Скопје1.мк

viz2

Вклучен и Ер Трактор во гаснењето на пожарот кај Визбегово

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу скопските населби Визбегово и Шуто Оризари сè уште е активен и претставува закана за околните населени места. Поради сериозноста на ситуацијата и ризикот од ширење кон станбени објекти, веќе е вклучена и воздушна поддршка.Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по нивно барање, авион Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе интервенира од воздух во обид да се локализира огнената стихија.„Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари, во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи“, соопштија од ЦУК.На градоначалникот му е укажано дека, доколку проценките покажат зголемен ризик, треба да се пристапи кон евакуација на населението од најзагрозениот реон.Граѓаните од овој дел на градот се жалат на густ црн чад кој го покрива небото и бараат трајно решение за депонијата која со години претставува ризик за здравјето и безбедноста.

Скопје | пред 7 месеци

vizbegooooo

Загрижувачка состојбата кај Визбегово – пожарот се шири, можно наредување евакуација!

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу Визбегово и Шуто Оризари брзо се шири и претставува сериозен ризик за околните површини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Опасноста е уште поголема бидејќи во непосредна близина се наоѓаат станбени објекти.По барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со огнената стихија. ЦУК веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел побрза и поефикасна интервенција.Градоначалникот е информиран дека, доколку состојбата го наложи тоа, треба да се пристапи кон евакуација на жителите од најзагрозените подрачја.Во моментов на терен дејствуваат противпожарни екипи на Град Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

vizbegovo-pozar1-1

(ФОТО/ВИДЕО) Пожар кај депонијата меѓу Шуто Оризари и Визбегово – чадот ги прекри околните населби

Густ црн чад и силни пламени јазици утринава повторно ја зафатија депонијата што се наоѓа меѓу скопските населби Шуто Оризари и Визбегово. Според информациите од терен, се запалиле стари гуми, а чадот брзо се проширил, прекривајќи делови од околината. Од фотографиите и снимките што ги направи Скопје1, може да се види дека главно горат гуми.На лице место интервенираат четири возила на Противпожарната единица на Град Скопје, а во гаснењето се вклучени и две возила од „Комунална хигиена“.Станува збор за уште еден во серија пожари на оваа проблематична локација, која со години претставува еколошка и безбедносна закана за жителите од околните населби.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

(ВИДЕО) „Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

Кос без дипломатски ракавици: Уставните измени се единствениот начин!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа испрати јасна порака од Европскиот парламент: за Северна Македонија да продолжи по патот кон ЕУ, мора да ги усвои уставните амандмани.Во обраќањето за време на дебатата за Извештајот за напредокот на земјава што го подготви европратеникот Томас Вајц, Кос нагласи дека пристапувањето кон Европската Унија е главен двигател на клучните реформи и дека Скопје има историска можност да направи исчекор.„Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно, постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, изјави Кос.Таа истакна дека со усвојувањето на Извештајот, Унијата испраќа јасен сигнал на поддршка за европската перспектива на земјава, но и укажува на конкретните чекори што мора да се преземат за напредок во преговорите.„За време на моите разговори со лидерите на Северна Македонија во Скопје, минатата недела, ја истакнав нашата посветеност како ЕУ да ја поттикнеме земјата да продолжи напред во процесот на пристапување. Исто така, во неколку наврати, потсетив на потребните чекори што треба да се преземат за да се отворат пристапните преговорите за кластерот ‘Основани вредности’. Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани“, рече Кос.Таа наведе дека земјава веќе има испратено ажурирани патокази до Европската комисија за владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и дека активно работи на Планот за раст на Западен Балкан.„Овие напорите не треба да запрат тука, бидејќи спроведувањето на реформите е од суштинско значење“, истакна еврокомесарката.Според неа, извештајот за Северна Македонија претставува избалансирана проценка на состојбата во земјата, со јасни препораки за приоритетите: владеење на правото, основните човекови права, независно судство, борба против корупцијата и ефикасна администрација.„Извештајот за Северна Македонија дава сеопфатна и избалансирана проценка на ситуацијата во земјата, вклучително и во клучните области, како што е владеењето на правото. Северна Македонија треба да ги засили реформите, особено во областа на прашањата за основните права и треба дополнително да го зајакне владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и да ја реформира јавната администрација“, рече Кос.На крајот, таа упати благодарност до Европскиот парламент за поддршката на демократските процеси во земјава.„Изразувам благодарност до Европскиот парламент за неговиот постојан ангажман во зајакнувањето на демократските процеси во земјава и неговата клучна улога во охрабрувањето на сите политички сили конструктивно да работат заедно на унапредување на нејзиниот пристапен пат“, заклучи Кос.

Македонија | пред 7 месеци

Irena-Joveva

„Ви треба чесност, интегритет и храброст за да го признаете македонскиот народ“, словенечката европратеничка Ирена Јовева на македонски јазик им порача на бугарските колеги

Во Европскиот парламент денеска се гласа за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. Расправата за документот започна уште вчера, а дебатата доби силна димензија поради амандманите поврзани со македонскиот јазик и идентитет.Словенечката европратеничка Ирена Јовева, членка на партијата „Движење за слобода“ и дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, се обрати на македонски јазик директно до бугарските европратеници.„За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет, храброст – знам“, порача Јовева, која е од македонско потекло.Таа претходно јавно соопшти дека нема да поддржи никакви измени кои би воделе кон бришење или негирање на македонскиот јазик и идентитет во европскиот извештај.Првичната верзија на извештајот ги содржеше референците на македонскиот народ и јазик, но подоцна беа предложени амандмани за тие да се формулираат како „модерни“, односно „сегашни“, а на крајот и целосно да се изостават.Обраќањето на Јовева предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што нејзиниот говор беше споделен од повеќе јавни личности и поранешни политичари, меѓу кои и Љупчо Димовски.

Македонија | пред 7 месеци

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров до Бугарија: Како не ве срам – македонскиот народ не е ваш “зап’рт’к”!

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, остро реагираше на изјавата на поранешниот бугарски амбасадор и европратеник Александар Јорданов, кој во интервју за „Дојче Веле“ го нарече македонскиот идентитет „политички зап’рт’к“ – термин што во бугарскиот јазик означува нешто неразвиено и неуспешно уште во зародиш.Димитров ваквата изјава ја оцени како „ужасен говор на омраза“, инспириран од „антиевопска амбиција да се негира постоењето и посебноста на еден европски народ“.„Да си даде човек, а уште пострашно, една политика – право да зборува за други луѓе, во друга држава, кои се и какви се, од кога се – е антиевропски, антицивилизациски, непристојно и бедно“, напиша Димитров на својот Фејсбук профил.Тој нагласи дека доколку самиот бил дипломат или министер, без двоумење би поднел оставка при првиот обид за спроведување ваков вид политика кон друг народ.„Колку се државите големи, не во територија туку во вредности и цивилизациски габарит, најдобро се гледа по тоа како си ги третираат соседите. Прашањето е: дали Бугарија расте со својот однос кон македонскиот народ или станува сѐ помала?“, прашува Димитров.Тој посочи дека идентитетските прашања се лична и колективна работа на самите народи и дека обидите за надворешно дефинирање на етничкиот идентитет се не само опасни, туку и поразителни за добрососедските односи.Како поткрепа, Димитров се повика и на ставот на група бугарски интелектуалци кои уште во 2020 година потпишаа петиција во која се наведува:„Не сметаме дека процесот на формирање на македонската нација значително се разликува од начинот на формирање на другите нации.“Во завршницата на објавата, Димитров апелираше до бугарската јавност и политичари да покажат разбирање, емпатија и почит.„Аман, ставете се во нашите чевли. Замислете ваш поголем сосед да го нарече бугарскиот идентитет ‘политички зап’рт’к’. Со дикат и усул, комшии. Во името на историјата – и на иднината“, порача тој.

Македонија | пред 7 месеци

vozila

Ангелов: Задоволен сум од специјалните возила – се тестираат во реални услови

Во гаснењето на пожарот во Скопско, кој траеше во текот на вчерашниот и денешниот ден, се вклучија и две специјални противпожарни возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС): еден „Хермелин“ со цистерна од 6 тона и еден „Пинцгауер“ со капацитет од 1,5 тон вода.Како што објасни директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, употребата на БТР-80 била исклучена поради специфичната конфигурација на теренот:„Бидејќи се оперираше низ населени места со стрмни и тесни улици и остри кривини, сметав дека не е безбедно да се користи БТР-80. Наместо тоа, подготвивме две возила за можен транспорт до фабриката ‘Самоков’, кои со своите резервоари од 6 тона и моќни пумпи со дострел до 100 метри, можат значително да помогнат при одбрана на објектот“, изјави Ангелов.Сепак, поради тоа што пожарот бил ставен под контрола пред да се приближи до фабриката, овие возила не биле испратени таму.Директорот нагласи дека сите возила се уредно тестирани, имаат технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС. Воедно, посочи дека актуелното вклучување на специјалните возила е дел од поширок план за нивно тестирање во реални услови:„Како одговорен за овие возила, дадов наредба да се тестираат на терен – не само пумпите и капацитетот, туку и целата посада. Овие неколку дена ги третираме како тест фаза. Откако ќе се увериме дека се доволно ефикасни и безбедни, нивниот број ќе се зголемува согласно потребите“, додаде тој.Ангелов посочи дека од досегашната употреба е презадоволен од перформансите на специјалните возила.

Македонија | пред 7 месеци

ivan-kukunovski

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје.Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар. Пожарот избувна во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево. Се задушил од чад по 24-часовна борба со огнот.Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места. Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-08-184234

Support Kocani обезбеди и втора пратка компресивна облека за повредените: Делата зборуваат многу погласно од зборови

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани. Фактурата за оваа пратка, во износ од 283.802 денари, е целосно исплатена од страна на Support Kocani.Ова е втора по ред испорака на компресивна облека што ја обезбедува иницијативата. Претходно, Support Kocani целосно ја покри и првата пратка во вредност од 923.458 денари, со што вкупниот износ за двете набавки изнесува 1.207.260 денари, односно 23.560,37 евра – средства обезбедени исклучиво преку донации од хумани граѓани, фирми и поддржувачи од земјата и дијаспората.Голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош за што поголем број повредени лица.„Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме – продолжуваме посветено и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во хуманоста”, порачаа од Support Kocani. 

Македонија | пред 7 месеци

sl

Разорна порака од мајката на диџејот Стефан Тасески: „Сине мој, ве убија – славете го Петровден таму горе“

Мита Тасева, мајката на трагично загинатиот диџеј Стефан Тасески, кој ја загуби својата младост во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, напиша потресна објава во пресрет на празникот Петровден. Во својата порака, таа сподели болка, гнев и неизмерна љубов кон својот син:„Сине мој, додека градот се подготвува за Петровден – без вас, знам дека ако бевте тука, ќе бевте дел од таа прослава. Но ве убија, сине, не ви дозволија да го живеете животот. Затоа, сине мој, биди секогаш добар пријател и таму горе, како што беше и овде. Пуштај им музика на ангелите, славете го празникот таму – вие тоа најдобро го знаете. Сине мој, незаборавен… биди секогаш насмеан. Цеца.“Нејзините зборови се одек на болката што ја носат семејствата на сите 62 жртви, млади животи што згаснаа во една од најголемите трагедии во поновата историја на Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

28112024_Miteva

Митева: Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена

“Сакам да ве информирам дека на денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена”, вели Марија Митева, портпаролка на Влада и додава:Оваа одлука е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи поради сложената состојба на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните.Што значи ова на терен? Се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – армијата, полицијата, противпожарните единици, ЦУК, ДЗС, како и на другите ангажирани структури. Ќе се овозможи брза мобилизација, вклучување на сите човечки, технички и логистички, за справување со ситуацијата и заштита на населението.Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со приоритет на безбедноста на населението.Државата ќе биде таму каде што е најпотребно.Им изразуваме длабока благодарност на сите пожарникари, припадници на Армијата, полицијата, волонтерите и граѓаните кои веќе денови пожртвувано се борат со огнената стихија. Нивната храброст и посветеност заслужуваат највисоко почитување.Ги повикуваме граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани, со цел заеднички да ја надминеме оваа состојба.Владата останува целосно ангажирана и ќе продолжи преку дневна координација да ги следи состојбите на терен и да реагира соодветно.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6897

МВР со црн билтен: Малолетничка од Гостивар е жртва на обљуба, измамена старица и нови случаи со дрога

Маж од село Чегране, гостиварско, е приведен поради сомнение дека полово вознемирувал 12-годишно девојче во подрумска просторија на зграда во Гостивар. Случајот го пријавил таткото на девојчето, кој навел дека осомничениот ја допирал неговата ќерка и ѝ ветил пари за да не каже никому. По интервенција на полицијата, 72-годишниот А.Д. е задржан во станица, а известени се и јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар.Во билтенот на МВР се евидентирани и повеќе случаи поврзани со дрога. СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од Куманово, кај кого на 1 март е пронајдена марихуана. Во Струмица, Т.П. (34) од село Миравци се соочува со пријава, откако при претрес во просторија во Затворот Гевгелија биле пронајдени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон. Во Скопје, на 7 јули, се приведени четири лица на различни локации поради поседување на марихуана – Д.А. (18), Е.А. (28), М.К. (34) и Џ.С. (21).На Табановце, на 29 мај, полициски службеници утврдиле дека М.Ј. (47) од село Житоше, прилепско, приложил фалсификувана лична карта при обид да влезе во државата. Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“.МВР регистрираше и неколку сериозни сообраќајни инциденти. Во Скопје, на крстосницата меѓу улицата „Ацо Шопов“ и булеварот „Партизански одреди“, велосипедист на 61-годишна возраст се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило „мерцедес“, управувано од 62-годишен скопјанец. Повредениот е хоспитализиран во ГОБ „8-ми Септември“. Во населба Драчево, жител на Скопје (45) добил струен удар на железничка пруга и бил пренесен во Клиничкиот центар. Повреди добил и пожарникар (48) од Средно Коњари, кој паднал од четирицикл додека се префрлувал меѓу две локации на пожар во Бразда. И тој е пренесен во „Мајка Тереза“.Во Горно Оризари, велешко, малолетник со нерегистриран мотоцикл не застанал на знак од полицијата, удрил во еден од службениците, а потоа и во полициско возило, по што избегал. По интервенција на полицијата, малолетникот е пронајден и со него е извршен службен разговор во присуство на родител и социјален работник.На подрачјето на скопското село Голиево настанал пожар во кој биле опожарени три куќи, гаража, помошна просторија, ниви со жито, садници и други предмети. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната бригада на Скопје.Од аеродромот „Скопје“, на влез во државата, приведени се две лица. А.С. (35) од Скопје е лишен од слобода поради постоење мерка „апси“. А.Д. (29) е приведена поради агресивно однесување кон полициски службеник и поседување остар предмет.Во Скопје е пронајден 13-годишниот Н.С., кој два дена претходно бил пријавен за исчезнат од неговиот згрижувач.Жителка на Скопје (84) пријавила дека била измамена за 261.000 денари. Како што навела, непознато лице ѝ се јавило и ѝ се претставило како полициски службеник, тврдејќи дека нејзината ќерка прегазила дете и дека за да не оди во затвор, мора да плати. Жената ги оставила парите на договорено место, но подоцна сфатила дека била измамена.Физички напади се пријавени во неколку скопски општини. Во Ѓорче Петров, 27-годишна жена пријавила дека била нападната од едно лице. Во приватна здравствена установа во истата општина, 44-годишен скопјанец бил нападнат од две лица (70 и 33 години), при што му била нанесена повреда со остар предмет. Во Аеродром, по недоразбирање во сообраќајот, избила тепачка меѓу три лица од Струга и Студеничани.Сите случаи се документираат и против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полициските службеници

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби.Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителот и другарите, но не ги погодил. Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во с. Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во с. Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П.. Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда. Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола и по насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 месеци

vikendici

Градоначалникот на Чучер Сандево: Едно лице побара лекарска помош поради вдишување на чад, а изгореа и неколку викендички

Пожарот што веќе трет ден беснее на подрачјето на општина Чучер Сандево предизвика сериозна материјална штета и опасни услови за жителите. Градоначалникот Сашко Комненовиќ посочува дека досега се опожарени седум викенд-куќи на местото викано Голиово, а едно лице побарало лекарска помош поради вдишување чад.Контра изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој за медиумите тврдеше дека нема опожарени објекти и дека манастирот Свети Никита не бил во опасност, Комненовиќ дава сосема различни информации.„Директорот не знае што зборува. Јас сум тука трет ден, дома не сум појден, имаме седум опожарени викенд-куќи и на место викано Голиово. Манастирот Свети Никита во моментов не е во опасност. Имаме противпожарно возило кај него, имаме луѓе од граѓаните кои живеат во непосредна близина, но во текот на вчерашниот ден беше во опасна состојба, беше многу блиску пожарот до самиот манастир. Пред два часа имавме пожар во Кучевиште, го локализираме и се сомневаме дека е подметнат. За воените возила гледав и слушав од медиумите, искрено незнам како функционираат, видов неколку тука“, вели Комненовиќ.Според него, иако на терен има пожарникари, непристапниот терен ја отежнува интервенцијата.„Доброволци има на терен многу, сè што е здраво, живо и подвижно гаси. Пожарот во моментов е активен, го држиме под контрола, но како ќе се зголемуваат температурите можно е да се зголеми интензитетот на пожарот“, додаде градоначалникот.Општина Чучер Сандево веќе тридена се соочува со пожари на повеќе локации, додека жителите, пожарникарите и волонтерите вложуваат напори да спречат ширење на огнот, особено во услови на високи температури и тешко пристапни терени.

Скопје | пред 7 месеци

EP

Мицкоски има најави од европратеници дека нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека дел од европратениците најавиле оти нема да го поддржат амандманот со кој се бара бришење на споменувањето на македонскиот идентитет и јазик во нацрт-извештајот на Европскиот парламент.Според него, ова е првпат од осамостојувањето на Македонија нејзиниот идентитет и јазик да бидат вклучени во ваков документ, а обидите тоа да се избрише ги спореди со „талибански начин на делување“.„Таму има голем број на пратеници дел од Европскиот парламент. Се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за амандманот кој има за цел на талибански начин, на извештајот кој е на маса, за првпат од осамостојувањето на Македонија, да опфати македонски идентитет и македонски јазик. Нема да гласаат за да се тргне тоа.А никогаш досега македонски идентитет и македонски јазик не се појавиле во извештајот. Известувачите во сенка не верувам исто дека ќе го поддржат тој амандман“, рече Мицкоски.Тој рече дека ова е последица на авантурата од 2022 година на Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ.

Македонија | пред 7 месеци

stojance-angelov1

(Видео) Некој намерно потпалува кај Блаце оти се најдени палети полиени со бензин, во Чучер Сандево не се изгорени куќи, ниту има опасност, вели Ангелов

Во Чучер Сандево не се изгорени куќи, црковни објекти не се во опаност, Ова го вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека на патот кон Блаце, се најдени палети, односно дека некој се обидел да го реактивира пожарот.„Не е точна веста дека вчера некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот, исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, апсолутно во текот на вчерашниот ден не дозволивме да изгори ниту една куќа“, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Тој рече дека за пожарот на патот кон Блаце, има уште повеќе индиции дека е подметнат.„Пожарникарите најдоа дрвени палети, претходно намачкани со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно се обидуваше да го реактивира пожарот кој е под контрола“, рече Ангелов.

Скопје | пред 7 месеци

sneg-Slovenija

Прв јулски снег во Словенија, во 10 часот биле измерени 0 степени на Кредарица и Канин

По минувањето на студен фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат снежна покривка во јули. Линијата за снег се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти Словенечката агенција за животна средина (ARSO).Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C.

Актуелно | пред 7 месеци

SLIKA-1-DP

Кога хуманоста допира до срцето: Mozzart донираше ехо апарат и овозможи бесплатни прегледи за новороденчињата во Прилеп

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.(ПР)

Магазин | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсен тетовец поради уцена на малолетничка – ѝ барал пари за да не објави експлицитни фотографии

На 7 јули 2025 година, околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело уцена врз малолетничка од тетовско село.Случајот бил пријавен од мајката на оштетената, која навела дека осомничениот, со кого нејзината ќерка била во љубовна врска изминатите три години, барал пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Во текот на 2025 година, тој неколкупати се заканувал и изнудувал пари од малолетничката, а во два наврати ѝ биле дадени вкупно 800 евра.И покрај тоа, уцените продолжиле, по што случајот бил пријавен во полиција. Р.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од Кривичниот законик – Уцена.

Македонија | пред 7 месеци

Sokol

Поднесено обвинение против ексдиректорот на затворот во Шутка и затворски полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе обвинителен предлог против осуммина вработени во КПУ Затвор Скопје, информираа од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Меѓу обвинетите се директорот на установата и седум полициски службеници, кои се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, а дел од нив и за несовесно работење во службата.Според Обвинителството, во периодот од март до јули 2024 година, тие со умисла овозможиле незаконски погодности на петмина осуденици, дозволувајќи им да се спроведуваат до своите домови и други приватни локации, спротивно на прописите за изведување на лица лишени од слобода надвор од установа.Постапката беше отворена во февруари годинава против вкупно десетмина, но за две лица е донесено решение за отфрлање поради недостаток на докази.

Македонија | пред 7 месеци

lami

Ламите во ЗОО Скопје починале од туберкулоза

Парична казна за Зоолошката градина во Скопје поради непријавена зараза кај животниПо објавите во медиумите за угинати лами во скопската Зоолошка градина, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола, при што утврди низа пропусти од страна на установата.Зоолошката градина е санкционирана со парична казна во вкупен износ од 650 евра – од кои 500 евра се наменети за правното лице, а 150 евра за одговорното лице во рамки на институцијата. Причина за казната е тоа што не бил пријавен сомнеж за појава на заразна болест кај животните, иако за тоа постои законска обврска.Како дополнителна мерка, од Зоолошката е побарано да ги дислоцира двете преостанати лами, кои биле затекнати при контролата, на локација без контакт со луѓе и со обезбедени услови за нивна благосостојба.„Дополнително, наредено и е да изврши дислоцирање и ставање во изолација на две лами кои биле затекнати на одгледувалиштето при надзорот и тоа на место во кое животните ќе немаат контакт со луѓе и ќе биде запазена нивната благосостојба. За две од угинатите животни лабораториски потврдено е дека угинале од заразна болест туберкулоза (зооноза) која може да се пренесе и е опасна и за луѓето. За третото угинато животно по извршениот патолошки преглед се чека и лабораториска потврда на истата болест“ – информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Скопје | пред 7 месеци

centar-1-1

Герасимовски: Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

По барањето и апелот за помош на жителите на Чучер-Сандево, која се бори со огнената стихија, Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ , активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите. Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи. „Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и да не преземаат ризични активности во опожарените  подрачја",  порача Герасимовски. Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево бара од Владата прогласување на вонредна состојба и меѓународна помош. Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Скопје | пред 7 месеци

split-traekt

Потона туристички брод во Сплит, по удар на ферибот во два брода „Капетанот спречи голема несреќа“

Бурата што го опустоши Сплит предизвикува проблеми од час во час. Ферибот се судри со два други брода во сплитското пристаниште. Еден од нив потона.Фериботот „Петар Хекторовиќ“ удрил во катамаран и голем излетнички брод. Екскурзискиот брод потона.„Во сплитското пристаниште, јажињата што го врзуваа фериботот Петар Хекторовиќ за брегот се скинаа, поради што тој удри во два брода - голем катамаран и туристички екскурзиски брод, кој потона. Брзата интервенција на капетанот спречи поголема несреќа“, соопшти Капетанот.Официјални информации за повредени сè уште не се објавени, а материјалната штета е значителна.Сплит и околината беа погодени од голема бура околу 9 часот наутро, со обилни дождови, град и силни ветрови кои соборуваа дрвја, а беше и прекината и електричната енергија. Големи поплави се случуваат и на многу патишта.Бурата почнала со силен ветер што разнесе сè, и силен град и дожд. Жителите на Сплит масовно повикуваат на помош.фото: Читател на Јутарњи.хр

Актуелно | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-08-at-10.41.15

(Видео) Два полициски хеликоптери гасат пожар кај Чучер Сандево – исфрлени над 70 тони вода

Од раните утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи (МВР) се активно вклучени во гаснењето на пожарот во близина на Чучер-Сандево.Според информациите од МВР, се работи за хеликоптерите Бел 412 и Агуста Бел 212, кои досега имаат исфрлено над 70 тони вода врз зафатената површина.Интервенцијата продолжува со зголемен интензитет, а надлежните апелираат за претпазливост и воздржаност од активности кои можат да предизвикаат пожари.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања