Скопје1.мк

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

ИЈЗ со вонредни препораки поради чадот од пожарите – граѓаните да ги исклучат климите и да не излегуваат

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде вонредни препораки до населението поради зголеменото загадување на воздухот предизвикано од активните пожари ширум државата. Граѓаните кои се наоѓаат во подрачја погодени од чад и дим се повикуваат веднаш да ги исклучат климатизерите и вентилационите системи што внесуваат воздух однадвор.Препораките доаѓаат откако, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 10 сè уште се активни. Најмногу чад се чувствува во неколку скопски општини, каде ситуацијата дополнително се влошува поради силен ветер што ја шири прашината и отпадот.ИЈЗ апелира граѓаните да ги држат прозорците и вратите затворени, да останат во затворени простории со минимален контакт со надворешниот воздух, и да ги следат следните препораки:• Да се запечатат сите процепи околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента;• Да се користи заштитна маска од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски;• Во недостаток на маска, носот и устата да се прекријат со влажна крпа (привремена заштита);• Најзагрозените категории – деца, постари лица, бремени жени и лица со хронични болести – да не излегуваат од затворени простории;• При симптоми како што се отежнато дишење, кашлица или вртоглавица, веднаш да се побара медицинска помош;• Да се подготви торба за евакуација со основни документи, лекови, вода, храна и заштитна опрема.Институтот предупредува дека изложеноста на чад и токсични честички може да има сериозни последици врз здравјето, особено кај ранливите категории. Надлежните институции апелираат на будност и строго придржување до препораките.

Македонија | пред 7 месеци

nikolovski

Николовски: Новиот тим на Царинската управа е максимално посветен на испорачување резултати и спроведување проекти

На денешната трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“, се обрати Бобан Николовски, директор на Царинска управа кој дискутираше за проблемите наследени од претходната влада како и за драстичната промена на подобро со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.„Така Царинската управа на Република Македонија требала во буџетот да внесе средства, меѓутоа средствата ги немало. Што начекавме, незадоволувачки број на контроли, апсолутно немање на ангажман, една девастирачка Царинска управа којашто немала ни волја да ја извршува својата основна функција, откривачки дејства сведени на минимум, царински испостави кои со месеци не беа забележале ниту една заплена, значи дека царинската управа имала клуч. Клучни проекти за царинска управа и држава не биле започнати а оние коишто беа започнати биле без напредок и со делумно изминати рокови за испорака“, објасни Николовски.Николовски истакна дека Царинската управа сега има нов менаџмент со нов тим која е максимално посветена на испорачување на резултати и спроведување на проекти.„Не можам никако да ви објаснам колку тоа енергија вложивме во Царинската управа како нов менаџмент со нов тим, а со тоа да не ја поругаме Македонија во европски рамки, за да завршиме некои проекти што некој на време не ги сработел. Сето ова се одразувало и на наплатата на приходи, приходите незадоволувачки затоа и така ни се движеше државата во тој правец, негативен се разбира. После точно една година од назначувањето на новиот менаџерски тим, имаме нова стратегија за развој, нова мисија и нова визија. Изградивме тим кој испорачува заеднички тимски резултати, соодветни луѓе позициониравме на соодветни места. Спроведуваме мерки за градење на интегритет, подобрување на професионализмот во самата Царинска управа, казнуваме по заслуга но и наградуваме по заслуга. Новиот тим има максимална посветеност на испорачување на резултати, почитување на рокови и спроведување на проекти“, дециден е Николовски.

Македонија | пред 7 месеци

nesrekja

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид – едно лице загинато

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник.Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна екипа и Брза помош.Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 7 месеци

Kaja-Intervju

Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик, што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на јазикот нема што да се дискутира.„Ние знаеме кој народ сме, ние знаеме на каков каков јазик зборуваме, Европа го призна тоа Обединетите нации го признаа“, рече Шукова, додавајќи дека секогаш имало и ќе има такви коишто ќе се обидуваат да разгоруваат национални прашања и во Македонија и пошироко на Балканот.Шукова нагласи дека треба да се фокусираме на она што е битно за државата, а битно за државата се реформите.„Ние цела година веќе не гледаме прогрес во реформите, согласно реформската агенда, согласно планот за раст, имаме стагнирање“ , рече Шукова.

Македонија | пред 7 месеци

armija

Армијата вклучена во гаснење на пожарите низ државата – над 150 војници на терен

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснењето на активните пожари ширум државата, согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и прогласената кризна состојба од Владата, информираат од Министерството за одбрана.На барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен се ангажирани над 150 припадници на Армијата во неколку критични региони:• Ѓорче Петров – над 60 војници• Крива Паланка – околу 30 војници• Село Николиќ, Дојран – над 50 војнициДополнително, во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е тим од Четата за атомско, биолошко и хемиско извидување, со цел да го утврди квалитетот на воздухот поради горење на отпад.Од Армијата порачаа дека остануваат во состојба на целосна подготвеност и ќе продолжат со поддршка и интервенции каде што е потребно, во координација со надлежните институции.

Македонија | пред 7 месеци

pozar-4

Министерството за здравство: Системот е мобилизиран, подготвени сме за последици од пожарите

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-20.04.14

(Видео) Тошковски: Можно е сценарио на намерно палење – приведени лица за пожарот во Визбегово, активиран ЕУ механизмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постои основано сомнение оти дел од пожарите што ја зафатија државата не се случајни, туку намерно предизвикани. Во Чучер Сандево вчера биле најдени запалени гуми.„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од она сценарио на случајност. Институциите работат на терен. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира втор стартува трет пожар. Од страна на МВР, сум информиран дека се сомневаат дека станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, изјави Тошковски.Тој потврди дека за големиот пожар кој избувна на приватен отпад во Визбегово, се преземени конкретни дејства: „Сопствениците се приведени и по насока на јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, рече министерот.Според најновите информации, под контрола се ставени пожарите во: Орман и Волково (Скопски регион), Визбегово, Самоков (Македонски Брод), Дојран

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-19.52.03-1

48 часа во оган: Тони Пигуловиќ не го брои времето, туку спасеното - знаете ли колку вакви херои имаме?

Тони Пигуловиќ, пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, веќе 48 часа е на првата линија од фронтот – таму каде што пламенот е најжесток, а времето – најскапоцено. Без одмор, со трошка вода и уште помалку сон, тој и неговите колеги се борат да спасат што може да се спаси: шума, куќи, објекти, животи.Скопските пожарникари се распоредени на неколку критични точки околу градот, каде што пожарите беснеат низ шумска вегетација, нискостеблести површини, депонии и индустриски зони. Теренот е тежок, огнот – непредвидлив, а ветровите – непријател што не мирува.Според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18:00 часот на 9 јули 2025 година, во државата се евидентирани 25 пожари на отворен простор, од кои 21 сè уште се активни. Во скопскиот регион има шест жаришта кои постојано се следат, гаснат и повторно се разгоруваат.Но таму, секој ден, секој час – стои Тони. Не прашува колку е ризично, не се жали. Само прашува: „Каде е најпотребно?“Тони Пигуловиќ денес е лице на храброста. Но зад него се десетици други – пожарникари, волонтери, припадници на службите – кои, иако уморни, не се откажуваат. Зашто кога гори татковината, не се брои ниту времето, ниту жртвата.

Коментари | пред 7 месеци

nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница.„Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

(Видео) Вознемирувачка снимка: Монструозно малтретирање дете – врзано со јаже околу врат и раце, случајот е наводно во струмичко

Дете врзано за врат и раце со јаже, обесено на цевка, снимано и малтретирано оти украло пари од маалски дуќан – ваква снимка е објавена на социјалните мрежи која предизвика голема вознемиреност кај граѓаните. Засега нема детали за случајот, а објавувачот посочува дека истата е направена во струмичко Ново село.На почетокот, лицето кое го врзало детето, го прашува „Зошто си така врзан?“, тоа вика „Земав пари“, тој вика „Зема или украде?“, а тоа одговара „Зема“.Потоа, го прашува детето што им направил на парите, а тоа одговара „земав да јадам“. На потпрашање „каде се другите пари“, тоа одговори...Детето вели дека секојпат крадело, па вели дека нема да краде.„Нема да крадам, пушти ме“, вели детето, а тој одговара „нема пуштање, кажах ти“.Се слуша како детето вика и плаче, додека човекот го снима и испрашува.„Можеш ли малку да ме олабавеш?“, прашува детето, а тој вели „Не“.„Скопје1“ го испрати видеото до полицијата, оттаму чекаме детали. Од објавувачот на видеото, побаравме детали каде било првично споделено и од кое лице, како и кога е снимено.

Македонија | пред 7 месеци

collage

(Фото) Голем пожар во скопско Орман, една куќа изгоре до темел, мештаните под стрес и со страв

Во скопското село Орман, избил пожар кој брзо се проширил. Првиот пламен започнал во близина на бандерите, при силен ветер. Мештаните се сомневаат дека имало искри, кои го предизвикале брзо да пламне.Во близина има пруга, а за брзо, започнало да гори од двете страни. Мештаните се под стрес и страв дека пожарите можат да ги зафатат и нивните куќи, бидејќи се во непосредна близина. Дел од нив, прскаат со црева околу дворовите, за да спречат евентуално ширење на огнот.Сепак, една куќа, изгоре до темел. Невозможно било да се спаси. За брзо, пожарот од Орман, долж патот се проширил и кон Волково.Во гаснењето учествува локалното население, ДЗС, Противпожарните бригади. Се гасне со лопати, гранки, цистерни, а мештаните се обидуваат да го спречат проширувањето на пожарот и со трактори, правејќи раскопи за да пламенот не се шрии.Во Кучково биле изгаснати три пожари, сведочи граѓанин за „Скопје1“. Тој посочува дека реагирало само локалното население, без интервенција на Противпожарна бригада. Посочува дека додека бил на лице место, не видел ниту дека дошла полиција. Од фотографиите се гледа дека горела сува трева.

Скопје | пред 7 месеци

vizbegovo4

25 пожари на отворено – 21 сè уште активен: Најтешка состојба во Македонски Брод, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров

На територијата на државата, заклучно со 18:00 часот на 9 јули 2025 година, евидентирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се сè уште активни, а 4 се изгаснати, информираат надлежните служби.Најкритични се локациите во Општина Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и ниска вегетација на неколку различни точки, како и во Општина Чучер-Сандево, каде пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер зафаќа мешана шума и трева. Сериозна е и состојбата во Ѓорче Петров, каде гореа куќи во селата Орман и Волково, како и гробишта и Стопански двор.Пожар има и во депонијата во Шуто Оризари, во шумскиот предел кај Осогово (Кочани), како и во региони во Дојран, Радишани, Сарај, Крива Паланка, Тетово и Петровец.Според пријавите, неколку од пожарите се прошириле со голема брзина, особено поради комбинацијата од високи температури и ветер.Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на следните четири локации:с. Лубанци (Општина Бутел),с. Веселчани (Прилеп),Ново Село (Демир Хисар),дел од територијата на Старо Нагоричане.Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен, додека јавноста бара од институциите активирање на ЕУ механизмот за цивилна заштита и поголема мобилизација на ресурси за справување со кризата.

Македонија | пред 7 месеци

EP

Европарламентот го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот идентитет „исчезна“ од текстот

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија.Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни во нацрт-верзијата.Овој потег се оценува како резултат на компромисни преговори меѓу европратениците, а за некои претставува и отстапување од принципиелната поддршка на македонските национални обележја во европскиот контекст.Извештајот содржи препораки за натамошен напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата, но неговото „чистење“ од чувствителни термини отвора прашања за идниот тон на европскиот дискурс кон Македонија.

Свет | пред 7 месеци

vizbegooooo

Чадот почнал пред работното време, сомнежите се дека пожарот во Визбегово е подметнат, институциите ќе истражат кога ќе се изгасне

Пожарот кој избувна во Визбегово од рано утрово, и натаму се гасне. Дел од лицата кои работат во близина и го знаат просторот, зад камерите посочуваат дека се сомневаат дека пожарот е подметнат. Велат дека разговарале со вработени на плацот, кои им кажале дека уште во 08:30 утринава, пред да започнат со работа, имало црн чад, а потоа, сѐ се одвивало брзо.Неофицијалните информации, сѐ дека потпалувањето било од една точка, а бидејќи станува збор за отпад каде имало и акомулатори и боци - лесно се проширил. Се коментираше дека првата Противпожарна бригада успеала да стигне за дваесетина минути по пријавата. Гаснетењето може да потрае со денови, а важно е најпрво да се локализира.Прашани во Обвинителството, дали истражуваат што е причина за пожарот, велат: „Тоа се податоци што МВР или ЦУК може да ви ги дадат во овој момент, додека најголем дел од пожарите уште траат. Обвинителствата постапуваат во сите случаи каде има индиции дека пожарот бил предизвикан или поврзан со кривично дело“.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово.Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила.

Македонија | пред 7 месеци

1.3

Мицкоски: Нема да дозволам ново предавство и ќе ги бранам македонските национални интереси

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено.„Сакам да потенцирам и нашиот народ да биде на чисто, дека нема да дозволиме да се случи ново предавство! Нема да дозволиме да се отстапи од македонските национални интереси и тоа е завет кој ВМРО го има во својот код. Јас сум само моментален функционер и претседател на оваа партија, кој презел одговорност да служи на својот народ и да ги решава проблемите, да го подобри животот на неговите сограѓани. Работам ден и ноќ за да ја реализирам таа цел’’, истакна Мицкоски.Тој посочи дека со сојузништво на општествените и политичките чинители во државата, ќе се преземат иницијативи и активности за да докажеме дека Македонија е тука и покрај се.„Сакам да најавам и низа иницијативи и активности за кои ќе очекуваме сојузништво и заедништво со МАНУ, со партиите на етничките заедници во државава, со опозициската СДСМ, и другите кои сакаат да помогнат и да покажеме на светот дека сме тука и дека се уште стоиме! И покрај се! И после се! Ние сме тука! Стоиме силни, обединети заедно’’, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Kriva-palanka

Пронајдено починато лице во близина на пожар во Лозаново, Крива Паланка

Денеска (09.07.2025), во близина на активен пожар во селото Лозаново, општина Крива Паланка, полициски службеници пронашле починато лице, информираат од МВР.Увидот се врши на лице место во присуство на јавен обвинител, а повеќе детали засега не се соопштуваат. Се истражуваат околностите поврзани со смртта и пожарот.

Македонија | пред 7 месеци

fasada

Штетa во Скопје од силниот ветер - падна дел од фасада во Козле

Поради силниот ветер, кој веќе неколку часа дува во Скопје, падна дел од фасада на зграда во Козле на улицата Јуриј Гагарин бро 33.

Скопје | пред 7 месеци

bojko1

Бојко Борисов подава рака на Македонија, Бугарија задоволна од усвоениот Извештај

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот.,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.Реагираше и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.,Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат.Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија да продолжиме напред заедно, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер”, изјави Борисов.

Македонија | пред 7 месеци

Kriva-palanka

Пожарот кај Крива Паланка се приближува до куќите – градоначалникот бара помош од државата

Во близина на населеното место Лозаново, во општина Крива Паланка, беснее голем шумски пожар кој се приближува до куќите и претставува закана за локалното население.Градоначалникот Сашко Митовски повика на смиреност и внимателност кај граѓаните, но истовремено упати апел за поддршка од надлежните институции и соседните општини.„Градот се наоѓа под досега најголема огнена стихија. Алармирам и апелирам за помош од соседните општини, за државна помош, вклучување на механизација, бидејќи во опасност е самото населено место Лозаново и домовите на граѓаните“, изјави Митовски.Локалните служби се обидуваат да го локализираат пожарот, но условите на терен се отежнати. Се очекува одговор од државните институции за понатамошна интервенција.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski1

Мицкоски по усвојувањето на извештајот во ЕП: Ова е нашиот Крушевски манифест – нема да дозволиме ново предавство

По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.„Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. Неправдата е составен дел од нашето секојдневие, но нека го чуе секој: денешниот ден не е ништо ново за нас“, порача Мицкоски.Тој оцени дека со гласањето во Европарламентот вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ниту една друга држава-кандидат.„Тоа се политичари од врвен калибар, кои совршено знаат што е суштината на овие барања. Сега сè им е сервирано на тацна. Не сакам никој повеќе да ми зборува дека бугарското малцинство е проблем – уште утре можеме да го внесеме во Уставот. Но суштината е поинаква. Проблемот не е во тоа, туку во триесетгодишната стратегија која ја водат низ европските ходници против македонската нација“, рече тој.Премиерот додаде дека државата, од независноста до денес, направила бројни отстапки и помирувања, но дека вистинскиот проблем е што нејзините лидери со децении не воделе сметка за националниот интерес.„Оваа борба е и ќе биде тешка. Но ќе успееме. Малубројна земја сме со големо срце. Ги почитуваме соседите, дури и кога ќе ги фатиме живи како работат против нас. Но без взаемна почит, нема да постигнат ништо. Кога ќе почнат да не почитуваат – ќе ни бидат најголем пријател“, истакна тој.Најави дека нема да дозволи ново предавство ниту отстапување од македонските национални интереси, нагласувајќи дека неговата функција е минлива, но целта останува.„Јас сум само моментален функционер, но работам ден и ноќ за да ја реализирам целта – достоинствено членство во ЕУ. Тоа не е само цел, туку потреба за нашата држава“, рече Мицкоски.Во својата изјава тој посочи и дека моменталната блокада од Унгарија не е единствената причина за застојот во евроинтеграциите, туку дека проблемите датираат уште од 90-тите години, кога Македонија беше признаена како држава, но не и како нација.„Нашиот источен сосед има поинаква агенда. Работеа против нас повеќе од три децении. Водени се од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

helikopteri

Чадот и ветрот ја стопираа воздушната интервенција на полицискиот хеликоптерот во Визбегово

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад.„Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР.Во акцијата за гаснење на пожарот и натаму учествува еден авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен дејствуваат и противпожарните единици на Град Скопје, како и екипи со возила на „Комунална хигиена“.Од засега достапните информации, во пожарот е повредено едно лице, кое било пренесено на лекарска помош. Дополнително, приведен е сопственикот на отпадот каде што избувна огнената стихија, потврдија надлежните институции.Пожарот, кој избувна вчера, предизвика сериозна загриженост кај жителите поради серијата експлозии од плински боци во хаварисани возила и опасната близина до станбени куќи во реонот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 7 месеци

afroditi

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“ - изјава на грчка европратеничка пред гласањето на извештајот

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонскиот народ.Во нејзиниот говор, таа рече:„Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка.“Изјавата предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради фактот што дојде во момент – токму во пресрет на денешното гласање за Извештајот за Македонија, кој беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, но во финалната верзија од текстот беа отстранети референците на „македонскиот јазик и идентитет“.Овој развој на настаните дополнително ги отвори прашањата за рамнотежата меѓу политичкиот дијалог во Европскиот парламент и заштитата на националниот и културниот интегритет на земјите-кандидати, како што е Македонија.

Македонија | пред 7 месеци

vizbegooooo

Детонации од плински боци на депонијата, има повредено лице при интервенција на гаснењето на пожарот

Министерството за внатрешни работи информира дека едно лице е повредено за време на интервенцијата, односно геснењето на пожарот во Визбегово и е пренесено во болница.„Денеска во 09.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирани плински уреди и се слушаат детонации од истите. Досега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош“, информираа од МВР.Пожарот избувнал во кругот на отпад што е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“. Жителите од околните населби велат дека рано утрово забележале огромни облаци чад, а од местото каде што гори се слушале и силни експлозии.Според досегашните информации, детонациите потекнуваат од плинските уреди монтирани на хаварисани те возила кои се запалиле во рамки на депонијата. За среќа, пожарот сè уште не се проширил кон станбени објекти.Во гаснењето се вклучени екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, а по барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, беше ангажирана и воздушна поддршка. На терен дејствува авион Ер Трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.Властите апелираат на внимателност, бидејќи се уште постои ризик од ширење на огнот поради материјалот што гори и временските услови.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања