. Ако тоа не го знаеме, тогаш не можеме да знаеме ниту дали имаме уште некој како оној случај во Струга“, рече Алиу.Изјавата доаѓа еден ден по објавата дека против 42-годишниот К. С. од Струга, вработен како лекар во Општата болница, е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата. Според полицијата, тој од 2019 до ноември 2024 година не се појавувал на работа, не го информирал работодавачот за прекинот на специјализацијата, и покрај тоа што му истекла лиценцата во 2020, продолжил да зема плата и додатоци, со што го оштетил буџетот на болницата за речиси два милиони денари.„Ако еден ваков случај се појави во Струга, постои основана претпоставка дека можеби има и други, во други градови. И можеби додека зборуваме, тие сè уште функционираат“, додаде министерот.Алиу откри дека уште во првите денови од преземањето на функцијата побарал од институциите конкретни и прецизни податоци за бројот и профилот на вработени во здравството. Но, како што рече, податоците што ги добива не се компатибилни, ниту пак одговараат на реалната состојба со систематизацијата и органограмите.„Испративме ново барање, овој пат без условување со систематизација – туку за реалната бројка. Се чека одговор. За жал, секое барање трае“, рече тој.Министерот додаде дека во Министерството се работи на функционална анализа која ќе даде јасна слика колку луѓе се потребни во системот, каква инфраструктура недостасува и колку време треба да траат медицинските процедури. Анализата, според него, е „една од најкрупните задачи“ и нема да се прави брзоплето, туку прецизно, по што ќе следуваат и реформите во здравствениот сектор.„Сакаме процесот да биде точен, а не само брз. Пациентите не смеат да чекаат месеци за резултати. Со оваа анализа ќе знаеме точно каде сме и што недостига“, заклучи Алиу.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Малолетно девојче сексуално вознемирувано од сосед во Шуто Оризари

Во Полициското одделение Шуто Оризари 39-годишна жена пријавила дека нивниот сосед Џ.С. допирал по телото нејзината малолетна ќерка. Настанот се случил на 15 јули, а за случајот веднаш бил информиран јавен обвинител.Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосна документација ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

Нема фотографија

Гувернерот Славески: Банките ќе мора да ги намалат трошоците за електронските плаќања

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов и поедноставен модел на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС. Како што истакна гувернерот, д-р Трајко Славески, во денешната изјава пред медиумите, со оваа промена се поставува поконкурентна тарифна структура којашто ќе овозможи пониски трошоци за електронски плаќања, со директни придобивки за граѓаните и за компаниите.„Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел ги поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај Народната банка, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплатуваат од граѓаните и од компаниите“, изјави гувернерот Славески.Одлуката ќе стапи на сила на 1 август, а Народната банка очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за пошироките економски придобивки од достапни и евтини платежни услуги.Во рамките на подготовките за приклучување кон европската платежна шема СЕПА, Народната банка воведува и нова структура на надоместоците за плаќањата во евра од страна на државните органи со значително пониска цена. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра по трансакција преку кореспондентни банки, ќе се применуваат фиксни надоместоци од 3 евра за електронски иницирани и од 5 евра за хартиени налози.„На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА“, истакна гувернерот.Гувернерот посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

Македонија | пред 6 месеци

motor

Мотоциклист загина во несреќа кај струмичкото село Штука

На 15 јули, во 23.45 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Штука мотоциклист со иницијали З.С. (33) од село Иловица загинал на лице место откако управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од патот.Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на обвинител.

Македонија | пред 6 месеци

Pance-toskovski

Полицијата влезе во скопски општини по налог на обвинителство: Се собираат докази за дивоградби

Полицијата вчера извршила претреси во неколку скопски општини – Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода – со цел обезбедување на докази поврзани со бесправна градба. Акцијата е спроведена по наредби од Јавното обвинителство, а во неа учествувале повеќе оддели на МВР, меѓу кои и организиран криминал, криминалистичка полиција и СВР Скопје.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција истакна дека не станува збор за реакција на актуелниот интерес на јавноста, туку за редовни активности што Министерството ги спроведува секојдневно.– Ова не е нешто што се прави поради моментален интерес, туку е дел од тековната работа на МВР. Во моментов не можам да споделам детали околу обезбедената документација – изјави Тошковски.Тој додаде дека полицијата постапува строго по закон, а секој случај на утврдена дивоградба што претставува безбедносен ризик ќе биде предмет на постапка за уривање.Одговарајќи на новинарско прашање дали полицијата постапува по пријавите од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, министерот рече дека МВР работи по сите случаи каде што добива наредба од обвинителството.– За разлика од претходно, денес предметите не завршуваат во фиока. Континуирано се работи и се преземаат активности. Градоначалничката сите докази ги доставува до обвинителството за организиран криминал, кое пак, издава конкретни наредби до МВР. Секој треба да си ја врши работата во рамки на своите надлежности – нагласи Тошковски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

azir-aliu

Поплаки од сите страни: Граѓаните му пишуваат директно на министерот за доцнења на резултатите и пропусти во здравството

Министерството за здравство го започна спроведувањето на Националната програма за кризен менаџмент и зголемување на отпорноста на здравствениот систем, прв ваков проект во земјава кој воведува нов пристап во справувањето со ризици, воспоставување стандарди и дигитална платформа за координација во реално време. Ова го истакна министерот Азир Алиу на денешната прес-конференција.„Ова е јасен политички сигнал дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритети, а нашата обврска е да создадеме систем кој реагира пред да се случи криза, а не по нејзиното појавување. Со овие чекори државата се движи од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја опасност. Воедно започнуваме нова фаза на инвестиции вредна 205 милиони евра за модернизација на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево,“ рече Алиу.Во рамките на оваа нова концепција, е воведена и алатка преку која граѓаните директно можат да пријават неправилности во здравствениот систем.„До сега пристигнаа 90 пријави, најмногу од Скопје. Најчесто се однесуваат на доцнење на резултатите од испитувања, пролонгирање на прегледи и ангажмани на доктори како во јавниот, така и во приватниот сектор. Она што е најважно е дека овие пријави не се игнорираат, туку секоја се разгледува од посебни работни групи за да се обезбеди институционален одговор. Ова е јасна порака: времето кога здравствените проблеми се заташкуваа е завршено. Граѓаните сега имаат можност да го искажат својот глас и тој глас ќе биде слушнат,“ додаде министерот.Тој посочи дека создавањето семејство треба да биде право, а не луксуз, поради што ја отстранија административната бариера и го зголемија бројот на финансирани ин витро обиди од три на шест, а постапката за одобрување е дигитализирана и скратена на две недели.„Нема повеќе чекање со месеци, нема изгубени документи, туку само нови шанси и пристапност. Исто така, го поедноставивме процесот за лекување во странство, воведовме поголема одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани,“ истакна Алиу.Тој нагласи дека се формираат кризни штабови кои ќе бидат обучени за брзо и ефикасно справување со разни предизвици.„Целта е секој член на овие работни групи да биде подготвен да дејствува веднаш во случај на криза. Развиваме протокол за интероперабилност меѓу институциите, со кој ќе се утврди кои органи треба да бидат активни при различни видови природни непогоди. Во овие групи нема да има само здравствени работници, туку и претставници од надлежните институции за управување со кризни ситуации. На пример, ако се случи земјотрес, ќе биде јасно кој како да реагира, а клиниките ќе бидат подготвени со екипи за итна интервенција,“ појасни министерот за здравство.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања